Ана (сопруга на Артабасд)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ана
Византиска императорка
Полно имеАна
Роден(а)8 век
Починал(а)8 век
Придружник наАртавазд Иконољубец
ДецаНикита
Никифор
седум други деца
ДинастијаСириска династија

Ана (705 - по 743) била сопруга на Артавазд Иконољубец и царица на Византија и августа во периодот од 741 до 743 година.

Августа[уреди | уреди извор]

Ана била првородена ќерка на Лав III Сириец и Марија, како и сестра на Константин V Копроним, Козма и Ирина.

Во 713 година, царот Анастасиј II го назначил нејзиниот сопруг Артавазд за владетел (стратег) на Ерменија. По падот на Анастасиј, Артавазд направил договор со неговиот соработник Лав III, владетелот на Анадолија за соборување на новиот цар Теодосиј III. Овој договор бил запечатен со свршувањето на Ана за Артавазд, и бракот се случил откако Лав III седнал на тронот во март 717 година.

Наскоро по неговото стапување на власт, Артавазд ја крунисал сопругата Ана за Августа а неговиот син Никифор за совладетел, додека пак другиот син Никита за водач на ерменската тема. Ана станала мајка на вкупно седум деца.

Пад[уреди | уреди извор]

Но додека Артавазд можел да се потпре на поддршката на темите Тракија и Опсикија, Константин V Копроним за себе си ја обезбедил поддршката на Анадолската и Тракијската тема. Неизбежниот судир се случил во мај 743 година, кога Артавазд водел напад против Константин но бил поразен. Подоцна истата година Константин го поразил Никита, и на 2 ноември 743 година Артаваздовото владеење завршило, кога Константин V влегол во Константинопол и го заробил својот непријател. Артавазд и неговите синови биле јавно ослепени и испратени во Хлорскиот манастир во предградијата на Константинопол.[1].

Годината на смртта на Ана е непозната, но таа не се споменува по владеењето на нејзиниот брат.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Garland 2006, стр. 9

Литература[уреди | уреди извор]

  • Lynda Garland (ed., 2006), Byzantine Women: Varieties of Experience, 800–1200. Ashgate Publishing, Ltd., ISBN 0-7546-5737-X

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Марија
Византиска царица
741–743
со Ирина Хазарска (741–743)
Наследник
Ирина Хазарска