Цветко Бизев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цветко Бизев
Роден 1886
Починал 1977
Дрјаново, Бугарија

Цветко Бизев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бизев е роден во 1886 година во разлошкото село Банско, тогаш во Отоманското Царство. Завршува петти клас и се занимава со трговија. Учествува во Илинденското востание како војвода на чета. По востанието е избран за член на Демирхисарскиот околиски револуционерен комитет [1].

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение како служи во четата на Јонко Вапцаров, а подоцна во чета при 14 Воденска дружина [2].

По Првата светска војна учествува во основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација [3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 18.
  2. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 84.
  3. Тюлеков, Димитър. Обречено родолюбие. ВМРО в Пиринско 1919-1934.