Прејди на содржината

Драгослав Шекуларац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгослав Шекуларац
Шекуларац во 2007
Лични податоци
Полно име Драгослав Шекуларац
Роден на 8 ноември 1937(1937-11-08)(87 г.)
Роден во Штип, Кралство Југославија
Починал на 5 јануари 2019(2019-01-05) (возр. 81)
Починал во Белград, Србија
Висина &100000000000001710000001,71 м[1]
Позиција Напад
Младинска кариера
1951–1955 Црвена Ѕвезда
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1955–1966 Црвена Ѕвезда 375 (119)
1966–1967 Карлсруе 17 (2)
1967 Сент Луис Старс 8 (1)
1968–1969 ОФК Белград 38 (5)
1969–1971 Инд. Санта Фе 32 (3)
1972 Атлетико Бакараманга 4 (1)
1973 Миљонариос 23 (1)
1974 Америка де Кали 7 (0)
1975 Париз 9 (2)
1975 Србијан Вајт Иглс
Репрезентација
1954–1956 Југославија 20 8 (2)
1955–1956 Југославија под 21 2 (0)
1956–1966 Југославија 41 (6)
Тренер на екипи
1975 Србијан Вајт Иглс (играч-тренер)
1984–1985 Гватамала
1986–1987 Footscray JUST
1989–1990 Црвена Ѕвезда
1990–1991 Америка
1992 Ал Наср Ријад
1993 Хајделберг Јунајтед
1994–1995 Марбеља
1996 Бусан Даеву Ројалс
1998–1999 Обилиќ Белград
2006 Србијан Вајт Иглс

Драгослав Шекуларац (Штип[2], 8 ноември 1937 - Белград, 5 јануари 2019[3]) — поранешен југословенски фудбалер. Истакнат играч на Црвена звезда од Белград. Популарниот „Шеки“ бил втора голема „ѕвезда“ по Рајко Митиќ. Веројатно бил еден од најдобрите дриблери во историја на југословенскиот фудбал. Играл во везен ред. Бил постојан член на фудбалската репрезентација на Југославија, и во тоа време бил нејзни најдобар поединец. Одиграл 41 натпревари и постигнал шест голови за репрезентација на Југославија. По инцидентот на еден натпревар бил казнет со две години неиграње и со тоа кариерата нагло ја прекинал.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Играчка каријера

[уреди | уреди извор]

Драгослав Шекуларац основното училиште, четири години гимназија, како и метеореолошко училиште ги завршил во Белград. Меѓутоа, училиштето не му било приоритет бидејќи фудбалот станала негова најважна преокупација. Кога Димитрије Милојевиќ, некогашниот фудбалер на БАСК-а, тренер и печатарски работник на Политика (весник), го забележал во дворот на Втората машка гимназија , веднаш му станало јасно за каков талент се работи.

  1. Vuković, Jovo (2011). Ja, Šeki (српски). IP Beograd. стр. 21. ISBN 978-86-84057-37-4.
  2. https://sdk.mk/index.php/sportski-prikazni/shekularats-ke-dobie-spomenik-vo-shtip-na-mestoto-kadeshto-kako-dete-igral-fudbal/
  3. Почина најголемиот фудбалски дриблер во екс Југославија, Драгослав Шекуларац