Кривошиско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кривошиско езеро
Кривошиско Езеро на Шар Планина.JPG
Координати:
Површина: 7.400 м2
Должина: 115 м
Ширина: 87,5 м

Обем:

325 м
Длабочина: 0,5 м
Надморска висина: 2.250 м
Планина: Шар Планина

Кривошиското езеро е мало глацијално езеро едно од 27-те на Шар Планина, во Република Македонија. Се наоѓа на 2.250 m надморска висина. Долго е 115, а широко е 87,5 метри, има најголема долабочина од 0,5 метри[1]. Вкупниот обем му изнесува 325 m и има површина од 7.400 m²[1].

Глетка од Кривошиското Езеро и врвот Шар (Титов) во позадината

Сместено е на самиот крај на длабоката и вовлечена долина Крива Шија по која што го добило името и која што е оградена од запад со истоимениот врв висок 2511 метри кој го одделува од изворите на Пена, на југ и исток со највисоките шарски врвови Титов Врв (2748 м.) и Мал Турчин (2701 м.), а на северо-исток со врвот Среден Камен висок 2465 метри. Околу езерото има ливадеста површина, но самото езеро е загадено. Причините се наноси на прав и самото капење на овците кои ја напасуваат околината. Езерото се одржува од неколку притоки, а се одлива преку истек што понира. Сочуваните траги укажуваат дека езерото некогаш било пошироко и подолго.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Стојмилов, Александар (2011) (на македонски). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 208. 
  2. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 53