Брегалнички народноослободителен партизански одред „Гоце Делчев“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Партизански одред „Гоце Делчев“
Активна19 мај 1943 - 21 мај 1943
БиткиНОБ

Брегалнички народоослободителен партизански одред „Гоце Делчев“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.

Формиран е на 19 мај 1943 година во местноста Пчеларник, со само 8 души. Овој одред е создаден по препорака на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија и на Вера Ацева, која била член на комитетот и на оперативното раководство. Одредот тргнува кон планината Плачковица, но бугарската полиција ги пронаоѓа. На 21 мај во битка, одредот е разбиен. Во битката загинуваат Ванчо Пркев, Тодор Арсов и Александар Митрев, а Гошо Сламков и Митко Ушински успеваат да избегаат. Ванчо Китанов, Никола (Коле) Нехтенин и Митко Цеков се уапсени, а потоа и убиени.[1]

Комесари[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 208.