Муарем Кочиу

Од Википедија — слободната енциклопедија

Муарем Кочиу е современ албански писател. Роден е на 5 јануари 1954 година во Горица. На Факултетот за политичко-правни науки во Тирана ги завршил студиите по новинарство. Работи како новинар во Италија.

Со пишување почнал на рана возраст. Првиот негов роман, иако подготвен за печат, не бил објавен од нејасни причини. Истата судбина ја доживуваат и другите негови дела, кои се одрекувани поради неконформистичкиот стил на авторот.

Неговиот прв објавен роман е „Историјата на едно виртуелно суштество“. Подоцна има објавено и други дела.