Лав III Сириец: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 19: Ред 19:
Младиот Лав бил пастир заедно со својот татко, кога детонираниот император Јустинијан II патувал кон Константинопол (705 година) за повторното негово зазимање на престолот со бугарска помош. Лав му подарил 500 овци за неговите војници. Од благодарност Јустинијан го прогласил за спатариј (Spatharios), офицер во царската гарда. Така тој ја започнал својата воена кариера. Лав учествувал во воени походи во северен Кавказ, каде по крајот на походот, императорот [[Анастасиј II (владетел)|Анастасиј II]] го назначил за стратег ([[713]]- [[715]]<ref>[http://www.bbkl.de/l/Leon_III.shtml BBKL],</ref>) или воено-административен началник на источната војска која броела околу 15,000 војници во тема [[Анадолија (тема)|Анадолија]].

Во 717 година Лав направил заговор заедно со генералот [[Артавазд Иконољубец|Артавазд]] против император [[Теодосиј III]]. Генералот [[Артавазд Иконољубец|Артавазд]] бил верен со неговата ќерка [[Ана (сопруга на Артавазд Иконољубец)|Ана]]<ref>{{cite book
Во [[717]] година Лав направил заговор заедно со генералот [[Артавазд Иконољубец|Артавазд]] против император [[Теодосиј III]]. Генералот [[Артавазд Иконољубец|Артавазд]] бил верен со неговата ќерка [[Ана (сопруга на Артавазд Иконољубец)|Ана]]<ref>{{cite book
| last =Treadgold
| last =Treadgold
| first =Warren
| first =Warren
Ред 29: Ред 29:
| isbn =0-8047-2630-2}}</ref>. Така по успешниот заговор, Теодосиј III бил детониран и испратен во манастир.
| isbn =0-8047-2630-2}}</ref>. Така по успешниот заговор, Теодосиј III бил детониран и испратен во манастир.

== Надворешна политика ==
== Управување ==
===Опсада на Цариград ===

===Надворешна политика ===
{{главна|Опсада на Цариград (717)}}
{{главна|Опсада на Цариград (717)}}

На [[25 март]] [[717]] година Лав III бил крунисан во [[Аја Софија|Света Софија]] по абдикацијата на Теодосиј III. Во тоа време империјата се наоѓала во многу тешка положба, губејќи ја војната со Арапите, кои ја [[Опсада на Цариград (717)|опседнале престолнината]] [[Константинопол]] во текот на една година. Опкружен од сите страни, градот бил на работ на пропаст. Арапските сили во даден момент имале над 100,000 војници<ref>{{fr icon}} Guilland, Rodolphe. "L’expédition de Maslama contre Constantinople (717–720)" in ''Études Byzantines''. Paris: Presses universitaires de France, 1959, pp. 109–133.</ref>, но во арапскиот камп, како и во опсадата на византиската престолнина, се појавил глад. Голем број на муслимански војници починале од различни болести и глад, а оние кои останале биле принудени според некои современи извори, да ги јадат мртвите коњи, тела и слично. Со бугарска помош од страна на [[Тервел]] како и со силното византиско оружје т.н. [[грчки оган]]<ref>Treadgold. ''History of the Byzantine State'', p. 347.</ref>, императорот успеал да ги натера на [[Арапи]]те да ја повлечат опсадата. Како резултат на битката Византиската империја била спасена од распаѓање, а [[југоисточна Европа]] била спасена од арапската инвазија во наредните векови. Оваа е една од најважните и решавачки борби во историјата на Византија.
На [[25 март]] [[717]] година Лав III бил крунисан во [[Аја Софија|Света Софија]] по абдикацијата на Теодосиј III. Во тоа време империјата се наоѓала во многу тешка положба, губејќи ја војната со Арапите, кои ја [[Опсада на Цариград (717)|опседнале престолнината]] [[Константинопол]] во текот на една година. Опкружен од сите страни, градот бил на работ на пропаст. Арапските сили во даден момент имале над 100,000 војници<ref>{{fr icon}} Guilland, Rodolphe. "L’expédition de Maslama contre Constantinople (717–720)" in ''Études Byzantines''. Paris: Presses universitaires de France, 1959, pp. 109–133.</ref>, но во арапскиот камп, како и во опсадата на византиската престолнина, се појавил глад. Голем број на муслимански војници починале од различни болести и глад, а оние кои останале биле принудени според некои современи извори, да ги јадат мртвите коњи, тела и слично. Со бугарска помош од страна на [[Тервел]] како и со силното византиско оружје т.н. [[грчки оган]]<ref>Treadgold. ''History of the Byzantine State'', p. 347.</ref>, императорот успеал да ги натера на [[Арапи]]те да ја повлечат опсадата. Како резултат на битката Византиската империја била спасена од распаѓање, а [[југоисточна Европа]] била спасена од арапската инвазија во наредните векови. Оваа е една од најважните и решавачки борби во [[Историја на Византија|историјата на Византија]].

===Стабилизација===

По прогласувањето на Лав за император на Византија бил ставен крајот на периодот од историјата на Византија познат како Дваесетгодишна анархија, кој бил исполнет со голем број на меѓусебни конфликти и нестабилност во империјата. Лав III го ставил почетокот на Сириската династија, која со земјата управувала до 802 година.

