Прејди на содржината

Џиро д’Италија 2013 - етапа 1 до етапа 11

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преглед на етапите; црните линии ги претставуваат растојанијата на поединечните етапи, додека црните испрекинати линии ги претставуваат префрлањата помеѓу етапите.

Џиро д’Италија 2013 започна на 4 мај, а етапата 11 ќе се случи на 15 мај. Изданието 2013 започнало со друмска етапа, за првпат од 2003, околу Неапол пред екипниот хронометар следниот ден на островот Искја. Остатокот од воведната половина на трката, цело време во Италија, се состои од среднопланински етапи, две рамни етапи и првиот од двата поединечни хронометри на трката; хронометарот ќе се вози на осмата етапа на растојание од 54,8 километри.

Марк Кевендиш станал првиот предводник на трката откако победил на воведната етапа во Неапол; првата од двете етапни победи кои Кевендиш ги остварил во првата половина на трката, заедно со шестата етапа. Поради тоа, Кевендиш бил единствениот возач со победа на повеќе етапи во првата половина на трката. Кевендиш го загубил водството на трката следниот ден, откако неговата екипа Омега Парма-Квик Степ не успеала да постигне добро време со што би ја задржал маичката. Тим Скај ја освоил етапата, што го ставила Салваторе Пучо на местото на Кевендиш во розовата маичка откако бил највисоко пласиран на воведната етапа од петте членови на екипата Тим Скај. Лука Паолини стигнал сам до водечката маичка по третата етапа, напаѓајќи на 7 километри пред целта и одвојувајќи се од групата, а на целта имал предност од 16 секунди. Ја носел маичката четири дена, пред да ја загуби на седмата етапа, одржана во услови на силен дожд.

На таа етапа, Адам Хансен, велосипедист кој завршил на сите Гранд Тур трки во 2012, победил со предност од над една минута по долго бегство, додека Бењат Инчаусти успеал да ја преземе водечката маичка откако завршил во групата на фаворити. Слабоста на Инчуасти на хронометрите го приморала да го предаде водството наредниот ден, губејќи три и пол минути од етапниот победник, колегата Алекс Даусет. Винченцо Нибали, претходен победник на Гранд Тур на Вуелта а Еспања 2010, успеал да го преземе водството на трката и да го одржи до крајот на единаесеттата етапа, што претставувала крај на првата половина на трката. Нибали го завршил хронометарот 29 секунди пред најблискиот конкурент Кедел Еванс, ној добил дванаесет бонус секунди на десеттата етапа, првата завршница на нагорнина на трката, со што ја зголемил предноста на 41 секунда во претстојната втора половина на трката.

Легенда[N 1]
     Го означува предводникот во генералниот пласман      Го означува предводникот во планинскиот пласман
     Го означува предводникот во бодовниот пласман      Го означува предводникот во пласманот за млад возач
   и.в. означува дека возачот поминал низ завршната линија во иста група како оној кој го добил времето над него и поради тоа му било доделено истото завршно време.
4 мај 2013 — Неапол до Неапол, 130 км[1]
Возачот на Омега Парма-Квик Степ Марк Кевендиш пред почетокот на етапата. Кевендиш ги победил во спринтот со помала група на возачи и стигнал до својата 11. поединечна етапна победа на Џиро д’Италија и 37. на Гранд Тур.

По првпат од изданието на трката во 2003, Џиро д’Италија започнала со етапа наместо со хронометар.[2] Неапол бил објавен како почетна точка за трката во јуни 2012,[3] со што се одбележала 50-годишнината од единствениот старт на трката во Неапол; тогаш, Виторио Адорни славел во Потенца.[4] Воведната етапа на Џиро 2013 била кружна трка во и околу Неапол и биле користени два различни круга.[5] Најпрвин биле возени четири круга по 16,3 километри, со две преминувања на искачување од четврта категорија што оставило можност за бегство и преземање на маичката во планинскиот пласман на воведниот ден. Оттаму следел помалиот круг од 8,1 километар во должина, кој се поминал осум пати и завршница на етапата во Лунгомаре Карачоло. На крајот се очекувала спринтерска завршница.

Скоро веднаш кога започнала трката било создадено бегство од седум возачи, кои се обиделе да создадат голема предност во однос на групата, но не можеле да ја зголемат предноста над две минути. Возачот на Мовистар Тим Џовани Висконти и Камерон Вурф од Канондејл го предводеле бегството на врвот на искачувањето,[6] заедно со Гијом Бонафон (Аг2р-Ла Мондијал) кој исто така освоил три бода на обете искачувања. Ова значело дека првата maglia azzurra се решила во завршниот спринт. На половина на етапата, Вурф се одвоил од бегството[7] и останал пред групата до 19 километри пред крајот, кога групата предводена од Омега Парма-Квик Степ го поминала.[5]

Неколку доцни падови ја поделиле групата на многу групи, а последниот од нив се случил во последните 3 километри,[5] обезбедувајќи го мнозинството од групата со исто време на етапниот победник. За последниот спринт се борела избрана група на спринтери; Орика-ГринЕЏ се поставила на чело на линијата за Метју Гос,[6] но Елија Вивијани (Канондејл) и возачот на Омега Парма-Квик Степ Марк Кевендиш се помериле напред, а на крајот Кевендиш ја освоил победата на целта за скоро една должина на тркалото.[5] Со неговата 37. етапна победа на Гранд Тур,[8] се поместил на изедначеното осмо место на списокот на сите времиња со Рик ван Лој и ја зел розовата и црвената маичка на подиумот како предводник во генералниот и бодовниот пласман. Иако разочарен поради второто место во спринтот,[9] Вивијани станал првиот носител на белата маичка како предводник во пласманот за млад возач,[10] а Висконти бил највисоко пласиран во спринтот и го презел планинскиот пласман.

Резултат од етапа 1
Возач Екипа Време
1  Марк Кевендиш (ВБР) Омега Парма-Квик Степ 2ч 58' 38"
2  Елија Вивијани (ИТА) Канондејл и.в.
3  Насер Буани (ФРА) ФДЖ и.в.
4  Џакомо Ницоло (ИТА) РадиоШек-Леопард и.в.
5  Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
6  Франсиско Вентосо (ШПА) Мовистар Тим и.в.
7  Адам Блајт (ВБР) Аксент Џобс-Ванти и.в.
8  Ли Хауард (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
9  Данило Хондо (ГЕР) РадиоШек-Леопард и.в.
10  Брет Ланкастер (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
Генерален пласман по етапата 1
Возач Екипа Време
1  Марк Кевендиш (ВБР) Розова маичка Црвена маичка Омега Парма-Квик Степ 2ч 58' 18"
2  Елија Вивијани (ИТА) Бела маичка Канондејл + 8"
3  Насер Буани (ФРА) ФДЖ + 12"
4  Данило Хондо (ГЕР) РадиоШек-Леопард + 16"
5  Марко Маркато (ИТА) Вакансолел-ДКМ + 18"
6  Џакомо Ницоло (ИТА) РадиоШек-Леопард + 20"
7  Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ + 20"
8  Франсиско Вентосо (ШПА) Мовистар Тим + 20"
9  Адам Блајт (ВБР) Аксент Џобс-Ванти + 20"
10  Ли Хауард (АВС) Орика-ГринЕЏ + 23"
5 мај 2013 — Искја до Форио, 17,4 км, екипен хронометар (ТТТ)[11]

На втората етапа на трката, група била префрлена со ферибот на вулканскиот остров Искја, кој бил домаќин на Џиро д’Италија за првпат по 54 години.[12] Тогаш бил одржан поединечен хронометар на растојание од 31 километар, кој бил освоен од Антонино Каталано, освојувајќи ја неговата единствена етапна победа на Џиро.[13] На етапата во Искја на трката во 2013 бил предвиден техничка нерамна патека на 17,4 километри за екипен хронометар, вклучувајќи наклони од околу 7% во последните 5 километри на патеката. Почетниот ред за етапата бил првично поставен по обратен редослед на секоја од 23. екипи во зависност како биле пласирани во пласманот „Трофеј Брза екипа“ по воведната етапа претходниот ден; единствена разлика била за Омега Парма-Квик Степ кои тргнале последни,[14] бидејќи Марк Кевендиш ја носел розовата маичка како предводник во генералниот пласман.

