НОПО „Малесија“

Од Википедија — слободната енциклопедија

Народноослободителниот партизански одред „Малесија“ била партизанска единица на НОВ и ПОМ. Формирана од 76 новопристигнати борци од Малесија, Дримкол и други струшки села, кон средината на август и октормви 1943 година. Неговата цел била да го штити населението од балистичките сили и качачките банди, да врши агитација и мобилизација со митинзи по селата. Водел борби кај с. Селци (кон крајот на август), во Дебарска Малесија, Жупа, Дримкол, кај с. Нерези, учествувал во ослободувањето на Дебар, ја спровел Англиската воена мисија до ГШ на НОВ и ПОМ од с. Горна Белица до с. Црвена Вода. Нараснал на околу 120 борци (септември), прераснал во батаљон (октомври), а потоа влегол во составот на Групата батаљони (ноември).[1]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Д-р Миле Тодоровски, Партизанските одреди и НО војска на Македонија во ослободителната војна и револуцијата 1941-1944, Скопје, 1972
  • Панде Војданоски, Малесија пред три децении, „Нова Македонија“, бр. 9562, Скопје, 1973
  • Д-р Владо Ивановски, Ослободителната војна во Западна Македонија, 1941-1944, Скопје, 1973
  • Д-р Велимир Брезовски, Ослободителната војна во Македонија 1943, Скопје, 1975
  • Илија Каланоски, Теророт на окупаторот во Струга и Струшко во Ослободителната војна и револуцијата, „Историја“, бр. 1, Скопје, 1978

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Зборник НОР, VII, 2, док. 18, 37-38; Изјава на Блаже Карадакоски во СБ СУНР - Струга, АИНИ, Скопје.