Од Википедија — слободната енциклопедија
Дали сте знаеле ...
Ернст Хекел во 1860 г.
... дека поимот екологија прв го вовел германскиот биолог Ернст Хекел во 1866 година?
... дека Горчливото Езеро во Кукушко , Егејска Македонија е трипати посолено од Мртвото Море ?
... дека првото сметачко глувче е направено во 1964 г. како изум на американскиот инженер Даглас Енгелбарт ?
... дека Бања Банско е изградена од римскиот цар Каракала во III век ?
... дека првиот театар во Скопје („Ада Кафе“) е отворен во 1906 година?
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле ?
... дека Малдивите имаат просечна надморска висина од само 1,5 м?
...дека буковите шуми во долината на Длабока Река во Мавровско се прогласени за светско наследство на УНЕСКО ?
... дека Антарктикот е најголемата пустина на светот?
... дека симболот за жива Hg доаѓа од старогрчкиот збор хидраргирос со значење „водено сребро“?
... дека, и покрај неговите огромни димензии, Сонцето се класификува како жолто џуџе ?
... дека сите јагули од Македонија одат на „свадбен пат“ за да се мрестат во Саргасовото Море недалеку од Бермудскиот Триаголник ?
... дека морепловната мерка за брзина јазол доаѓа од броењето јазли на јаже кое се фрлало во водата?
...дека Винчестер бил првиот главен град на Англија ?
...дека Еарендел е најдалечната ѕвезда позната за науката, на растојание од 28 милијарди светлосни години од Земјата?
...дека Макаронезија е подрачје на четири архипелази меѓу Европа и Северна Африка?
...дека планетата Венера македонскиот народ ја нарекувал Обденица ?
... дека селото Центар Жупа изворно се нарекувало Вапа — поим во директно сродство со санскритскиот збор vāpī , што значи „долго блато“?
...дека христијаните во Босна и Херцеговина се тетовирале како обележје на нивната вера, иако обичајот датира од илирско време .
...дека врвот Тумба на Беласица е тромеѓа помеѓу Вардарска , Егејска и Пиринска Македонија ?
... дека тектонските плочи ги открил германскиот научник Алфред Вегенер во 1912 година?
... дека хемискиот елемент ниобиум (Nb) е наречен по нимфата Ниоба , ќерка на митскиот крал Тантал ?
Целосна листа на Вики-јазици • Повеќејазична координација •
Започнување на Википедија на друг јазик •
Викимедија статистики