Колумбија биле првата екипа која отпочнала - секоја екипа тргнувала по триминутно растојание[15] – и откако изгубиле само еден возач на патеката, тие постигнале време од 23' 01",[16] но тоа време било надминато од следната екипа на патеката, бидејќи Аг2р-Ла Мондијал отишле под 23 минути, забележувајќи време од 22' 55".[16] Бланко Про Сајклинг биле следни на етапата и биле значително побрзи, на крајот забележувајќи време за 22 секунди побрзо од минатата екипа. Нивното време не било надминато до настапот на Тим Скај, кои и покрај раните проблеми на неколкумина од нивниот состав поминале низ целта со време од 22' 05".[16] Како што излегло, времето не било надминато, со што екипата ја остварила втората победа на екипен хронометар во сезоната по оној на Џиро дел Трентино.[17] На крајот на етапата, само една екипа Мовистар Тим била во рамките на десет секунди, забележувајќи побрзо време за две секунди[15] на средната мерна точка.[18] Кевендиш ја загубил водечката маичка,[19] бидејќи Омега Парма-Квик Степ можеле да забележат само 17. најдобро време, 48 секунди зад Тим Скај.[20] Поради тоа, Салваторе Пучо станал новиот предводник на трката, бидејќи од петте членови на екипата Тим Скај бил највисоко пласиран на воведната етапа.[15]

Резултат од етапа 2
Екипа Време
1 Тим Скај 22' 05"
2 Мовистар Тим + 9"
3 Астана + 14"
4 Катјуша + 19"
5 Вини Фантини-Селе Италија + 22"
6 Лампре-Мерида + 22"
7 Гармин-Шарп + 25"
8 Бланко Про Сајклинг + 28"
9 Вакансолел-ДКМ + 34"
10 Орика-ГринЕЏ + 35"
Генерален пласман по етапата 2
Возач Екипа Време
1  Салваторе Пучо (ИТА) Розова маичка Бела маичка Тим Скај 3ч 20' 43"
2  Бредли Вигинс (ВБР) Тим Скај + 0"
3  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 0"
4  Дарио Каталдо (ИТА) Тим Скај + 0"
5  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 0"
6  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 9"
7  Џовани Висконти (ИТА) Сина маичка Мовистар Тим + 9"
8  Хосе Ерада (ШПА) Мовистар Тим + 9"
9  Алекс Даусет (ВБР) Мовистар Тим + 9"
10  Ерос Капеки (ИТА) Мовистар Тим + 9"
6 мај 2013 — Соренто до Ашеа, 222 км[21]

Повторно на копното по излетот во Искја, третата етапа на Џиро 2013 била поделена на три различни дела. Од почетокот во Соренто, групата извозила два круга од по 7,2 километри пред да започне нерамниот терен долж брегот Амалфи до Салерно. По пристигнувањето во Салерно, каде се наоѓал едниот од двата средни спринта,[21] заедно со другиот во Агрополи, рутата останала главно рамна наредните 80 километри.[21] Двете категоризирани искачувања во денот во рамките на последната третина од етапата; искачувањето Сан Мауро Чиленто од втора категорија со просечен наклон од 6,7% на 7,8 километри растојание,[22] со наклони и до 16% во воведните метри на искачувањето и искачувањето Села ди Катона од трета категорија со наклон од 6,6% на 8 километри растојание.[22] Од врвот на Села ди Катона постоел спуст од близу 20 километри до завршната точка во Ашеа.[21]

Бегството на денот било создадено по почетокот во Соренто, кога седум возачи се одвоиле од групата; најдобриот од нив бил Фабио Таборе од екипата Вини Фантини-Селе Италија, кој доцнел 22 секунди зад предводникот во генералниот пласман Салваторе Пучо (Тим Скај).[23] И покрај ова, седморката создала предност од близу седум минути во однос на групата. На Сан Мауро Чиленто, бегството било составено од шест возачи, бидејќи Берт де Бакер (Аргос-Шимано) отпаднал од нивната група. Возачот на Вакансолел-ДКМ Вилем Ваутер водел преку искачувањето,[24] додека групата стигнала на врвот околу 3' 45" зад водечката шесторка, а Де Бакер се наоѓа во средина.[23] Група на спринтери отпаднала назад во главната група, вклучувајќи ги возачот на Омега Парма-Квик Степ Марк Кевендиш и Насер Буани од ФДЖ, но и обајцата успеале да се вратат.[25]

Таборе нападнал на спустот од искачувањето, здобивајќи се со предност од околу една минута кога стигнал во подножјето на Села ди Катона.[23] Гармин-Шарп биле на чело на групата,[24] што овозможило групата да ги достигне бегалците и во еден момент да предизвика поделба на главната група, од каде се одвоиле кандидатите за генерален пласман Рајдер Хесједал, Винченцо Нибали, Бредли Вигинс и Микеле Скарпони. Потоа, Хесједал нападнал сам од оваа група,[26] поминувајќи го Таборе, пред да забави и да се врати во главната група. На спустот, колегата на Нибали од Астана Валерио Ањоли забрзал, а Хесједал и возачот на Катјуша Лука Паолини му се приклучиле.[27] Оваа група била достигнала, кога Тим Скај го подигнал своето темпо. Паолини повторно нападнал на околу 7 километри пред крајот и не бил достигнат, освојувајќи ја својата прва етапа на неговиот прв Џиро,[28] и розовата маичка од Пучо, кој изгубил седум минути.[29] Возачот на Аксент Џобс-Ванти Кедел Еванс бил веднаш зад него со уште 16 возачи[30] кои задоцниле 16 секунди, пред Хесједал.[23]

Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Лука Паолини (ИТА) Катјуша 5ч 43' 50"
2  Кедел Еванс (АВС) Аксент Џобс-Ванти + 16"
3  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Шарп + 16"
4  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 16"
5  Самуел Санчес (ШПА) Еускалтел-Еускади + 16"
6  Џампаоло Карузо (ИТА) Катјуша + 16"
7  Питер Венинг (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ + 16"
8  Бредли Вигинс (ВБР) Тим Скај + 16"
9  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 16"
10  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 16"
Генерален пласман по етапата 3
Возач Екипа Време
1  Лука Паолини (ИТА) Розова маичка Црвена маичка Катјуша 9ч 04' 32"
2  Бредли Вигинс (ВБР) Тим Скај + 17"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 17"
4  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 26"
5  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 31"
6  Валерио Ањоли (ИТА) Астана + 31"
7  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Шарп + 34"
8  Џампаоло Карузо (ИТА) Катјуша + 36"
9  Јуриј Трофимов (РУС) Катјуша + 36"
10  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 37"
7 мај 2013 — Поликастро Бусентино до Сера Сан Бруно, 246 км[31]

Трката продолжила долж брегот на Тиренското Море, движејќи се кон југ кон најјужната точка на Џиро д’Италија, кон Сера Сан Бруно.[32] На растојание од 246 километри, четвртата етапа била и најдолга на целата трка,[33] каде единствено тринаесеттата етапа вклучува подолг ден поминат на седиште. Етапата била главно рамна и само последната четвртина на етапата вклучувала поголеми промени во височината, со две категоризирани искачување како дел од етапата втор ден по ред. Искачувањето од трета категорија Вибо Валентија било долго со мал наклон, односно со просечен наклон од околу 3% на растојание од 15 километри, пред искачувањето од втора категорија Кроче Ферата. Вклучувајќи го и вториот среден спринт во Соријано Калабро, самото искачување било долго 16,8 километри и достигнувало максимален наклон од 10%. Потоа следел спуст од околу 7 километри кон завршницата во Сера Сан Бруно, додека последниот километар се одвивал на калдрма.[34]

