Луис Свифт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Луис Свифт

Луис А. Свифт (англиски: Lewis A. Swift; 29 февруари 18205 јануари 1913 [1]) — наградуван американски астроном, познат како откривач на голем број комети и маглини, многу од нив во Новиот општ каталог (познати како NGC-објекти).

Живот[уреди | уреди извор]

Според самиот Свифт, почнал да се интересира за астрономијата уште како мало дете, кога ја видел Големата мартовска комета во 1843 г. одејќи накај уличиште во Кларксон, Њујорк. Најпрвин учителот му рекол дека му се причинило, но по три дена новоста за оваа комета излегла во весниците.[2]

Првите астрономски набљудувања ги вршел во градот Рочестер без посебно одредено место, туку во сокак или на покрив. Подоцна изградил и опсерваторија со средства од претприемачот Халберт Харингтон Ворнер и набавил 40-сантиметарски телескоп во вредност од 13.000 долари.[2]

Ворнер банкротирал во познатата финансиска „паника од 1893 г.“, па затоа Свифт се преселил во Калифорнија, каде станал директор на опсерваторијата Маунт Лоу, понесувајќи го телескопот.

Се оженил двапати, прво со Лукреција Хант (1850), а потоа со Кери Д. Топинг (1864). Со втората жена го добиле синот Едвард Д. Свифт, кој исто така станал астроном.

Откритија[уреди | уреди извор]

Галаксијата NGC 17 откриена од Свифт
Судрените заемоделувачки галаксии NGC 6050 и IC 1179, откриени од Свифт

Свифт е откривач и сооткривач на поголем број комети, вклучувајќи ги периодичните комети како 11P/Темпел-Свифт-LINEAR, 64P/Свифт-Герелс и 109P/Свифт-Татл (матично тело на метеорските дождови Персеиди). Ги открил и кометите C/1877 G2, C/1878 N1, C/1879 M1, C/1881 J1, C/1881 W1, C/1892 E1, D/1895 Q1, C/1896 G1 и C/1899 E1. Бил сооткривач на кометата C/1883 D1 (Брукс-Свифт). Треба да се напомене дека кометата 54P/де Вико-Свифт-NEAT ја открил син му, Едвард.

Послетната комета ја открил на возраст од 79 години. Свифт е еден од малкумината што ја виделе Халеевата комета на два наврати (во временска разлика од 76 години).

Открил и стотици маглини, меѓу кои и IC 289 во соѕвездието Касиопеја.

Почести[уреди | уреди извор]

Покрај докторатот од Рочестерскиот универзитет.[2], Свифт добил повеќе медали од било кој друг астроном во своето време, вклучувајќи две од чисто злато доделени од Империјалната академија на науките од Австралија, четири бронзени од Тихоокеанското астрономско друштво и Лапласовиот медал од Астрономското друштво на Франција. Во 1897 г. бил првиот човек награден со Џејсол-Гвилтовиот медална Кралското астрономско друштво на Британија.[2]

Во негова чест се наречени астероидот 5035 Свифт и месечевиот кратер Свифт.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Obituary Notes of Astronomers“. www.astro.uni-bonn.de. http://www.astro.uni-bonn.de/~pbrosche/persons/obit/obit_si.html. посет. 8 јуни 2008 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Prof. Lewis Swift (PDF). „New York Times“. 2 февруари 1902 г. http://query.nytimes.com/mem/archive-free/pdf?res=9D06EFDD1530E733A25751C0A9649C946397D6CF. посет. 9 јули 2009 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]