Кичевски народноослободителен партизански одред „Козјак“
Изглед
(Пренасочено од Кичевски народоослободителен партизански одред „Козјак“)
Партизански одред „Козјак“ | |
---|---|
Активна | 25 април 1943 - 21 мај 1943 |
Битки | НОБ |
Кичевски народноослободителен партизански одред „Козјак“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.
Одредот е формиран на 25 април 1943 година на планината Бистра, од партизани од Кичево. Дејноста на овој одред во најголем дел била да патролира, а некои членови на одредот вршеле курирска дејност или биле придружба на партиски и воени раководители. Одредот ги осудил на смрт градоначалниците на Иванчишта и Малкоец. Од активностите на овој одред е познато дека успеал да разоружи осум италијански граничари на патот Кладник-Карбуница. На 21 мај 1943 година на Лопушник одредот се спојува со Кичевско-мавровскиот народноослободителен партизански одред[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 696.