Како и претходниот ден, главното бегство на денот било составено од седум возачи и најдобриот помеѓу нив бил Емануеле Села (Андрони Џокатоли-Венецуела), кој доцнел 2' 39" зад предводникот во трката Лука Паолини од Катјуша.[35] Групата успеала да создаде предност од околу осум минути во еден момент на етапата. Екипата на Паолини го одржувала нивното пристсво на чело на групата, намалувајќи ја предноста за половина кога преостанале уште 100 километри. Водечката група се поделила, Села, Јоанис Тамуридис (Еускалтел-Еускади) и возачот на ФДЖ Антону Ру постепено отпаднале и се вратиле во главната група. Водството повторно се зголемило на 5' 10", пред значајно да опадне на првото искачување на етапата, кога на Вибо Валентија тоа изнесувало само една минута.[35]

Колегата на Тамуридис Мигел Мингез нападнал на искачување и бил последниот член на бегството, кој бил достигнат од главната група на околу 42 километри пред целта.[35] Имало неколку мали напади, кои издржале до подножјето на второто искачување, Кроче Ферата, кога возачот на Аг2р-Ла Мондијал Силвен Жорж нападнал од групата со шест возачи; успеал да достигне предност од една минута, пред Тим Скај да излезе напред на групата.[35] Возачот на Вини Фантини-Селе Италија Данило ди Лука и Робинсон Чалапуд (Колумбија) нападнале од главната група и набрзо го поминале Жорж, одржувајќи мала разлика пред главната група.[36] Ди Лука започнал долг спринт на околу 800 метри пред целта[33] и не бил достигнал до последните 250 метри. Оттаму, возачот на Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс Енрико Батаљин бил најсилен да ја освои најголемата победа во својата кратка професионална кариера,[37][38] пред колегата на Села Фабио Фелине и возачот на Мовистар Тим Џовани Висконти, кој претходно собрал доволно бодови за да се врати на првото место во планинскиот пласман.[39] Паолини ја задржал розовата маичка откако завршил десетти на етапата.[40]

Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Енрико Батаљин (ИТА) Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс 6ч 14' 19"
2  Фабио Фелине (ИТА) Андрони Џокатоли-Венецуела и.в.
3  Џовани Висконти (ИТА) Мовистар Тим и.в.
4  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај и.в.
5  Арнолд Жанесон (ФРА) ФДЖ и.в.
6  Кедел Еванс (АВС) Аксент Џобс-Ванти и.в.
7  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим и.в.
8  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Шарп и.в.
9  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард и.в.
10  Лука Паолини (ИТА) Розова маичка Катјуша и.в.
Генерален пласман по етапата 4
Возач Екипа Време
1  Лука Паолини (ИТА) Розова маичка Црвена маичка Катјуша 15ч 18' 51"
2  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 17"
3  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 26"
4  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 31"
5  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Шарп + 34"
6  Бредли Вигинс (ВБР) Тим Скај + 34"
7  Џампаоло Карузо (ИТА) Катјуша + 36"
8  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 37"
9  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 39"
10  Кедел Еванс (АВС) Аксент Џобс-Ванти + 42"
8 мај 2013 — Козенца до Матера, 203 км[41]

Уште една главно рамна етапа, петтата етапа започнала со благ постепен спуст од почетната точка во Козенца, пред искачувањето од четврта категорија Чиполето по околу 37 километри од почетокот. Оттаму, трката повторно се движела долж брегот, каде се одржале и двата средни спринта.[42] На околу 45 километри пред крајот, патеката се одвојувала од брегот и се упатувала кон завршната точка во градот Матера. Кон целта се наоѓало искачување од четврта категорија на Монтескалјозо, пред постепената нагорна завршница во Матера; наклонот бил 2,6% во последниот километар. Се очекувало да се најдат во проблем одредени спринтери, но не и возачот на Аргос-Шимано Џон Дегенколб,[43] и возачот на Орика-ГринЕЏ Метју Гос.

Шест возачи го создале првичното бегство, започнувајќи ја својата предност од шестиот километар.[42] Најдобро пласиран во шесторката бил Стефано Пираци од екипата Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс, кој доцнел над три минути за предводникот на трката Лука Паолини (Катјуша); откако ги зел максималните бодови на првото искачување во Чиполето, Пираци се одвоил од водечката група и се вратил во главната група. Откако Пираци отпаднал, групата значајно го забавила нивното темпо, но сепак успеале да постигнат водство од скоро десет минути.[44] Времето се менувало на патеката; започнувајќи со сонце, групата ја погодил пороен дожд на околу 60 километри правејќи ги патиштата опасни. Предноста на водечката група постојано била намалувана, одржувајќи го водството од само 30 секунди пред да бидат достигнати на последното искачување на Монтескалјозо.[45]

Водечката петорка биле достигнувани еден по еден, а последниот возач Рикардо Местре од екипата Еускалтел-Еускади бил достигнат на околу 22 километри пред целта.[42] Пираци нападнал на искачување со надеж да добие повеќе бодови во планинскиот пласман, на крајот успевајќи да дојде прв на врвот, но на спустот му се приклучил возачот на Аг2р-Ла Мондијал Бен Гаштауер.[46] Гаштауер наскоро го поминал Пираци и му се приклучил колегата на Местре Роберт Вречер.[42] Возачот на Лото-Белисол Ларс Бак исто така се приклучил на групата во последните 10 километри, но тројката на крајот била достигната.[47] Марко Канола ја водел групата во последниот километар за Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс,[48] кога помошникот на Дегенколб Лука Мезгец паднал на асфалтот на сè уште водените улици,[43] поради што Дегенколб морал да го следи Канола сам; го достигнал и набрзо го поминал со што стигнал до првата негова етапна победа на Џиро,[49] и шеста етапна победа на Гранд Тур.[50]

Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Џон Дегенколб (ГЕР) Аргос-Шимано 4ч 37' 48"
2  Анхел Висиосо (ШПА) Катјуша и.в.
3  Паул Мартенс (ГЕР) Бланко Про Сајклинг и.в.
4  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај и.в.
5  Матео Трентин (ИТА) Омега Парма-Квик Степ и.в.
6  Харлинсон Пантано (КОЛ) Колумбија и.в.
7  Даниел Ос (ИТА) Аксент Џобс-Ванти и.в.
8  Јенс Кекелејре (БЕЛ) Орика-ГринЕЏ и.в.
9  Грега Боле (СЛО) Вакансолел-ДКМ и.в.
10  Танел Кангерт (ЕСТ) Астана и.в.
Генерален пласман по етапата 5
Возач Екипа Време
1  Лука Паолини (ИТА) Розова маичка Црвена маичка Катјуша 19ч 56' 39"
2  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 17"
3  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 26"
4  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 31"
5  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Шарп + 34"
6  Бредли Вигинс (ВБР) Тим Скај + 34"
7  Џампаоло Карузо (ИТА) Катјуша + 36"
8  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 37"
9  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 39"
10  Кедел Еванс (АВС) Аксент Џобс-Ванти + 42"
9 мај 2013 — Мола ди Бари до Маргерита ди Савоја, 169 км[51]

Шестата етапа на Џиро д’Италија била сметана за спринтерска етапа на трката, на која патеката била сосем рамна, на брегот на Јадранското Море.[52] Патеката се движела низ внатрешноста по вториот среден спринт со мало искачување на еден рид, но тоа не било категоризирано за планинскиот пласман. Рутата се вратила на брегот за завршницата во Маргерита ди Савоја, каде биле извозени два круга од 16,3 километри пред очекуваната спринтерска завршница.[53] Дневното бегство било составено од австралиски возачи, кога возачот на Бланко Про Сајклинг Џек Бобриџ бил придружен од Камерон Вурф од Канондејл, кој учествувал во бегството на воведната етапа,[54] откако се одвоиле од групата по бројните мали напади кои биле прекинати во првите 15 километри, остварувајќи предност од околу шест и пол минути на етапата, пред спринтерските екипи да започнат да ги бркаат.[53]

