9 мај (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1926  Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација.
1945  Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот.
1947  Во Скопје, во Македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик - „Кавалерија рустикана“ (или „Селска чест“ како што било запишано на првиот плакат) од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.
1978  Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер Алдо Моро.