Во 718 година бил задушен бунтот во Сицилија, а во 719 година бил спречен обидот на поранешниот император Анастасиј II да се врати на престолот. Во управувањето на Лав III империјата доживеала нов период на политичка стабилизација, постигнувајќи успеси во војните со Арапите. Во текот на неговото владеење биле склучени договори и сојузи со Бугарите, Хазарите и Грузијците против Арапскиот калифат. Биле привлечени словенски доселеници во сосема пусти погранични области на империјата.

Арапите биле поразени од византиските војски во 726 година во Мала Азија. Во 740 година, тој повторно им нанел пораз во Битката кај Акронион, Фригија.

== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 14:06, 5 август 2015

Лав III Исавријанин (грчки: Λέων Γ' ο Ίσαυρος, латински: Leon III. ho Isaurós‚ Leon der Isaurier, Leo III), ( 675 во денешен Караманмараш - 18 јуни 741 во Константинопол) бил византиски император кој владеел во периодот од 717 до 741 година[1].

Лав III бил основач на на Исавријанската или позната уште како Сириска династија. Лав III е еден од најважните византиски владетели, кој успеал да ја извади империјата од периодот на анархија и кој успеал да се справи со арапската закана, кога во август 718 година Арапите биле поразени од бугарскиот хан Тервел по кое била повлечена опсадата на престолнината по четири години. Тој исто така ја наметнал новата црковна доктрина на иконоборството[2].

Лав бил оженет за Марија, со која имале четири деца: Константин V, Ана, Козма и Ирина.

Рани години

Вистинското родено име на Лав најверојатно било Конон. По народност е исавриец од скромно селско потекло. Лав бил роден во Германикеја, (денешниот град Караманмараш во Турција) во областа Комагена во северна Сирија, на границата меѓу Византиската империја и Арапскиот калифат. Уште како дете тој бил преселен заедно со својата фамилија од Јустинијан II во Тракија (695 година), како дел од империјалната политика на населување на напуштените балкански провинции.

Младиот Лав бил пастир заедно со својот татко, кога детонираниот император Јустинијан II патувал кон Константинопол (705 година) за повторното негово зазимање на престолот со бугарска помош. Лав му подарил 500 овци за неговите војници. Од благодарност Јустинијан го прогласил за спатариј (Spatharios), офицер во царската гарда. Така тој ја започнал својата воена кариера. Лав учествувал во воени походи во северен Кавказ, каде по крајот на походот, императорот Анастасиј II го назначил за стратег (713- 715[3]) или воено-административен началник на источната војска која броела околу 15,000 војници во тема Анадолија.

Во 717 година Лав направил заговор заедно со генералот Артавазд против император Теодосиј III. Генералот Артавазд бил верен со неговата ќерка Ана[4]. Така по успешниот заговор, Теодосиј III бил детониран и испратен во манастир.

Надворешна политика

Опсада на Цариград

На 25 март 717 година Лав III бил крунисан во Света Софија по абдикацијата на Теодосиј III. Во тоа време империјата се наоѓала во многу тешка положба, губејќи ја војната со Арапите, кои ја опседнале престолнината Константинопол во текот на една година. Опкружен од сите страни, градот бил на работ на пропаст. Арапските сили во даден момент имале над 100,000 војници[5], но во арапскиот камп, како и во опсадата на византиската престолнина, се појавил глад. Голем број на муслимански војници починале од различни болести и глад, а оние кои останале биле принудени според некои современи извори, да ги јадат мртвите коњи, тела и слично. Со бугарска помош од страна на Тервел како и со силното византиско оружје т.н. грчки оган[6], императорот успеал да ги натера на Арапите да ја повлечат опсадата. Како резултат на битката Византиската империја била спасена од распаѓање, а југоисточна Европа била спасена од арапската инвазија во наредните векови. Оваа е една од најважните и решавачки борби во историјата на Византија.

Стабилизација

По прогласувањето на Лав за император на Византија бил ставен крајот на периодот од историјата на Византија познат како Дваесетгодишна анархија, кој бил исполнет со голем број на меѓусебни конфликти и нестабилност во империјата. Лав III го ставил почетокот на Сириската династија, која со земјата управувала до 802 година.

Во 718 година бил задушен бунтот во Сицилија, а во 719 година бил спречен обидот на поранешниот император Анастасиј II да се врати на престолот. Во управувањето на Лав III империјата доживеала нов период на политичка стабилизација, постигнувајќи успеси во војните со Арапите. Во текот на неговото владеење биле склучени договори и сојузи со Бугарите, Хазарите и Грузијците против Арапскиот калифат. Биле привлечени словенски доселеници во сосема пусти погранични области на империјата.

Арапите биле поразени од византиските војски во 726 година во Мала Азија. Во 740 година, тој повторно им нанел пораз во Битката кај Акронион, Фригија.

Наводи

  1. Craig, Graham, Kagan, Ozment, and Turner. The Heritage of World Civilazations. Prentice Hall. стр. 321. ISBN 978-0-205-80766-6. |access-date= бара |url= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Gero, Stephen (1973). Byzantine Iconoclasm during the Reign of Leo III, with Particular Attention to the Oriental Sources. Louvain: Secrétariat du Corpus SCO. ISBN 90-429-0387-2.
  3. BBKL,
  4. Treadgold, Warren (1997). A History of the Byzantine State and Society. Stanford: University of Stanford Press. стр. 346. ISBN 0-8047-2630-2.
  5. Предлошка:Fr icon Guilland, Rodolphe. "L’expédition de Maslama contre Constantinople (717–720)" in Études Byzantines. Paris: Presses universitaires de France, 1959, pp. 109–133.
  6. Treadgold. History of the Byzantine State, p. 347.