Колегите на Вурф биле способни да му овозможат на Елија Вивијани предност пред возачот на Омега Парма-Квик Степ Марк Кевендиш[55] на двата средни спринта каде се доделуваат бодови за бодовниот пласман.[53] Пред првиот премин низ целната линија, двата бегалци биле достигнати и скоро веднаш потоа настанал голем пад во главната група, што го блокирал патот.[56] Групата се поделила, но на крајот стигнала заедно на 10 километри пред крајот и се подготвила за спринтерска завршница.[54] Аргос-Шимано предводел во последниот километар, но наскоро Омега Парма-Квик Степ стигнал напред со Герт Стегманс кој го довел Кевендиш до неговата втора етапна победа на трката и негова 38. Гранд Тур етапна победа.[53] Откако ги испофалил неговите колеги,[57] Кевендиш ја посветил победата на подиумот на Ваутер Вејлант со држење на бројот 108,[58] бројот што го носел Вејлант на Џиро д’Италија 2011, кога загинал на третата етапа, одржана на 9 мај.[59] Исто така го вратил водството во бодовниот пласман од предводникот на трката Лука Паолини, кој ја задржал розовата маичка.[60]

Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1  Марк Кевендиш (ВБР) Омега Парма-Квик Степ 3ч 56' 03"
2  Елија Вивијани (ИТА) Канондејл и.в.
3  Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
4  Насер Буани (ФРА) ФДЖ и.в.
5  Матија Гаваци (ИТА) Андрони Џокатоли-Венецуела и.в.
6  Мануел Белети (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
7  Давиде Аполонио (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
8  Џакомо Ницоло (ИТА) РадиоШек-Леопард и.в.
9  Мати Брешел (ДАН) Тим Саксо-Тинкоф и.в.
10  Роберто Ферари (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
Генералниот пласман по етапата 6
Возач Екипа Време
1  Лука Паолини (ИТА) Розова маичка Катјуша 23ч 52' 42"
2  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 17"
3  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 26"
4  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 31"
5  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Шарп + 34"
6  Бредли Вигинс (ВБР) Тим Скај + 34"
7  Џампаоло Карузо (ИТА) Катјуша + 36"
8  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 37"
9  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 39"
10  Кедел Еванс (АВС) Аксент Џобс-Ванти + 42"
10 мај 2013 — Сан Салво до Пескара, 177 км[61]

Возачите на седмата етапа ги чекала нерамна патека на растојание од 177 километри, започнувајќи и завршувајќи на брегот на Јадранското Море. Меѓутоа, поголемиот дел од возбудувањата на етапата се очекувало да се случат во внатрешноста и во втората половина на етапата; во последните 60 километри постоеле четири категоризирани искачувања, две од трета категорија и две од четврта соодветно, како и два средни спринта.[62] Последното искачување на Сан Силвестро било на само 7,4 километри пред рамната завршница во Пескара на само 3 метри надморска височина.

Фабио Таборе (Вини Фантини-Селе Италија) го отпочнал првиот напад на етапата,[63] но без резултат додека не се создало бегство од шест возачи на кои им било дозволено да се одвојат од групата; најдобро пласиран возач помеѓу нив бил возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Емануеле Села, кој доцнел околу седум минути зад предводникот на трката Лука Паолини од Катјуша.[64] Шесторката направила предност од седум и пол минути на половина од етапата, пред Таборе и неговите колеги, како и екипата на Паолини, да започнат да го намалуваат водството. Водечката група се поделила на второто искачување во Кјети, кога Села и Адам Хансен од Лото-Белисол успеале да се одвојат од четворицата други членови на бегството.[63] Дождот создавал тешки услови за возење, кога Села паднал на еден од свиоците; Хансен го почекал Села пред да направи разлика во однос на главната група. Хансен се одвоил од Села на третото од четирите искачување, искачување од трета категорија со просечен наклон од 5,9%,[65] стигнувајќи на врвот на искачувањето со предност од околу 30 секунди.

Во главната група возачот на Астана Танел Кангерт и возачот на Вини Фантини-Селе Италија Данило ди Лука се одвоиле од групата;[63] додека биле во подножјето на последното искачување, колегата на Кангерт Винченцо Нибали паднал поради влажните услови.[66] Тогаш, главната група се поделила, кога Тим Скај ја промашиле насоката, оставајќи го Бредли Вигинс во втората група. Села, кој бил помеѓу водечката и главната група, паднал на околу 5 километри пред крајот, а на истата кривина подоцна и Вигинс доживеал пад,[67], губејќи дополнително време во однос на главната група. Напред Хансен, кој завршил на сите Гранд Тур трки во 2012,[64] бил сè уште во водство и сам стигнал до неговата прва победа од 2010.[68] Подоцна дошла и група со 27 возачи, предводена од возачот на Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс Енрико Батаљин. Мнозинството на фаворитите на трката биле во оваа група, со исклучок на Вигинс, кој изгубил скоро 90 секунди во однос на нив, излегувајќи од првите 20 во генералниот пласман.[69] Паолини исто така не бил во групата и така го предал водството на трката на возачот на Мовистар Тим Бењат Инчаусти,[70] додека Нибали и возачот на Гармин-Шарп Рајдер Хесједал доцнеле под десет секунди пред хронометар наредниот ден.[63]

Резултат од етапа 7
Возач Екипа Време
1  Адам Хансен (АВС) Лото-Белисол 4ч 35' 49"
2  Енрико Батаљин (ИТА) Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс + 1' 07"
3  Данило ди Лука (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 1' 07"
4  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 1' 07"
5  Дамијано Карузо (ИТА) Канондејл + 1' 07"
6  Кедел Еванс (АВС) Аксент Џобс-Ванти + 1' 07"
7  Стефано Пираци (ИТА) Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс + 1' 07"
8  Арнолд Жанесон (ФРА) ФДЖ + 1' 07"
9  Питер Венинг (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ + 1' 07"
10  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Шарп + 1' 07"
Генерален пласман по етапата 7
Возач Екипа Време
1  Бењат Инчаусти (ШПА) Розова маичка Мовистар Тим 28ч 30' 04"
2  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 5"
3  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Шарп + 8"
4  Џампаоло Карузо (ИТА) Катјуша + 10"
5  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 13"
6  Кедел Еванс (АВС) Аксент Џобс-Ванти + 16"
7  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 19"
8  Иван Сантаромита (ИТА) Аксент Џобс-Ванти + 26"
9  Питер Венинг (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ + 29"
10  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард + 34"
11 мај 2013 — Габиче Маре до Салтара, 54,8 км, поединечен хронометар (ITT)[71]

Првиот од двата поединечни хронометри се одржал на осмата етапа и тоа било најдолг хронометар на трката од 2009. На тој хронометар, тогашниот возач на Рабобанк Денис Мењшов победил на патеката долга 60,6 километри со време од над 94 минути.[72] Областа Марке била домаќин на патеката од 54,8 километри со кривулеста техничка патека, но не премногу планински како во 2009. Последните 3,5 километри од патеката претставувале вистински предизвик за возачите; од втората мерна точка во Калчинели,[71] возачите оделе кон завршницата во Вила дел Бали ин Салтара со просечен наклон на искачувањето од 11,2% во последниот километар. Како и обично на хронометарските етапи, возачите биле поставени во обратен редослед од тоа како биле подредени во генералниот пласман на крајот на претходната етапа. Така, Џек Бобриџ од Бланко Про Сајклинг, кој бил на 201. место[64] од вкупно 207 возачи на почетокот и доцнел еден час, дваесет и четири минути и дванаесет секунди зад предводникот на трката Бењат Инчаусти (Мовистар Тим), бил првиот возач кој настапил.[73]

Иако Бобриџ бил првиот на патеката,[74] не стигнал прв на крајот, бидејќи возачот на Катјуша Максим Белков, кој тргнал на патеката три минути зад Бобриџ (распоредени на една минута меѓу возачите), забележал време од еден час, дваесет и една минута и триесет и две секунди на патеката; Бобриџ завршил три минути подоцна, губејќи вкупно шест минути во однос на Белков.[75] Времето на Белков останало на врвот околу 15 минути пред возачот на РадиоШек-Леопард Џеси Сарџент да избие на врвот, надминувајќи го времето на Белков за 3' 05". Повторно, Сарџент се одржал на врвот исто време како Белков пред да биде забележано завршното победничко време на етапата. Британскиот национален првак Алекс Даусет (Мовистар Тим) го поставил најбрзото време на секоја од мерните точки и на крајот забележал време за две минути побрзи од Сарџент,[75] односно еден час, шеснаесет минути и дваесет и седум секунди.[74] На неговиот прв Гранд Тур, Даусет ја остварил својата прва етапна победа од Трката околу Британија 2011, исто така остварена на поединечен хронометар.

