Прва македонска коњичка бригада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Прва македонска коњичка бригада
Активна29 декември 1944 – 1945
Големина480 борци
Команданти
Истакнати
команданти
Владо Петковски, Димо Пецов

Прва македонска коњичка бригада била формирана на 29 декември 1944 година во Скопје, од постоечките коњички единици во Македонија, со наредба на ГШ на НОВЈ за Македонија. Командант бил Владо Петковски, а од 26 јануари 1945 година, Димо Пецов - Ико. Политички комесар од формирањето бил Михајло Софејски - Јошко, а од 26 јануари 1945 година И. Сотировски.[1]

Бројната состојба на бригадата изнесувала 540 борци и старешини. Бригадата располагала со 199 коњи. На 26 јануари 1945 година, имало промена на командниот кадар и нова реорганизација на бригадата.[2]

Основање[уреди | уреди извор]

За почеток на формирањето на оваа бригада се смета формирањето на Првиот македонски коњички ескадрон, на 15 септември 1944 година, во селото Сопот, Светикниколско, кој по ослободувањето на Прилеп, влегол во состав на новоформираниот Прв македонски коњанички дивизион, со бројност од 120 борци.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 162
  2. д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 163