Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонските партизански бригади или Македонски народноослободителни бригади (скратено МНОБ ) го започнале својот процес на формирање со оформувањето на Првата македонско-косовска ударна бригада, на 11 ноември 1943 година.[ 1] Таа во средината на 1944 година била реорганизирана и поделена на де бригади, Прва македонска ударна бригада и Прва косовско-метохиска бригада.
Кон крајот на месец јули 1944 година, во Македонија делувале Прва , Втора , Трета и Четврта македонска ударна бригада , како и одредите: Азотскиот , Поречкиот , Тиквешкиот , Преспанскиот и Плачковичкиот партизански одред , сите под команда на ГШ на НОВ и ПОМ , со околу 3000 борци и старешини.[ 2]
По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, ФШ на НОВ и ПОМ започнаа со засилено формирање на нови бригади и дивизии. По завршувањето на војната во Македонија, под команда на ГШ на НОВ и ПОМ имало 45.000 борци и старешини. Со воената реорганизација во Македонија биле укинати сите корпуси освен Петнаесеттиот македонски корпус кој се сремал да замине на Сремскиот формнт, а извесен број на бригади биле расформирани или реорганизирани. До почетокот на 1945 година во рамките на Македонската војска во поедини периоди дејствувале вкупно 45 бригади, од кои 31 пешадиска и 14 специјализирани: една коњичка, седум артилериски, една автобригада, четири инженерски, една бригада на КНОЈ и една работничка бригада, како и одделенијата за собирање на историска граѓа, за пиротехника, за врски, за санитет, ветерина, езерски и други единици.[ 3]
Ова е список на Македонските народноослободителни бригади:
МНОБ (Македонска народноослободителна бригада)
датум на формирање
место на формирање
командант
политички комесар
Прва македонско-косовска ударна бригада
11 ноември 1943
Сливово
Петар Брајовиќ
Мита Миљковиќ
Прва македонска ударна бригада
8 јуни 1944
Локов
Вангел Чукаловски , Тихомир Шаревски
Никола Тодоровски - Канински , Ѓоре Велковски , Јаким Спировски
Прва егејска ударна бригада
18 ноември 1944
Драгош
Илија Димовски - Гоче
Михаил Пангов Керамитчиев , Динко Делевски
Прва косовско-метохиска ударна бригада
24 јуни 1944
Збажди
Петар Брајовиќ - Ѓуро , Зуфер Мусиќ
Митар Радусиновиќ
Втора македонска ударна бригада
20 декември 1943
Фуштани
Диме Туриманџовски
Наум Наумовски - Борче
Трета македонска ударна бригада
26 февруари 1944
Жегљане
Тихомир Милошевски , Јордан Цеков - Дане
Боро Чушкар
Четврта македонска ударна бригада
24 јули 1944
Лисец (Плачковица)
Борис Милевски , Никола Пеев - Груев
Кирил Михајловски - Груица
Четврта македонска албанска бригада
26 август 1944
Караорман
Нафи Сулејмани
Кемал Аголи
Петта македонска ударна бригада
2 август 1944
Зборско
Методија Попоски - Мајка
Ѓоре Велкоски
Шеста македонска ударна бригада
6 септември 1944
Славеј (планина)
Драгутин Ѓорѓевиќ - Алија
Киро Сотировски - Сатрогов
Седма македонска ударна бригада
22 август 1944
Зборско
Васко Карангелески
Драги Тозија
Осма македонска ударна бригада
2 септември 1944
Отиштино
Киро Чауле
Боро Мокров
Деветта македонска ударна бригада
22 август 1944
Шешково
Димитар Гулевски - Гулас
Ристо Стојановски - Железни
Десетта македонска ударна бригада
22 август 1944
Зборско
Живојин Росиќ , Димче Костовски
Бено Русо - Коки
Единаесетта македонска ударна бригада
27 август 1944
Пелинце
Јордан Цеков - Дане
Перо Ивановски - Тиквар,
Единаесетта кавадаречка македонска ударна бригада
3 октомври 1944
околина на Кавадарци
Дванаесетта македонска ударна бригада
12 септември 1944
Војница
Трајко Стојковски - Бузо
Методија Котевски
Тринаесетта македонска ударна бригада
17 септември 1944
Митрашинци
Тоше Поп Јорданов - Вардарски
Слободан Цветковски - Павле
Четиринаесетта македонска ударна бригада
17 септември 1944
Митрашинци
Боро Поцков
Боро Чаушев
Петнаесетта македонска ударна бригада
12 септември 1944
Челопеци
Ѓоко Сајковиќ
Петар Пепељуговски
Петнаесетта крушевска македонска ударна бригада
9 септември 1944
Гумења
Богоја Јоновски
Шеснаесетта македонска ударна бригада
6 октомври 1944
Кучевиште
Глигорије Шарановиќ
Стево Вукановиќ
Седумнаесетта македонска ударна бригада
октомври 1944
Жељувино
Станојко Спасевски
Ванчо Цветковски
Осумнаесетта кавадаречка македонска ударна бригада
18 септември 1944
Дабниште
Димитар Јанчевски - Бодри
Осумнаесетта македонска ударна бригада
октомври 1944
Алгуња
Деветнаесетта македонска ударна бригада
8 октомври 1944
Лаки
Благој Левков
Боро Симеонов
Дваесетта македонска ударна бригада
18 октомври 1944
Широк Дол
Н. Кушев , потполковник
Јордан Камберов
Дваесет и прва македонска ударна бригада
19 октомври 1944
Широк Дол
Боро Поцков
Јован Тодоровски
Охридско-струшка дополнителна ударна бригада
септември 1944
Велмеј
Стево Врбица
Кичевско-дебарска ударна бригада
6 октомври 1944
Народноослободителна бригада „Гоце Делчев“
октомври 1944
Софија
Пецо Трајков , полковник
Мире Анастасов
Бригада „Јане Сандански“
неоформена
Пиринска Македонија
Пецо Трајков
Дополнителна бригада при ГШ на НОВЈ за Македонија
јануари 1945
Дополнителна бригада на XV корпус
март 1945
село Војка , Белград
Прва македонска артилериска бригада
16 декември 1944
1944
Александар Минчев
Борис Петковски Симеонов
Артилериска бригада на четириесет и втората дивизија
18 февруари 1945
Скопско кале
Георги Сапунџиев
Бранко Богдански
Втора артилериска бригада на четириесет и осмата дивизија
18 февруари 1945
Скопје
Илија Попевски
Блаже Стефановски
Битолска артилериска бригада
15 ноември 1945
Александар Коневски
Блажо Стефановски
Скопска артилериска бригада
септември 1944
Присад
Киро Спасовски
Струмичка артилериска бригада „Гоце Делчев“
8 октомври 1944
[[]]
Андреја Русјаковски
Боро Камберски
Кумановска артилериска бригада
1944
Степанце
Прва македонска автобригада
ноември 1944
Скопје
Прва македонска коњичка бригада
29 декември 1944
Скопје
Владо Петковски , Димо Пецов
Михајло Софејски - Јошко
Бригада на Народната одбрана
11 септември 1944
Прилеп
Тодор Настевски - Бодо
Коле Млекарот
Инженерски бригади
април 1945
Скопје
↑ д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 67
↑ д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 68
↑ д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 69-70