Помеѓу кандидатите за генерален пласман, возачот на Тим Скај Бредли Вигинс бил сметан како фаворит пред етапата, но не се очекувало да ја преземе розовата маичка откако изгубил време на претходната етапа.[76] Вигинс го достигнал возачот пред него Данило ди Лука (Вини Фантини-Селе Италија) уште во почетниот дел од етапата,[74] но морал да застане неколку минути подоцна поради дупната гума; го фрлил неговиот велосипед на земја,[77] пред да добие нов од неговиот механичари. Иако бил 52 секунди побавен од Даусет на првата мерна точка,[75] Вигинс ја намалил разликата на само 10 секунди на крајот, што било најблиско до времето на Даусет. Возачот на Лампре-Мерида Микеле Скарпони забележал солиден резултат и изгубил само 43 секунди во однос на Вигинс,[78] додека возачот на Аксент Џобс-Ванти Кедел Еванс изгубил 29 секунди, но во генералниот пласман бил за 47 секунди подобар од него. Еванс исто така се поместил на второто место во генералниот пласман,[79] а возачот на Астана Винченцо Нибали станал новиот водач.[74] Нибали бил побрз од Даусет на првата мерна точка, но задоцнил во втората половина на патеката, завршувајќи четврти на етапата, веднаш зад колегата Танел Кангерт, губејќи единаесет секунди во однос на Вигинс,[75] но задржувајќи го водството од 1' 16" пред него во генералниот пласман.[80]

Резултат од етапа 8
Возач Екипа Време
1  Алекс Даусет (ВБР) Мовистар Тим 1ч 16' 27"
2  Бредли Вигинс (ВБР) Тим Скај + 10"
3  Танел Кангерт (ЕСТ) Астана + 14"
4  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 21"
5  Стеф Клемент (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 32"
6  Лук Дарбриџ (АВС) Орика-ГринЕЏ + 35"
7  Кедел Еванс (АВС) Аксент Џобс-Ванти + 39"
8  Мануеле Боаро (ИТА) Тим Саксо-Тинкоф + 45"
9  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 53"
10  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 53"
Генерален пласман по етапата 8
Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розова маичка Астана 29ч 46' 57"
2  Кедел Еванс (АВС) Аксент Џобс-Ванти + 29"
3  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 1' 15"
4  Бредли Вигинс (ВБР) Тим Скај + 1' 16"
5  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 1' 24"
6  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Шарп + 2' 05"
7  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 2' 11"
8  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 2' 43"
9  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 2' 44"
10  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 2' 49"
12 мај 2013 — Сансеполкро до Фиренца, 170 км[81]

Деветтата етапа на Џиро д’Италија била последна која се одржала пред првиот од двата дена за одмор следниот ден предвидени на трката. На растојание од 170 километри низ планините во Тоскана се очекувало дека бегството ќе има шанса да постигне уште една етапна победа, на истото место на кое се планира да се одржи Светското друмско првенство 2013. Патеката имала мешавина на категоризирани искачувања. Највисокото од нив било искачувањето од прва категорија Валомброза, но не било премногу тешко со 6% наклон на 9 километри должина. Следеле две кратки искачувања; Вета ле Крочи од трета категорија со просечен наклон од 9% на 4 километри, додека Фјезоле имало просек од 5,7%, пред завршницата од 10 километри во Фиренца.[82]

Откако раниот потег на седум возачи бил спречен, бегството на трката било создадено на 21. километар,[83] кога група од дванаесет возачи се одвоила; најдобро пласиран помеѓу нив бил возачот на Бланко Про Сајклинг Хуан Мануел Гарате, кој доцнел 5' 42" зад предводникот на трката Винченцо Нибали (Астана).[83] Водечката група се поделила на првото искачување на етапата, Конзума, кога возачот на Колумбија Робинсон Чалапуд нападнал заедно со Стефано Пираци од екипата Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс, а на спустот од искачувањето им се приклучил возачот на Катјуша Максим Белков. Тројката постојано го зголемувала своето водство пред главната група, одржувајќи предност од околу пет минути.[83] Белков загубил време на второто искачување, кога Пираци повторно заедно со Чалапуд поминал на врвот, со цел да ја подобри својата положба во планинскиот пласман, но сепак уште еднаш успеал да ги стигне на спустот.

Откако Белков им се приклучил, не се задржал многу со нив, туку забрзал и се одвоил од Пираци и Чалапуд.[84] Направил предност од скоро две минути во однос на групата на Пираци и Чалапуд и уште тројца возачи кои им се приклучиле на околу 40 километри пред целта; групата набрзо се проширила на девет возачи во потера по Белков, кој имал три и пол минути предност на 25 километри пред крајот. Белков се уморил во последните метри, но сепак успеал да се задржи и да победи на етапата со 44 секунди предност за негова прва професионална победа.[85] Зад него биле Харлинсон Пантано (Колумбија) и возачот на Аргос-Шимано Тобијас Лудвигсон, кои нападнале од групата.[84] Обајцата возачи на крајот биле поминати од возачот на Аг2р-Ла Мондијал Карлос Бетанкур, кој нападнал од групата на последното искачување; по грешка помислил дека ја освоил етапата и славенички влетал низ целта. Пантано го победил Лудвигсон за третото место,[84] додека кратко потоа Кедел Еванс (Аксент Џобс-Ванти) ја довел главната група, освојувајќи го водството во бодовниот пласман.[86] Меѓутоа еден од кандидатите за генералниот пласман недостигал во групата, Рајдер Хесједал од Гармин-Шарп, кој задоцнил една минута во однос на групата и излегол од првите десет во генералниот пласман.[87]

Резултат од етапа 9
Возач Екипа Време
1  Максим Белков (РУС) Катјуша 4ч 31' 31"
2  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 44"
3  Харлинсон Пантано (КОЛ) Колумбија + 46"
4  Тобијас Лудвигсон (ШВЕ) Аргос-Шимано + 54"
5  Кедел Еванс (АВС) Аксент Џобс-Ванти + 1' 03"
6  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 1' 03"
7  Данило ди Лука (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 1' 03"
8  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 1' 03"
9  Дамијано Карузо (ИТА) Канондејл + 1' 03"
10  Винченцо Нибали (ИТА) Розова маичка Астана + 1' 03"
Генерален пласман по етапата 9
Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розова маичка Астана 34ч 19' 31"
2  Кедел Еванс (АВС) Црвена маичка Аксент Џобс-Ванти + 29"
3  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 1' 15"
4  Бредли Вигинс (ВБР) Тим Скај + 1' 16"
5  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 1' 24"
6  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 2' 11"
7  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 2' 43"
8  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 2' 44"
9  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 2' 49"
10  Танел Кангерт (ЕСТ) Астана + 3' 02"
14 мај 2013 — Корденонс до Алтопјано дел Монтазио, 167 км[88]

Првата завршница на трката на нагорнина била прво продолжување по првиот ден за одмор претходниот ден; патеката од 167 километри од Корденонс започнала со постепено искачување со неколку мали ридови во првата половина на етапата.[88] Подоцна имало пострмни искачувања по првиот среден спринт, кој бил на 64 километри пред целта.[88] Оттука, возачите започнале да се искачуваат на Пасо Казон ди Ланца, искачување во должина од 14,5 километри, но со спуст од околу 2 километри со просечен наклон од 8,5%. Следело долго постепено искачување кон градот Кјузафорте пред искачувањето Алтопјано дел Монтазио. По полесниот пристап, искачувањето од 10,9 километри имало делови со 14% наклон, како и делови со наклон од 20% близу врвот на искачувањето[89], додека просечниот наклон изнесувал 8%. Последниот километар бил донекаде рамен со наклон од 3,2%, пред завршницата на 1.519 метри.[90]

