Тиренско Море: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q38882 (translate me) |
|||
Ред 40: | Ред 40: | ||
{{coord|39|31|22|N|13|21|12|E|type:waterbody|display=title}} |
{{coord|39|31|22|N|13|21|12|E|type:waterbody|display=title}} |
||
{{Список на мориња}} |
|||
[[Категорија:Средоземно Море]] |
[[Категорија:Средоземно Море]] |
||
[[Категорија:Географија на Италија]] |
[[Категорија:Географија на Италија]] |
Преработка од 05:04, 31 јануари 2015
Тиренското Море (итал. Mare Tirreno) е водна површина која преставува дел од Средоземното Море, т.е. делот западно од копното на Италија.
Географија
Морето се граничи со Корзика и Сардинија на запад, Тоскана, Лацио, Кампанија, Базликата и Калабрија на исток и Сицилија на југ.
Најголемата длабочина на морето изнесува 3785 m.
Тиренското Море се наоѓа близу местото кадешто се среќаваат африканската и европската плоча, па затоа во неговите длабочини има цели планински вериги и активни вулкани. Во јужниот дел од морето се наоѓаат осумте Липарски Острови, северно од Сицилија.
Граници
Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Тиренското Море се следниве:[1]
Во Месинскиот Проток. Линија што го поврзува северниот крај на ’ртот Пачи (15°42' ИГД) со источниот крај на островот Сицилија, ’ртот Пелоро (38°16' СГШ).
На југозапад. линија што се протега од ’ртот Лилибео (најзападно во Сицилија) до јужниот крај на ’ртот Теулада (8°38' ИГД) во Сардинија.
Во протокот Бонифачо. Линија од западниот крај на ’ртот Теста (41°14' СГШ) во сардинија, па до југозападниот крај ’ртот Фено (41°23' СГШ) во Корзика.
На север. Линијата што ги поврзува ’ртот Корс (или Корзо, 9°23' ИГД) во Корзика, со островот Тинето (44°01′N 9°51′E / 44.017° СГШ; 9.850° ИГД) и оттаму, низ островите Тино и Палмарија, па до ’ртот Сан Пјетро (44°03′N 9°50′E / 44.050° СГШ; 9.833° ИГД) на крајбрежјето на Италија.
Излези
Тиренското Море има пет излеза (од север кон југ):
- Корзиканскиот Канал помеѓу Тоскана и Корзика, широк околу 80 km.
- Протокот Бонифачо помеѓу Корзика и Сардинија, широк околу 11 km.
- Сардинскиот Канал помеѓу Сардинија и Тунис, широк околу 200 km .
- Сицилијанскиот Проток помеѓу Тунис и Сицилија, широк околу 160 km.
- Месинскиот Проток помеѓу Сицилија и Калабрија на врвот на „чизмата“ на Италија, широк околу 3 km.
Име
Името на морето доаѓа од грчкиот поим за Етрурците, кои се сметале за доселеници од Лидија, предводени од кнезот Тирен.[2] Етрурците се населиле долж крајбрежјето на денешна Тоскана, и затоа морето се нарекувало уште и „Етрурско Море“.
Поврзано
Наводи
- ↑ „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Посетено на 6 февруари 2010. (англиски)
- ↑ Потеклото на Етрурците, Универзитет на Сан Хозе (англиски)
„Тиренско Море“ на Ризницата ? |
39°31′22″N 13°21′12″E / 39.52278° СГШ; 13.35333° ИГД