Адолфо Консолини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Адолфо Консолини
Adolfo Consolini 1950s2.jpg
Лични податоци
Националност Италијанец
Роден(а) 5 јануари 1917(1917-01-05)
Костермано, Италија
Починал(а) 20 декември 1969(1969-12-20) (воз. 52 г.)
Милано, Италија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Тежина 100 kg (220 lb)
Спорт
Земја  Италија
Спорт Атлетика
Дисциплини Фрлање диск
Клуб Пирели Милано
Успеси и титули
Лични рекорди 56.98 метри (1955)

Адолфо Консолини (5 јануари 1917 – 20 декември 1969) — италијански атлетичар кој бил специјализиран во дисциплината фрлање диск. Тој се натпреварувал на Летните олимписки игри во 1948, 1952, 1956 и 1956 година и завршувал на прво, второ, шесто и седумнаесетто место редоследно. При освојувањето на златниот медал во 1948 година тој поставил олимписки рекорд од 52.78 метри. Консолини три пати бил европски шампион, во 1946, 1950 и 1954 година, и петнаесет пати државен шампион.[1] Тој ја изговорил Олимписката заклетва на Летните олимписки игри 1960 одржани во Рим. По повлекувањето, тој бил именуван во Куќата на славни на италијанската атлетска федерација.[2]

Консолини со семејството во 1950те.

Консолини израснал во семејство на фармери во кое бил најмлад од пет деца. Негово прво атлетско натпреварување било локално натпреварување во фрлање камен во 1937 година. Неколку месеци подоцна тој започнал да тренира фрлање диск; веќе во 1938 година тој бил петтопласиран на Европско првенство, а во 1939 година ја освоил првата од петнаесетте државни титули. Во 1941 година тој поставил нов светски рекорд од 53.34 метри, кој потоа го подобрувал на 54.23 метри во 1946 година и на 55.33 метри во 1948 година.

Консолини се повлекол од големите натпреварувања по Летните олимписки игри 1960, но продолжил да се натпреварува на државно ниво се до 52 годишна возраст, кога префрлил 43.94 метри во Милано. Тој се омажил со Хани Хук, австријка, со која имал еден син Серџо.[3] Семејството живеело во Милано каде Консолини работел во компанијата Пирели. Тој починал на 52 годишна возраст од вирусен хепатитис.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]