Кичевско-мавровски народноослободителен партизански одред

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кичевско-мавровски партизански одред
Активна21 мај 1943 - 23 септември 1943
БиткиНОБ

Кичевско-мавровски народноослободителен партизански одред е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.

Одредот е оформен на 21 мај 1943 година, од 46 борци од Мавровско-гостиварскиот народноослободителен партизански одред „Кораб“, Кичевскиот народноослободителен партизански одред „Козјак“ и Крушевскиот народноослободителен партизански одред „Питу Гули“. Партизаните на одредот влегуваат во судири кај селото Сливово на 23 мај, Невестински гроб на 30 мај, Пресека на 14 јуни, Карбуница на 20 јуни, и други. Откако одредот брои 70 борци, во текот на јули 1943 година разделен е на Мавровско-гостиварски народноослободителен партизански одред (први кичевски народноослободителен одред) и Кичевски народноослободителен одред (втор кичевски народноослободителен одред). На 23 септември 1943 година одредот влегува во рамките на Кичевскиот народноослободителен баталјон[1].

Команданти[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 697.