Англиска воена мисија при Главниот штаб на НОВ и ПОМ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Англиската воена мисија при Главниот штаб на НОВ и ПОМ (дејствувала во периодот од септември 1943 до 24 јуни 1945). Во септември 1943 г. британската Служба за специјални операции (СОЕ) испратила две воени мисии на територијата на Македонија што требало да се придружат на Главниот штаб на НОВ и ПОМ во Црвена Вода.

Членовите на двете мисии биле спуштени на територијата на Албанија. При крајот на септември двете мисии дошле на територијата на Македонија. На 5 октомври 1943 г. мисијата на Мостин Дејвис пристигнала во Главниот штаб на НОВ и ПОМ, каде што претходните денови пристигнала и мисијата на Џорџ Квајн.

До крајот на војната седум британски воени мисии биле испратени во поголемите единици на НОВ и ПОМ и директно следеле и го известувале својот штаб во Каиро за борбата на македонските партизани. Првите количества британско оружје пристигнале на 7 октомври 1943 г.

По Ослободувањето мисиите се префрлиле во Скопје, дел од нив биле евакуирани, а дел останале да известуваат за настаните во Македонија.

Британските мисии на територијата на Вардарскиот дел на Македонија се задржале до јуни 1945 г., кога бил отворен првиот Британски конзулат (24 јуни 1945). Прв британски конзул по Ослободувањето бил Леонард Артур Скоуп.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Д-р Тодор Чепреганов, Британската управа за специјални операции (СОЕ) во Македонија: Британските воени мисии во Македонија (1942–1945), Скопје, 2001;
  2. Велика Британија и Македонија. Документи 1942–1945. Избор, превод и редакција д-р Тодор Чепреганов, Скопје, 2000.