Група на тринаесет возачи го создале бегството на денот, која се создала на 20 километри од почетокот на етапата, а нивната предност пред главната група достигнала максимални девет минути на средина на етапата.[91] Тим Скај се поместил на чело на групата кога започнало првото искачување,[92] додека напред во групата, возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Џексон Родригес отпочнал сопствен напад. На искачувањето бил следен од возачот на РадиоШек-Леопард Тијаго Машадо, кој исто така нападнал од групата со Серж Пауелс од Омега Парма-Квик Степ. Бројноста на групата значително се намалила благодарение на силното темпо, пред да нападне колегата на Родригес Франко Пелицоти од групата, започнувајќи потера по водечките.[92] По неговите потешкотии да остане со главните кандидати за победа на претходната етапа, бранителот на титулата на Џиро Рајдер Хесједал (Гармин-Шарп) повторно заостанал во однос на конкуренција.[93] Изгубил скоро 21 минута на крајот на етапата.[94]

Родригес се соочил со механички проблеми на спустот од искачувањето и по промената на велосипедот до него стигнал Паувелс, откако се одвоил од Машадо; двоецот достигнал до ниските падини на последното искачување со водство од околу 2' 20" пред главната група, која сè уште била предводена од Тим Скај.[92] Оваа разлика исчезнала пред да дојдат пострмните делови на искачувањето на околу 10 километри пред крајот. Ригоберто Уран нападнал неколку километри подоцна, додека Астана била приморана да се обиде да го следи потегот за предводникот на трката Винченцо Нибали, преку неговиот помошник Валерио Ањоли.[91] Уран држел предност од околу 50 секунди во однос на групата[95] и на крајот успеал да дојде до етапна победа. Неговиот сонародник Карлос Бетанкур (Аг2р-Ла Мондијал) успеал да се одвои на околу еден и пол километар пред крајот и завршил 19 секунди зад Уран,[92] додека остатокот од фаворите пристигнале на целта 12 секунди подоцна, предводени од Нибали. Со осум бонус секунди добиени на целта,[96] Нибали го зголемил своето водство на 41 секунда пред возачот на Аксент Џобс-Ванти Кедел Еванс, додека Уран се поместил напред на третото место пред колегата Бредли Вигинс и доцнел една секунда во однос на Еванс.[97]

Резултат од етапа 10
Возач Екипа Време
1  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај 4ч 37' 42"
2  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 20"
3  Винченцо Нибали (ИТА) Розова маичка Астана + 31"
4  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 31"
5  Кедел Еванс (АВС) Црвена маичка Аксент Џобс-Ванти + 31"
6  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф + 31"
7  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 31"
8  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард + 47"
9  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 1' 06"
10  Бредли Вигинс (ВБР) Тим Скај + 1' 08"
Генерален пласман по етапата 10
Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розова маичка Астана 38ч 57' 32"
2  Кедел Еванс (АВС) Црвена маичка Аксент Џобс-Ванти + 41"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 2' 04"
4  Бредли Вигинс (ВБР) Тим Скај + 2' 05"
5  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 2' 12"
6  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 2' 13"
7  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 2' 55"
8  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 3' 35"
9  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 4' 17"
10  Рафал Мајка (ПОЛ) Бела маичка Тим Саксо-Тинкоф + 4' 21"
15 мај 2013 — ТарвизиоКаве дел Предил до ВајонтЕрто е Касо, 182 км[98]

Средната точка на трката била обележана со преодна етапа низ регионот Фурланија-Јулиска Краина, започнувајќи во Каве дел Предил на околу 15 километри јужно од Тарвизио. По спуштањето кон самиот Тарвизио, пред возачите имало мал рид, пред повторно да се спуштаат постепено.[98] Откако ќе се поминело низ зоната за хранење, возачите започнувале да се искачуваат на Села Чампигото од втора категорија со просечен наклон од 4,5%. Оттука, возачите се спуштале и поминале низ двата средни спринта[98] пред да се упатат кон завршницата во Ерто е Касо. Последното искачување било со просечен наклон од околу 5%, но самото искачување имало делови и до 9%. Етапата Вајонт била одржана во чест на жртвите во катастрофата околу браната Вајонт во 1963,[99] кога лизгање на земјиште предизвикало големи поплави во долината на Пијава и смрт на околу 2.000 луѓе.[100]

Пред почетокот било објавено дека возачот на Аг2р-Ла Мондијал Силвен Жорж, кој бил на 81. место во генералниот пласман,[91] бил позитивен на тестирањето за хептаминол по седмата етапа и не му било дозволено да ја започне етапата.[101] Поради спуштањето во првиот час од возењето, групата останала заедно, пред да се одвои бегство од дваесет возачи на 75. километар; 20 од 23 екипи имале возачи во бегството[100] и само Астана, Лампре-Мерида и Лото-Белисол не биле претставени во бегството.[102] Највисоко пласиран возач во рамки на групата бил возачот на Вини Фантини-Селе Италија Данило ди Лука, кој доцнел околу четиринаесет минути зад предводникот на трката Винченцо Нибали (Астана).[103] Групата изградила предност од околу пет минути на половина на етапата пред првото искачување на етапата. Откако Стефано Пираци (Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс) го зголемил своето водство во планинскиот пласман, а Џексон Родригес од Андрони Џокатоли-Венецуела завршил како второпласиран на врвот, групата продолжила заедно да се спушта.[103] Групата го одржувала водството од околу пет и пол минути пред групата предводена од Астана, кои поставувале темпо за Нибали.[104]

Возачот на Аргос-Шимано Патрик Греч нападнал од групата и неговата предност на крајот се искачила на скоро две минути пред последното искачување. Ди Лука се обидел на двапати да побегне, но не можел да се одвои од групата; меѓутоа, неговиот потег бил одлучувачки за други тројца возачи за возвратен напад, кога на возачот на Аг2р-Ла Мондијал Гијом Бонафон му се приклучиле Рамунас Навардаускас од Гармин-Шарп, кој ја носел розовата маичка во текот на Џиро д’Италија 2012[105] и Даниел Ос од Аксент Џобс-Ванти. Бонафон не можел да се задржи со своите соперници и набрзо отпаднал од групата, додека Навардаускас и Ос започнале потера на Греч,[106] достигнувајќи го на околу 17,5 километри пред целта.[103] Греч се борел да придонесе на темпото и на крајот се откажал пред последното искачување. Навардаускас се одвоил од Ос со неколку остри забрзувања на 5 километри пред крајот[104] и сам продолжил кон неговата прва Гранд Тур победа со предност од околу една минута во однос на Ос.[103] Пираци се одвоил од другата група и го зазел третото место со што дополнително го зголемил своето водство во планинскиот пласман[107], додека остатокот на групата пристигнала во мали групи. Главната група стигнала скоро шест минути зад нив,[104] иако возачот на Мовистар Тим Бењат Инчаусти успеал да добие малку време пред другите кандидати за генералниот пласман; разликата од 18 секунди била доволна за Инчаусти да се врати во првите десет.[103]

