Прејди на содржината

Џои Роскопф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џои Роскопф
Роскопф на Ле Самин 2016
Лични податоци
Цело имеЏозеф Роскопф
Роден5 септември 1989(1989-09-05)(35 г.)
Декатур, Џорџија,  САД
Висина1,87 м
Маса76 кг
Податоци за клубот
Мом. клубХјуман Пауеред Хелт
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Професионални клубови
2010
2011-2012
2013-2014
2015-2020
2021-
Маунтајн Какис
Тим Тајп 1-Санофи Авентис
Хинкапи Спортвер Дивилопмент Тим
Ванти-Груп Гобер
Рели Сајклинг
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 ТТТ етапа (2015)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2021)
Национален хронометарски првак (2017, 2018)
Последна промена
3 ноември 2022

Џозеф „Џои“ Роскопф (англиски: Joseph Rosskopf; р. 5 септември 1989) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за континенталната екипа Хјуман Пауеред Хелт.[1]

Професионален возач од 2010 година, Роскопф бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015[2] и за Џиро д’Италија 2016.[3] Ја освоил Тур ди Лимузен во 2016 година и бил само втор возач од Северна и Јужна Америка, по Леонардо Дуке, кој ја освоил трката.

Роскопф го освоил националното хронометарско првенство во 2017 и 2018 година.[4] Во јули 2019 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[5]

Во ноември 2020 година, Роскопф потпишал двегодишен договор со екипата Рели Сајклинг, почнувајќи од сезоната 2021.[6]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Роскопф го завршил средното училиште во родниот град Декатур.

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2011
2. Краен пласман Трка околу Руанда
1. Етапа 4
2012
4. Трка Батенкил
9. Краен пласман Новозеландски велосипедски класик
2013
1. Краен пласман Трка Париз-Арас
1. Етапа 1
1. Етапа 4 (ITT) Тур де Бос
3. Краен пласман Флеш ди Сид
3. Меѓународно првенство Филаделфија
2014
1. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
1. Етапа 5
1. Планински пласман Трка околу Јута
Панамериканско првенство
2. Друмска трка
2. Хронометар
6. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
2015
1. Етапа 3 (TTT) Критериум ди Дофине
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2016
1. Краен пласман Тур ди Лимузен
1. Етапа 1
1. Етапа 5 (ТТТ) Енеко Тур
2. Светско првенство во екипен хронометар
6. Краен пласман Трка околу Јута
10. Јапонски куп
2017
1. Национално хронометарско првенство
1. Етапа 2 (ТТТ) Волта а Каталуња
10. Краен пласман Тур де Јоркшир
2018
1. Национално хронометарско првенство
2020
1. Планински пласман Тур Даун Андер
3. Краен пласман Тур Поату-Шарант ан Нувел-Аквитен
2021
Национални друмски првенства
1. Друмска трка
4. Хронометар

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Џиро 85 70 64
Тур 73
Вуелта 124 81

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. „Rally Cycling“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на January 6, 2021. Посетено на January 6, 2021.
  2. „Vuelta a España 2015“. Cycling Fever. Посетено на 21 август 2015.
  3. „99th Giro d'Italia Startlist“. Pro Cycling Stats. Посетено на 6 мај 2016.
  4. https://www.knoxnews.com/story/sports/2018/06/21/joey-rosskopf-amber-neben-repeat-usa-cycling-time-trial-champions/715752002/ Knox News. 13 февруари 2019.
  5. „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.
  6. Dreier, Fred (November 5, 2020). „Joey Rosskopf heads to Rally Cycling on a two-year deal“. VeloNews. Pocket Outdoor Media Inc. Посетено на November 5, 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]