Народноослободителен партизански одред „Славеј“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Партизански одред „Славеј“
Активна30 јуни 1943 - 1944
БиткиНОБ

Народноослободителен партизански одред „Славеј“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.

Формиран е на Славеј Планина на 30 јуни 1943 година. Кон крајот на септември истата година, одредот прераснува во баталјон, а бројот на борци изнесува 120 луѓе. По капитулацијата на Италија во септември 1943 година, одредот успева да ја прекине комуникацијата меѓу Охрид и Струга, и да го затвори Ботунскиот Теснец. На 14 октомври ги победува балистите кај селото Ботун. При повторното окупирање на Дебар, дел од борците преминуваат во илегала, а другите се вклучуват во рамките на Првата македонско-косовска ударна бригада[1].

Борци во одредот Славеј[уреди | уреди извор]

Низ одредот Славеј, според неофицијални извори поминале 299 борци, некои од нив паралелно учествувале во повеќе одреди или баталјони, во одредот Славеј воглавно учествувало населението од Дебарца, како и од некои струшки села (од Малесија, Струшко Поле и Дримкол), и од други места незначително. Во одредот Славеј учествувале следните партизани:

  • Белчишта: Голаб Анѓелески, Петре Василески, Ѓорги Војдиноски, Славе Дичоски, Голаб Ефтимоски, Наумче Јанкулоски, Петре Јованоски, Славе Јорданоски, Стојмир Танески, Ѓоре Левески, Стојан Најдески, Злате Наумоски, Борис Новески, Ристо Опелоски, Васил Савески, Стојан Стојкоски, Јордан Суклоски, Љубе Суклоски, Стојан Суклоски, Петре Танески, Алексо Тасески, Томе Цветаноски, Блаже Целески и Богоја Целески.
  • Ботун: Алексо Грозданоски, Ристо Димоски, Цветан Димоски, Анѓеле Ѓорески, Ристо Ѓуроски, Алексо Јорданоски, Ѓоре Митрески, Ристо Нически, Веле Новески, Паско Павлоски, Ѓоре Савески, Лазор Секулоски, Живко Стеваноски и Стево Целески.
  • Вевчани: Јован Баткоски, Вељо Бебекоски, Јован Бебекоски, Коста Бубаноски, Љубе Дејкоски, Трпе Дејкоски, Сандре Зуноски, Алампија Калајџиески, Анастас Калајџиески, Анѓеле Калајџиески, Сија Калајџиески, Стојан Калајџиески, Тане Мукоски и Душан Ќушкоски.
  • Велмеј: Љубе Андрески, Богоја Милески и Борис Пачески.
  • Волино: Наум Кожески.
  • Врбјани: Иван Иваноски, Мирче Калајџиески, Ванчо Митрески, Мите Митрески, Ристе Петрески, Мате Попоски, Ламбе Ристески, Унуфрија Ристески, Давид Савески, Ѓоре Смилески, Ставре Ставрески, Дончо Стојаноски, Ристо Стојаноски и Размо Темелкоски.
  • Горно Средоречие: Иван Вељаноски, Илија Дојчиноски, Ристо Иљоски, Миливој Настоски, Миленко Павлоски и Стојан Трпески.
  • Долно Средоречие: Славе Сиљаноски, Тане Сиљаноски, Никодин Целески, Љубе Целески и Ристо Целески.
  • Годивје: Борис Јаковчески, Наум Котески, Трајан Николоски, Трајан Павлески и Стојко Попоски.
  • Гостиварско: Филип Брајкоски, од Маврово.
  • Збажди: Ѓорги Стојаноски, Коста Стрезоски и Размо Трпески.
  • Злести: Јордан Балески, Костија Дескоски, Ѓоргија Ѓорески, Никола Ѓоршов, Вељан Јовески, Крсте Јосифоски, Ристо Крстаноски, Алексо Кузески, Славе Милески, Ристо Николоски, Анастас Петрески, Богоја Петрески, Васил Попоски, Богоја Сиљаноски, Никола Ставрески, Борис Стефаноски и Богоја Цветаноски.
  • Издеглавје: Јонче Андрески, Методија Андрески, Иван Гаврилоски, Арсе Гиноски, Крсте Димоски, Серафим Китаноски, Арсе Китески, Арсе Лулески, Благоја Милески, Љубе Ристески, Богатин Србиноски, Богоја Србиноски, Коче Тасески, Тоде Трпески, Милан Трпоски и Методија Шулески.
  • Крушево: Нико Доага, Јанко Лега-Николов и Захарица Ленческа-Ристеска.
  • Куратица: Љубе Ѓорески.
  • Лактиње: Анѓеле Вељаноски, Ѓоргија Дојчиноски, Димо Петрески, Јордан Размоски, Леун Спироски и Јордан Тренески.