Резултат од етапа 11
Возач Екипа Време
1  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Гармин-Шарп 4ч 23' 14"
2  Даниел Ос (ИТА) Аксент Џобс-Ванти + 1' 08"
3  Стефано Пираци (ИТА) Сина маичка Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс + 2' 59"
4  Салваторе Пучо (ИТА) Тим Скај + 3' 07"
5  Паул Мартенс (ГЕР) Бланко Про Сајклинг + 3' 07"
6  Данило ди Лука (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 3' 07"
7  Егои Мартинес (ШПА) Еускалтел-Еускади + 3' 07"
8  Серж Пауелс (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 3' 10"
9  Евгениј Петров (РУС) Тим Саксо-Тинкоф + 3' 11"
10  Џексон Родригес (ВЕН) Андрони Џокатоли-Венецуела + 3' 25"
Генерален пласман по етапата 11
Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розова маичка Астана 43ч 26' 27"
2  Кедел Еванс (АВС) Црвена маичка Аксент Џобс-Ванти + 41"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 2' 04"
4  Бредли Вигинс (ВБР) Тим Скај + 2' 05"
5  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 2' 12"
6  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 2' 13"
7  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 2' 55"
8  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 3' 35"
9  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 4' 05"
10  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 4' 17"
  1. Маичките кои се појавуваат во табелата на левата страна од страницата ги означуваат возачите кои ги носат на одредената етапа, додека оние кои се појавуваат на десната страна на страницата ги означуваат возачите на кои им се доделени по етапата.
  1. „Профил на етапата 1: Неапол - Неапол“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2013.
  2. „The old, the young, the Italians and the foreigners“. Cyclingnews. Future plc. 1 мај 2013. Посетено на 4 мај 2013.
  3. „Неапол ќе биде домаќин на првата етапа на Џиро д'Италија 2013“. La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. 25 јуни 2012. Посетено на 4 мај 2013.
  4. „Џиро д'Италија 2013 ќе започне во Неапол“. Cyclingnews. Future plc. 25 јуни 2012. Посетено на 4 мај 2013.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Мур, Кајл (4 мај 2013). „Марк Кевендиш победи во спринтот во малата група пред Вивијани“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 4 мај 2013.
  6. 6,0 6,1 Вестемајер, Сузан (4 мај 2013). „Марк Кевендиш победи на етапата 1“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 4 мај 2013.
  7. Рајан, Бери (4 мај 2013). „Wurf tries to beat the odds in Naples“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 4 мај 2013.
  8. Фотерингем, Аласдер (4 мај 2013). „Кевендиш ја освоил 37. етапна победа на Гранд Тур со доцен напад во Неапол“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 4 мај 2013.
  9. „Марк Кевендиш победи на етапата 1 на Џиро д'Италија 2013“. VeloNews. Competitor Group. 4 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-05-07. Посетено на 4 мај 2013.
  10. Ryan, Barry (4 мај 2013). „Viviani falls just short in Naples“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 4 мај 2013.
  11. „Профил на етапата 2: Искја - Форио“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2013.
  12. Дејвис, Џастин (5 мај 2013). „Скај победи на екипниот хронометар на Џиро д'Италија 2013, Салваторе Пучо носител на розовата маичка“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. Архивирано од изворникот на 2013-12-19. Посетено на 6 мај 2013.
  13. Farrand, Stephen (5 мај 2013). „Ischia headaches, Bernhard loves Bouhanni and remembering Gino“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 6 мај 2013.
  14. Фаранд, Стивен (5 мај 2013). „Омега Парма-Квик Степ ќе тргнат последни на екипниот хронометар на Џиро д'Италија“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 6 мај 2013.
  15. 15,0 15,1 15,2 „Sky and Wiggins time trial to stage 2 victory“. Cyclingnews. Future plc. 5 мај 2013. Посетено на 6 мај 2013.
  16. 16,0 16,1 16,2 Аткинс, Бен (5 мај 2013). „Тим Скај го доведе Салваторе Пучо во розово по екипниот хронометар на Искја“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 6 мај 2013.
  17. Симпсон, Ричард (5 мај 2013). „Екипното возење го довело Пучо во водство на Џиро“. Тим Скај. BSkyB. Архивирано од изворникот на 2013-05-08. Посетено на 6 мај 2013.
  18. Роџерс, Нил (4 мај 2013). „Giro d'Italia peloton wary of stage 2's mysterious team time trial“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2013-05-07. Посетено на 6 мај 2013.
  19. „Тим Скај победи на екипниот хронометар“. BBC Sport. BBC. 5 мај 2013. Посетено на 6 мај 2013.
  20. „Сер Бредли Вигинс втор во генералниот пласман откако Скај победи на екипниот хронометар на Џиро“. The Guardian. Guardian Media Group. 5 мај 2013. Посетено на 6 мај 2013.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 „Профил на етапата 3: Соренто - Ашеа“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2013.
  22. 22,0 22,1 Tabacco, Andrea (3 мај 2013). „All the stages and the favorites: Only Wiggins against Nibali?“. Yahoo! Eurosport Italia (италијански). TF1 Group. Посетено на 7 мај 2013.
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 Аткинс, Бен (6 мај 2013). „Luca Paolini attacks into the Maglia Rosa in technical stage three finish“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 7 мај 2013.
  24. 24,0 24,1 Farrand, Stephen (6 мај 2013). „Pugnacious Paolini prevails on stage 3 of Giro d'Italia“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 7 мај 2013.
  25. Lowe, Felix (6 мај 2013). „Paolini picks up pink after stage three win“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 7 мај 2013.
  26. Ryan, Barry (6 мај 2013). „Hesjedal goes on the offensive at Marina di Ascea“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 7 мај 2013.
  27. „Paolini wins stage 3 of the Giro d'Italia“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 6 мај 2013. Посетено на 7 мај 2013.
  28. Ryan, Barry (6 мај 2013). „Double win for late Giro debutant Paolini“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 7 мај 2013.
  29. „Katusha rider Luca Paolini in the pink after late attack bears fruit in Marina di Ascea“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. 6 мај 2013. Посетено на 7 мај 2013.
  30. Atkins, Ben (6 May 2013). „Cadel Evans takes back time in technical stage three finish“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 7 May 2013.
  31. „Профил на етапата 4: Поликастро Бусентино - Сера Сан Бруно“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2013.
  32. „Батаљин победи во трилерот на Џиро, Вигинс изгуби време“. Cycling Central. Special Broadcasting Service. Agence France-Presse. 8 мај 2013. Посетено на 8 мај 2013.[мртва врска]
  33. 33,0 33,1 Вестемајер, Сузан (7 мај 2013). „Battaglin takes breakthrough Giro d'Italia stage win“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 8 мај 2013.
  34. Фотерингем, Вилијам (7 мај 2013). „Bradley Wiggins wobbles on the cobbles in Giro d'Italia stage four“. The Guardian. Guardian Media Group. Посетено на 8 мај 2013.
  35. 35,0 35,1 35,2 35,3 Atkins, Ben (7 мај 2013). „Enrico Battaglin powers to a wet stage four victory“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 8 мај 2013.
  36. Lowe, Felix (7 мај 2013). „Victory for Battaglin as Wiggins loses time“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 8 мај 2013.
  37. Fotheringham, Alasdair (7 мај 2013). „Battaglin takes breakthrough Giro d'Italia stage win“. Cyclingnews.com]]. Future plc. Посетено на 8 мај 2013.
  38. „Battaglin wins stage 4 of 2013 Giro d'Italia“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-06. Посетено на 8 мај 2013.
  39. „At the fore once again“. Мовистар Тим. Movistar. 7 мај 2013. Посетено на 8 мај 2013.
  40. Bull, Nick (7 мај 2013). „Enrico Battaglin sprints to first Giro d'Italia stage victory“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 8 мај 2013.
  41. „Профил на етапата 5: Козенца - Матера“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2013.
  42. 42,0 42,1 42,2 42,3 Аткинс, Бен (8 мај 2013). „Џон Дегенколб победи во хаотичната петта етапа по падот во последната кривина“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 9 мај 2013.
  43. 43,0 43,1 Benson, Daniel (8 мај 2013). „Дегенколб победи на етапата 5 на Џиро д'Италија“. Cyclingnews]]. Future plc. Посетено на 9 мај 2013.
  44. „Италијанецот Лука Паолини го зачува водството на Џиро“. USA Today. Larry Kramer; Gannett Company. Associated Press. 8 мај 2013. Посетено на 9 мај 2013.
  45. Лоу, Феликс (8 мај 2013). „Дегенколб го избегна падот и победи на влажната петта етапа“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 9 мај 2013.
  46. „Дегенколб победи на етапата 56 на Џиро д'Италија 2013“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 8 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-06. Посетено на 9 мај 2013.
  47. Westby, Matt (8 мај 2013). „Bradley Wiggins remains sixth as John Degenkolb wins dramatic fifth stage“. Sky Sports. BSkyB. Посетено на 9 мај 2013.
  48. Аткинс, Бен (8 мај 2013). „Marco Canola: "I was about to realise a dream and I almost made it". VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 9 мај 2013.
