Никица Клинчарски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никица Клинчарски
Лични податоци
Роден на 5 јануари 1957 (1957-01-05) (66 г.)
Роден во Берово, ФНРЈ
Позиција одбрана
Младинска кариера
ФК Малеш - Берово
Партизан Партизан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1976-1985 Партизан Партизан 219 (17)
1985 Лас Вегас 24 (13)
1985-1986 Питсбург Спирит 41 (13)
1986-1987 Чикаго Стинг 32 (8)
1987-1989 Партизан Партизан 42 (0)
1989 Вестра Фрелунда 16 (0)
1989-1991 АИК Бачка Топола
Репрезентација
1980 - 1983 Социјалистичка Федеративна Република Југославија СФРЈ 8 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Никица Клинчарски (Берово,5 јануари 1957) — поранешен југословенски фудбалер.

Кариера[уреди | уреди извор]

Играл за белградски Партизан во два наврата (1975-85 и 1987-89) и по бројот на одиграни натпревари се наоѓа на трето место после Момчило Вукотиќ и Саша Илиќ. Одреден период бил и капитен на клубот. Како играч на Партизан има освоено две првенства (1973, 1983) и еден Куп на Југославија (1989).

Од 1985 до 1988 играл мал фудбал во САД во екипите Американс од Лас Вегас (1985), Питсбург Спирит (1985-1986) и Чикаго Стинг (1986-1987). После враќањето во редовите на Партизан (1987-1989) една сезона игра во Фролунда, Шведска, а играчката кариера ја завршува во АИК од Бачка Топола (1989-1991).

Играл за Југославија на олимписките игри во Москва 1980. Има 8 настапи за А репрезентацијата на СФРЈ и им постигнато еден гол.[1]

По кариерата како играч се посветил на работтата како тренер. Од 1994 работел како тренер во Младинската школа на Партизан. Од 1995 до 2000 бил селектор на кадетската репрезентација на Србија со која освојува четврто место на Европското првенство за кадети во Данска.[2]

Голови за репрезентација[уреди | уреди извор]

# Датум Место Противник Гол Резултат Натпревар
1. 22. март 1980. Сараево Уругвај 1:0 2:1 пријателски

Успеси[уреди | уреди извор]

  • Партизан
    • Првенство на Југославија во фудбал (1977/78), Првенство на Југославија во фудбал (1982/83).
    • Куп на Југославија во фудбал 1988/89.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „(1980) Jugoslavija – Urugvaj 2:1“. reprezentacija.rs. 31 август 2019. Посетено на 31 август 2019.
  2. „Reprezentativci: Nikica Klinčarski“. reprezentacija.rs. 31 август 2019. Посетено на 31 август 2019.