Кирил Бујуклиев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кирил Бујуклиев (Штип, 29 април 1937 - Скопје, 9 мај 2010) — македонски поет.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бујуклиев е роден во Штип на 29 април 1937 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил новинар во Радио Скопје и општествено-политички работник. Член на ДПМ од 1969 година. Автор е на книгите: Огнови во круг (1968), Валеријана (1976), На работ на времето (1982), Мигови (1987), Пред идниот изгрев (1997). Починал на 9 мај 2010 во Скопје, додека погребан е во родниот Штип[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Последен збор Кирил Бујуклиев 1937-2010, писател“. Утрински Весник. 11 мај 2011. Посетено на 2010-05-11.