Како нов настан на Светската турнеја, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Со тоа, десет од осумнаесетте екипи избрале да учествуваат. Дополнително биле поканети и девет професионални континентални екипи, со што на трката настапиле вкупно 19 екипи.[2]ОАЕ Тим Емирати, Лото-Дстни и Тим ТоталЕнержи настапиле со шест возачи и биле единствените екипи кои ги немале целосните состави од по седум возачи. Вкупно, трката ја започнале 129 возачи, од кои на крајот завршиле 99 возачи.[3]