  • Лешани: Стеван Банароски, Никола Блажески, Сандре Боќерески, Алексо Влаоски, Ристо Евендиоски, Јонче Иљоски, Иљо Јанкулоски, Петре Јанкулоски, Алексо Кузески, Стојан Милески, Павле Милошоски, Богоја Мутишоски, Кирјан Наумоски, Петре Наумоски, Цветко Наумоски, Дабе Огненоски, Љубе Опелоски, Васил Попоски, Филип Ристески, Апостол Сиљаноски, Трајче Суљоски, Андон Шокароски, Јонче Шокароски и Миливој Шокароски.
  • Локов: Милан Блажески.
  • Мешеишта: Стојан Вичороски, Димитрија Гашоски, Стојан Карамешиноски, Ѓоре Пискулоски и Арсе Целакоски.
  • Мраморец: Антониј Јованоски, Саве Максимоски, Борис Мирчески, Венче Младеноски, Оноврија Николоски, Блаже Ристески, Димитрија Ристески, Стојан Ристески, Цветан Ристески, Спиро Симјаноски и Јовче Тренкоски.
  • Ново Село: Ѓоре Андоноски, Петруш Апостолоски, Секула Апостолоски, Наумче Балтакоски, Темелко Вељаноски, Ѓоргија Игнески, Симон Јанески, Петре Суклоски, Наумче Ристески и Никола Стојаноски.
  • Оздолени: Младен Богданоски, Ристана Богоеска, Бошко Богоески, Иљо Гиноски, Темелко Донески, Богдан Ѓоргоски, Дафинче Ѓоргоски, Кристо Маркоски, Павле Милески, Трајче Николоски, Ѓоре Ристески, Ристо Ристески, Трајанка Стефаноска, Бошко Стефаноски, Јонче Стојаноски, Дуко Тодороски, Климе Шишкоски, Никола Шишкоски, Ванчо Шулески и Ристо Шулески.
  • Слатински Чифлик: Климе Китески (тој потоа го предал одредот и преминал на страната на михајловистичките контрачетници).
  • Сошани: Алексо Иљоски.
  • Октиси: Наум Бадалоски, Спасе Дишлиески, Петре Ѓончески, Јован Стефаноски, Ристо Филоски, Ѓоко Џумкароски и Цветко Шурбаноски.
  • Охрид: Србин Ѓоршески, Јаќим Спироски и Наџи Сулејман.
  • Песочани: Момчило Анѓелески, Мамут Веслиески, Славко Дукоски, Стојмир Јорданоски, Крсте Копиљакоски, Цветко Петрески, Ѓорги Танески и Славе Танески.
  • Подгорци: Спасе Андреески.
  • Прилеп: Илија Андреески, Тарзан и Тарзанче.
  • Присовјани: Славе Нелоски.
  • Рбиново: Борис Богданоски, Симјан Димоски, Темелко Ѓорески, Стојан Ѓурчиноски, Лазор Иваноски, Стојан Иваноски, Петруш Јованоски, Васил Крстески, Методија Крстески, Насте Матески, Стојан Миланоски, Славе Ристески, Темелко Танески, Сарафин Трпески, Доне Филипоски и Петре Филипоски.
  • Ресен: Љубе Бутулани.
  • Дрмени: Панде Белеш.
  • Царев Двор: Боче Ламбески.
  • Ржаново: Владо Павлоски и Александар Цветкоски.
  • Селци: Ставре Србиноски.
  • Слатино: Трајан Врангалоски, Коче Ѓоршоски, Нове Ѓоршоски, Ѓоргија Јонески, Живко Маркоски, Илија Мартиноски, Косте Смилески, Ристо Угриноски, Јордан Филипоски и Митушко Цветкоски.
  • Сливово: Драган Нацкоски, Руменче Наумоски и Србин Србиноски.
  • Струга: Милчо Ѓоргоноски, Виолета Јованоска, Борис Калајџиески, Љупчо Матоски, Јосиф Миса, Борис Мојсо, Мамут Муарем, Перакли Симакоска (Хиохи) и Ѓоко Стојаноски.
  • Требеништа: Ристо Петрески и Тоде Шутароски.
  • Турје: Димко Вељаноски, Диме Димитриески, Миле Илиески, Мицко Јанкулоски, Андре Јованоски, Иванчо Кузманоски, Никола Наумоски, Кочо Спасески, Петре Стефаноски, Нестор Стојаноски, Димко Тренески и Миле Трпески.
  • Црвена Вода: Андон Андоноски, Јонче Белески, Климе Јанкулоски, Ристо Наумоски, Цветко Наумоски, Русе Нестороски, Блаже Спасески, Вангел Србиноски, Климе Трајаноски, Миленко Тренески и Вељан Филчески.
  • Италијанци: Марко и Марко Валдосеро.
  • Неидентификувани: Ристо Андонов, Ганчо, Лазе, Трифче и Цане.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1020
  2. Ристески, Стојан (1990). Партизански одред Славеј, прилог кон проучување на Дебарца во НОБ (1941-1944). Скопје: НИО „Студентски Збор“. 

Поврзано[уреди | уреди извор]