Џек Бобриџ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џек Бобриџ
Бобриџ на Еурометропол 2014
Лични податоци
Цело имеЏек Бобриџ
ПрекарБоби
Роден13 јули 1989(1989-07-13)(34 г.)
Аделаида, Австралија
Висина1,80 м[1]
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски и велодромски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
ЦСЦ Тим О’Грејди
Професионални клубови
2010–2011
2012
2013–2014
2015
2016
Гармин-Транзишанс
ГринЕЏ
Бланко Про Сајклинг
Тим Баџет Форклифтс
Трек-Сегафредо
Значајни победи
Национален друмски првак (2011, 2016)

Џек Бобриџ (англиски: Jack Bobridge; р. 13 јули 1989 во Аделаида) — поранешен австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2010-2016.

Кариера[уреди | уреди извор]

Бил четврти како дел од австралискиот состав за екипна потера на Олимпијадата 2008, губејќи од Нов Зеланд во борбата за бронзата.

Во мај 2009 година, Бобриџ потпишал со Гармин-Слипстрим, започнувајќи од 1 јануари 2010 со важност до 2012 година. Ја напуштил екипата на крајот на 2011 година и му се приклучил на ГринЕЏ за сезоната 2012.[2] Бобриџ го напуштил Орика-ГринЕЏ на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Бланко Про Сајклинг на двегодишен договор од сезоната 2013.[3]

Во септември 2009 година победил на хронометарот под 23 години на Светските друмски првенства.[4] Во јануари 2011 станал национален друмски првак. На 2 февруари 2011 поставил нов светски рекорд на писта во дисциплината поединечна потера 4 км.[5] Бобриџ бил носител на стипендија на Австралискиот институт за спорт.[6]

Во ноември 2014 година, Бобриџ бил најавен како дел од составот на екипата Тим Баџет Форклифтс за 2015 година, заедно со Лук Дејвисон, Глен О’Ши, Скот Сандерленд и Мичел Мулхерн, возејќи домашни трки со насочување кон велодромскиот велосипедизам и подготвување за настапите на Летните олимписки игри 2016.[7]

Бобриџ ја освоил воведната етапа на Тур Даун Андер 2015. Го изгубил водството на третата етапа, но ја завршил трката со маичката во планинскиот пласман. На 31 јануари 2015 година, Бобриџ се обидел да го урне светскиот часовен рекорд во Мелбурн. Извозел 51,3 километри, што било пократко од рекордот 51,852 километри. Меѓутоа, го сруши австралискиот национален часовен рекорд на Бред Мекги од 50,3 километри, кој постоел од 2000 година.[8] Во септември 2015 година било објавено дека Бобриџ ќе се врати во екипа од Светската турнеја во 2016 година, потпишувајќи едногодишен договор со Трек Фактори Рејсинг.[9] Бобриџ е моментален австралиски друмски првак.

Бобриџ го најавил своето повлекување од велосипедизмот во ноември 2016 година. Неговото повлекување било поради ефектите од ревматскиот артритис кој му бил првин дијагностициран во 2010 година.[10]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Велодромски[уреди | уреди извор]

2006
1. Светско јуниорско велодромско првенство - екипна потера
2007
1. Светско јуниорско велодромско првенство - екипна потера
1. Национално велодромско првенство - екипна потера
1. Национално велодромско првенство - медисон
2008
1. Светски велодромски куп Лос Анџелес - екипна потера
2009
1. Национално велодромско првенство - поединечна потера
1. Океански првенства - поединечна потера
1. Океански првенства - екипна потера
2010
1. Светско велодромско првенство - екипна потера
1. Комонвелтски игри - поединечна потера
3. Светско велодромско првенство - поединечна потера
2011
1. Светско велодромско првенство - екипна потера
1. Светско велодромско првенство - поединечна потера
1. Светски велодромски ранкинг - поединечна потера
2012
2. Олимписки игри - екипна потера
2. Светско велодромско првенство - екипна потера
2. Светско велодромско првенство - поединечна потера
2015
2. Светско велодромско првенство - поединечна потера
2016
2. Олимписки игри - екипна потера

друмски[уреди | уреди извор]

2007
3. Краен пласман Трка на реката Мареј
2009
1. Светско хронометарско првенство под 23 години
1. Национално друмско првенство под 23 години
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Трка околу Франкфурт под 23 години
1. Трка околу Франкфурт под 23 години
3. Краен пласман Трка околу Тирингија
1. Етапа 2
1. Етапа 5
7. Краен пласман Трка околу Јапонија
1. Етапа 4
1. Етапа 6
2010
1. Етапа 5 Енеко Тур Бенелукс
5. Краен пласман Делта Тур Зеланд
2011
1. Национално друмско првенство
2. Краен пласман Хералд Сан Тур
2015
1. Планински пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 1
2016
1. Национално друмско првенство
4. Краен пласман Хералд Сан Тур

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Џиро СО СО СО 156
Тур
Вуелта

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Џек Бобриџ“. london2012.olympics.com.au. Австралиски олимписки комитет. Архивирано од изворникот на 2013-12-31. Посетено на 17 јануари 2014.
  2. „Бобриџ и браќата Мајер први австралиски членови за ГринЕЏ“. Cycling News. Future Publishing Limited. 5 август 2011. Посетено на 1 јануари 2012.
  3. „Бобриџ во Рабобанк“. Cycling News. Future Publishing Limited. 18 септември 2012. Посетено на 24 септември 2012.
  4. Bobridge wins u23 world TT title
  5. Bobridge breaks Boardman's record
  6. AIS Athletes at 2010 Commonwealth Games
  7. „Бобриџ назад на велодромот со Тим Баџет Форклифтс“. Cyclingnews.com. 10 ноември 2014. Посетено на 18 декември 2014.
  8. Вудпауер, Зеб. „Bobridge misses out on Hour Record“. Cycling News.
  9. Кларк, Стјуарт (15 септември 2015). „Џек Бобриџ потпиша за Трек Фактори Рејсинг“. Cyclingnews.com. Посетено на 15 септември 2015.
  10. „Arthritis forces Jack Bobridge to ride into retirement“. The Advertiser. 29 ноември 2016. Посетено на 30 ноември 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]