Прејди на содржината

26 февруари (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
1531  Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе.
1815  Францускиот цар Наполеон Бонапарт го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговата војска кај Ватерло.
1848  Британскиот воен транспоретен брод „Биркенхед“ потона во заливот Симон покрај брегот на Јужна Африка, повлекувајќи во смрт 485 луѓе.
1901  По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Сјији и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите.
1909  Отоманското Царство ја призна австроунгарската анексија врз Босна и Херцеговина.
1915  Германците во Првата светска војна, во борбата против Французите кај Маланкур за првпат во историјата војуваа со употреба на фрлачи на пламен.
1918  Германски авиони во Првата светска војна го бомбардираа италијанскиот град Венеција.
1936  Адолф Хитлер во Саксонија ја отвори првата фабрика за производство на „народното возило“ Фолксваген.
1984  Околу 1.000 американски маринци, кои биле дел од војниците на Обединетите Нации, го напуштиле Бејрут.
1987  Со указ на Генералниот синод на Англиканската црква, на жените им било дозволено да бидат свештеници.
1991  По 208 дена ирачка окупација, Кувајт бил ослободен од страна на војските на неколку западни земји.
1992  Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.
1993  Во терористички напад во Светскиот трговски центар во Њујорк загинале шест лица, 1.042 биле повредени.
2004  Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинале при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар.
2008  Пуштена Енциклопедијата на живиот свет.