Прејди на содржината

Крклино

Координати: 41°4′26″N 21°19′44″E / 41.07389° СГШ; 21.32889° ИГД / 41.07389; 21.32889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Крклино
Крклино во рамките на Македонија
Крклино
Местоположба на Крклино во Македонија
Крклино на карта

Карта

Координати 41°4′26″N 21°19′44″E / 41.07389° СГШ; 21.32889° ИГД / 41.07389; 21.32889
Општина Битола
Население 564 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02062
Надм. вис. 597 м
Крклино на општинската карта

Атарот на Крклино во рамките на општината
Крклино на Ризницата

Крклино — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во западниот дел на Битолското Поле, во областа Пелагонија, сместено во близина на магистралниот пат А 3. Атарот на селото на исток е рамничарски, додека западно се издига сртот на Облаковска Планина. Се наоѓа на 597 метри надморска височина. Оддалечено е 6 километри северно од Битола и 36 километри јужно од Прилеп.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во отоманските документи, селото се споменува во 1636 година (помеѓу 15 јули и 3 септември) во една тужба покрената пред меџлисот од страна на Шејх-заде Мехмед-ефенди против жителите од село Крклино - Битолско, коишто, за земени 2.000 акчиња, требало на име лихва да му даваат по сто аргати, а тие не си ја исполниле својата обврска.[2]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948632—    
1953702+11.1%
1961682−2.8%
1971667−2.2%
1981714+7.0%
ГодинаНас.±%
1991654−8.4%
1994609−6.9%
2002611+0.3%
2021564−7.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Крклино живееле 460 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крклино имало 440 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крклино се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 41 куќа.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[7]

Во 1948 година селото има 632 жители, додека во 1991 година живееле 654 жители.

Според пописот во 2002 селото има 611 жители, од кои 609 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 564 жители, од кои 549 Македонци, 3 Албанци, 1 Србин, 3 останати и 8 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 460 440 632 702 682 667 714 654 609 611 564
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Крклино е македонско православно село.

Родови во селото се:

  • Староседелци: Маљаковци (15 куќи), Амбуковци (8 куќи), Пачовци (3 куќи), Димитријевци (5 куќи), Беделевци (5 куќи), Карафиловци (6 куќи), Чучуковци (5 куќи), Нечковци (4 куќи), Таневци (8 куќи), Станковци (5 куќи) и Судевци (3 куќи)
  • Доселеници: Рајковци (12 куќи) доселени се од селото Прекопани во Мариово? (меѓутоа во Мариово не постои село Прекопани, најверојатно се мисли на леринското село Прекопана); Кочиштани (3 куќи) доселени се од раселеното село Кочишта кај Старо Змирново; Тошковци (2 куќи) доселени се од соседното село Снегово. Се знае следното родословие: Блаже (жив на 35 г. во 1951 година) Цветко-Тодор, кој се доселил од Снегово. Тошковци и сега имаат ниви во близина на Снегово.[14]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 133 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 495 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[17]
Археолошки наоѓалишта[18]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ, серија прва (1980). Скопје: Архив на Македонија. Стр.29
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 239. ISBN 954430424X.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. 19,0 19,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]