  49. Fotheringham, Alasdair (8 мај 2013). „Degenkolb ecstatic after taking first Giro d'Italia stage win“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 9 мај 2013.
  50. Rogers, Neal (8 мај 2013). „Degenkolb adds sixth grand tour stage win and carries weight of Germany's future“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2013-06-06. Посетено на 9 мај 2013.
  51. „Профил на етапата 6: Мола ди Бари - Маргерита ди Савоја“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2013.
  52. „Преглед на етапа 6“. Cycling Weekly. IPC Media. 26 април 2013. Посетено на 11 мај 2013.
  53. 53,0 53,1 53,2 53,3 Аткинс, Бен (9 мај 2013). „Mark Cavendish wins stage six as teamwork comes together“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 11 мај 2013.
  54. 54,0 54,1 Косинс, Питер (9 мај 2013). „Кевендиш победи на спринтот во Маргерита ди Савоја“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 11 мај 2013.
  55. Lowe, Felix (9 мај 2013). „Cavendish the strongest in stage six“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 11 мај 2013.
  56. Atkins, Ben (9 мај 2013). „Bradley Wiggins survives another late scare as a crash stops half the bunch in its tracks“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 11 мај 2013.
  57. Rogers, Neal (9 мај 2013). „Brailsford praises Cavendish; Cav praises Omega Pharma leadout train“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2013-06-07. Посетено на 11 мај 2013.
  58. Fotheringham, Alasdair (9 мај 2013). „Cavendish remembers Weylandt on Giro d'Italia podium“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 11 мај 2013.
  59. „Remembering Weylandt, crashes and illnesses, Cobo“. Cyclingnews. Future plc. 9 мај 2013. Посетено на 11 мај 2013.
  60. „Mark Cavendish wins the sixth stage“. BBC Sport. BBC. 9 мај 2013. Посетено на 11 мај 2013.
  61. „Профил на етапата 7: Сан Салво - Пескара“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2013.
  62. „Преглед на етапата 7“. Cycling Weekly. IPC Media. 26 април 2013. Посетено на 12 мај 2013.
  63. 63,0 63,1 63,2 63,3 Аткинс, Бен (10 мај 2013). „Adam Hansen takes emotional solo as rain splits up the favourites“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 12 мај 2013.
  64. 64,0 64,1 64,2 „Адам Хансен победи во Пескара“. Cyclingnews. Future plc. 10 мај 2013. Посетено на 12 мај 2013.
  65. „Hansen wins wet, wild stage 7 at Giro d'Italia“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 10 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-07. Посетено на 12 мај 2013.
  66. Ryan, Barry (10 мај 2013). „Nibali picks himself up to land early blows in Pescara“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 12 мај 2013.
  67. Lowe, Felix (10 мај 2013). „Wiggins loses time as Hansen wins in Pescara“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 12 мај 2013.
  68. Fotheringham, Alasdair (10 мај 2013). „Hansen takes spectacular lone win in rain“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 12 мај 2013.
  69. Ryan, Barry (10 мај 2013). „Wiggins slides down the pecking order at Giro d'Italia“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 12 мај 2013.
  70. Fotheringham, Alasdair (10 мај 2013). „Intxausti celebrates unexpected first Grand Tour lead in Giro d'Italia“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 12 мај 2013.
  71. 71,0 71,1 „Профил на етапата 8: Габиче Маре - Салтара“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2013.
  72. Hood, Andrew (21 мај 2009). „Menchov wins stage 12 time trial at Cinque Terre and takes lead“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2015-09-06. Посетено на 12 мај 2013.
  73. „Maglia rosa on the line in Saturday's time trial“. Cyclingnews. Future plc. 11 мај 2013. Посетено на 12 мај 2013.
  74. 74,0 74,1 74,2 74,3 Вестемајер, Сузан (11 мај 2013). „Даусет победи на хронометар во Салтара“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 12 мај 2013.
  75. 75,0 75,1 75,2 75,3 Atkins, Ben (11 мај 2013). „Nibali takes pink in Saltara time trial as Dowsett takes his maiden win“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 12 мај 2013.
  76. Ryan, Barry (11 мај 2013). „Disappointment for Wiggins in Saltara time trial“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 12 мај 2013.
  77. „Wiggins's terrible luck continues in Giro“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. 11 мај 2013. Посетено на 12 мај 2013.
  78. Lowe, Felix (11 мај 2013). „Dowsett upsets Wiggins as Nibali takes pink“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 12 мај 2013.
  79. Ryan, Barry (11 мај 2013). „Evans moves up to second overall“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 12 мај 2013.
  80. Ryan, Barry (11 мај 2013). „The Giro d'Italia isn't over yet, says Nibali“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 12 мај 2013.
  81. „Профил на етапата 9: Сансеполкро - Фиренца“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2013.
  82. „Vincenzo Nibali defends lead as Maxim Belkov wins stage 9 of the 2013 Giro“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 12 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-07. Посетено на 13 мај 2013.
  83. 83,0 83,1 83,2 Atkins, Ben (12 мај 2013). „Maxim Belkov solos into rainy Florence after stage long break“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 13 мај 2013.
  84. 84,0 84,1 84,2 Benson, Daniel (12 мај 2013). „Belkov solos to victory in Florence“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 13 мај 2013.
  85. Fotheringham, Alasdair (12 мај 2013). „Belkov secures second stage win for Katusha at Giro d'Italia“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 13 мај 2013.
  86. Farrand, Stephen (12 мај 2013). „Evans happy heading into rest day“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 13 мај 2013.
  87. Fotheringham, Alasdair (13 мај 2013). „Hesjedal concedes time to Giro d'Italia favourites“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 13 мај 2013.
  88. 88,0 88,1 88,2 „Профил на етапата 10: Корденонс - Алтопјано дел Монтазио“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2013.
  89. Farrand, Stephen (14 мај 2013). „It's time to climb“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 16 мај 2013.
  90. Brown, Gregor (14 мај 2013). „Ryder Hesjedal believes Giro d'Italia is still wide open“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 16 мај 2013.
  91. 91,0 91,1 91,2 Westemeyer, Susan (14 мај 2013). „Uran prevails on Altopiano del Montasio“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 16 мај 2013.
  92. 92,0 92,1 92,2 92,3 Atkins, Ben (14 мај 2013). „Rigoberto Urán wins on Altopiano del Montasio as Nibali contains his rivals“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 16 мај 2013.
  93. Gladstone, Hugh (14 мај 2013). „Rigoberto Uran wins Giro stage 10 as Wiggins and Hesjedal lose time“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 16 мај 2013.
  94. Farrand, Stephen (14 мај 2013). „Hesjedal to decide on his Giro d'Italia plans before stage 11“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 16 мај 2013.
  95. „Uran wins stage 10 of the 2013 Giro d'Italia“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 14 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-07. Посетено на 16 мај 2013.
  96. Farrand, Stephen (14 мај 2013). „Nibali's confidence grows after gaining time on his rivals“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 16 мај 2013.
  97. Ryan, Barry (14 мај 2013). „Uran unwilling to claim Sky leadership at Giro d'Italia“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 16 мај 2013.
  98. 98,0 98,1 98,2 „Профил на етапата 11: Тарвизио - Вајонт 1963/2013“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2013.
  99. Brown, Gregor (15 мај 2013). „Ramunas Navardauskas's Giro win one for Garmin-Sharp after Hesjedal's problems“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 16 мај 2013.
  100. 100,0 100,1 Fotheringham, William (15 мај 2013). „Ramunas Navardauskas breaks clear to win stage 11 of the Giro d'Italia“. The Guardian. Guardian Media Group. Посетено на 16 мај 2013.
  101. „Sylvain Georges positive for Heptaminol“. Cyclingnews.com. Future plc. 15 мај 2013. Посетено на 16 мај 2013.
  102. Westby, Matt (15 мај 2013). „Garmin-Sharp's Ramunas Navardauskas climbs to victory on stage 11“. Sky Sports. BSkyB. Посетено на 16 мај 2013.
  103. 103,0 103,1 103,2 103,3 103,4 Atkins, Ben (15 мај 2013). „Ramunas Navardauskas takes a breakaway stage as the peloton takes the day off“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 16 мај 2013.
  104. 104,0 104,1 104,2 Benson, Daniel (15 мај 2013). „Navardauskas wins stage 11“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 16 мај 2013.
  105. Hood, Andrew (15 мај 2013). „Navardauskas win first of many opportunities for refocused Garmin“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2013-06-07. Посетено на 16 мај 2013.
  106. Ryan, Barry (15 мај 2013). „Navardauskas provides consolation prize for Garmin-Sharp“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 16 мај 2013.
  107. „Navardauskas wins stage 11 of the 2013 Giro d'Italia“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 15 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-07. Посетено на 16 мај 2013.