Прв поречки партизански одред

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Првиот поречки партизански одред бил формиран на 12 мај 1944 година. Воен командант бил Никола Макеларски, а политички комесар Бранислав Шикиќ.[1] Во одредот влегле борци од поречките села, а потоа и од село Јаболци и од Скопје.[2]

Одредот имал за задача:

  • да создаде бази во поречките села и да прибира известувања за активностите и движењата на дражиќевците.
  • да ги објаснува на населението целите и успесите на НОБ
  • да создаде мрежа на НОО и други органи на НОД по селата
  • да се собира оружјето кое останало од Првата светска војна
  • да воспостави постојани врски со најблиските партизански единица

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. М-р Цуте Крајчевски: „Порече (1943-1945)“, Скопје, 2017, ДАРМ, стр. 36
  2. Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982