Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.120 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Алзасрегион во Франција чијашто територија зафаќа површина од 8.280 км2 и со тоа е најмал во континентална Франција. Тој е исто така и еден од седумте најгусто населени региони во Франција и трет по густина на население во континентална Франција, со околу 220 жители на km2 (вкупно население во 2006: 1.815.488; 1 јануари 2008 се проценува на: 1.836.000). Алзас се наоѓа на североисточната граница на западниот брег на горниот тек на Рајна и се граничи со Германија и Швајцарија. Најважен политички, економски и културен центар на Алзас е градот Стразбур кој воедно е и главен и најголем град на регионот. Бидејќи тој град е седиште на десетици меѓународни организации и тела, Алзас политички е еден од најзначајните региони во Европска Унија.

Траги на името „Алзас“ се гледаат во горногерманскиот збор Ali-saz или Elisaz, што значи „туѓо царство“. Алтернативното објаснување потекнува од германското Ell-sass, што значи „сместено на Ил“, река во Алзас. Регионот историски припаѓал на Светото Римско Царство. Постепено се припоил кон Франција во тек на 17 век под власта на кралевите Луј XIII од Франција и Луј XIV од Франција како една од поранешните француски провинции. Алзас честопати се споменува сврзано со Лорена, поради тоа што германската припадност на овие два региона (како империска провинција Алзас-Лорен, 1871–1918) била оспорена во 19 и 20 век, во тек на кои Алзас четири пати во тек на 75 години припаѓал последователно и на Франција и на Германија. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Кребсова газанија (Gazania krebsiana) во Квебек, Канада.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Главната сала на „Валхала“
Главната сала на „Валхала“
На денешен ден…

Денес е 26 мај 2024 г.

Настани:

1882  Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест — тубекулинот. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина.
1972  Во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското јадрено вооружување.
1994  Весникот на албански јазикФлака е влазеримит“ почна да излегува како дневен весник.

Родени:

1478  Папа Климент VIIримски папа.
1566  Мехмед III — отомански султан.
1799  Александар Пушкин — руски поет и писател († 1837.).
1904  Владо Перлемутер — литванско-француски пијанист († 2002.).
1907  Џон Вејн — американски глумец.
1923  Хари Џонсон — канадски економист.
1926  Мајлс Дејвис — американски џез-музичар.
1926  Рафаел Ескалона — колумбиски композитор.
1938  Јаки Либецајт — германски рок-тапанар, член на групата „Кен“ (Can).
1939  Витали Галков — руски кану-спринтер.
1946  Мик Ронсон — англиски рок-гитарист.
1948  Стиви Никс — американска пејачка, членка на групата „Флитвуд мек“.
1962  Лени Кравиц — американски рок-музичар.
1967  Кевин Мур — клавијатурист на групата „Dream Theater“.
1971  Мет Стоун — американски продуцент.
1977  Лука Тони — италијански фудбалер.
1984  Микел Ниеве — шпански велосипедист.
1988  Хуан Квадрадо — колумбиски фудбалер.

Починале:

735  Беда Многупочитуван — англиски светец и историчар, наречен „Татко на англиската историја“.
1421  Мехмед I — отомански султан.
1512  Бајазит II — отомански султан (р. 1447.).
1917  Борис Дрангов — бугарски офицер.
2022  Енди Флечер — англиски електро-поп музичар.
2022  Реј Љота — американски глумец.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич