Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 143.859 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Шагринска кожа (француски: La Peau de chagrin) — роман од францускиот романописец и драматург, Оноре де Балзак, издаден во 1831 година. Дејството, сместено во почетокот на XIX. век во Париз, ја кажува приказната за едно младо момче кое наоѓа парче шагрен, кое има моќ да ја исполни секоја негова желба. Но, со секоја посакана желба кожата се намалува и црпи дел од неговата физичка енергија. Романот припаѓа на „Филозофските студии“, група од Балзаковата романорека, „Човечка комедија“.

Иако романот користи фантастични елементи, главната цел му е реално прикажување на прекумерноста на буржоаскиот материјализам. Главната тема на книгата е конфликтот помеѓу желбата и долговечноста, каде што волшебната кожа ја претставува моќта на својот сопственик, која се троши со секое изразување на желба, особено кога станува збор за самото поседување на моќ.

Пред да биде завршена книгата, Балзак пробудил возбуда со тоа што издал серија статии и фрагменти во неколку париски весници. Иако задоцнил пет месеци во доставување на ракописот, тој успеал да привлече доволно интерес со што романот се распродал веднаш по неговото издавање. Второ издание, кое содржело серија од дванаесет други „филозофски сказни“, било издадено еден месец подоцна. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Претставничкиот дом на Парламентот на Австралија во Канбера.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Епрувети со раствори од pH 1–10 обоени со показател
Епрувети со раствори од pH 1–10 обоени со показател
На денешен ден…

Денес е 9 мај 2024 г.

Настани:

1926  Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот Пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација.
1945  Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот.
1947  Во Скопје, во Македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик — „Кавалерија рустикана“ (или „Селска чест“ како што било запишано на првиот плакат) од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.
1978  Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер Алдо Моро.

Родени:

1825  Џејмс Колинсон — англиски сликар.
1874  Хауард Картер — англиски египтолог.
1910  Љупчо Арсов — македонски револуционер.
1924  Булат Окуџава — советски поет, писател и музичар.
1945  Јуп Хејнкес — германски фудбалер и тренер.
1946  Кендис Берген — американска глумица и фото-модел.
1949  Били Џоел — американски поп-пејач.
1963  Сања Долежал — хрватска поп-пејачка, членка на групата „Нови фосили“.
1965  Сергеј Гаиков — руски кану-спринтер.
1968  Мари-Жозе Перек — француска атлетичарка.
1977  Марек Јанкуловски — чешки фудбалер.
1987  Кевин Гамеиро — француски фудбалер.
1988  Немања Бјелица — српски кошаркар.
1994  Давид Банаи — унгарски фудбалер.

Починале:

1805  Фридрих Шилер — еден од најпознатите германски поети и драмски писатели.
1903  Пол Гоген — француски сликар.
1957  Вилијам Брадфорд — англиски предводник на основачите на колонијата Плимут во Масачусетс.
1977  Хари Џонсон — канадски економист.
2010  Кирил Бујуклиев — македонски поет.

Празници:

Ден на победата над фашизмот
Ден на Европа.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич