Гоно Азаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гоно Азаров

Гоно Азаров 1876 или 1892 — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Гоно Азаров е роден во 1876 или 1892 година во градот Гуменџе, тогаш во Отоманското Царство. Се приклучил во ВМОРО и станал четник при Димитар Ропков [1]. Во почетокот на 1912 година е во четата на Ичко Димитров, со кого ги обиколувал планините Кожуф и Пајак [2]. При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение [3] во четите на Иван Паљошев и Ичко Димитров.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Илюстрация Илинден, 1931, бр.31, стр. 5
  2. Динев, Ангел. Хуриетът и следхуриетските борби в Гевгелийско. София, 1934, стр. 63.
  3. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 14-15 и 754.