Бредли Купер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бредли Чарлс Купер (роден на 5 јануари, 1975 година) е американски филмски, театарски, и телевизиски актер. Тој е познат по неговите улоги во филмовите: “Мамурлак(The Hangover), “Тимот А(The A-Team), “Вединг Крашрс(Wedding Crashers) и “Без граница(Limitless). Во 2011 година, списанието “Луѓе(People) го именувало Купер за “Најсекси маж на светот.

Младост[уреди | уреди извор]

Купер е роден во Филаделфија, Пенсилванија, а пораснал во близина на Џенкинтаун, Пенсилванија. Неговата мајка Глорија (родена Кампано) е италијано-американка, а неговиот татко, Чарлс Џ. Купер имал ирско-американско потекло и работел како посредник во менаџерскиот оддел Мерил Линч. Има една сестра која се вика Холи. Купер бил израснат со католичка вера. Додека одел во училиштето “Џермантаун Академи(Germantown Academy), Купер работел во весникот “Филаделфија Дејли Њуз(Philadelphia Daily News). Откако матурирал во училиштето “Џермантаун Академи(Germantown Academy), одел на Универзитетот “Виланова(Villanova) додека бил бруцош, а подоцна се префрлил на Универзитетот “Џорџтаун(Georgetown) каде што добил почесна диплома за уметност на англиски јазик во 1997 година. Купер зборувал течно француски јазик во “Џорџтаун(Georgetown), и поминал шест месеци како студент на размена во областа Екс- ан -Прованс (Aix en-Provence) во Франција. Подоцна, во 2000 година добил диплома за магистер на уметнички науки за глума од драмското училиште “Акторс Студио(Actors Studio) на Универзитетот “Новото училиште(The New School) во градот Њујорк.

Кариера[уреди | уреди извор]

Купер ја започнал својата професионална кариера како актер во телевизиската серија “Сексот и градот” во 1999 година, а исто така бил водител на телегвизиската емисија “Глоуб Трекер(Globe Trekker). Купер го направил своето филмско деби со филмот “Влажно Топло Американско Лето(Wet Hot American Summer) во 2001 година, пред прифаќање на улогата како Вил Типијан во успешната телевизиска драма “Ејлиас(Alias). Тој се вратил двапати во серијата “Ејлиас(Alias) како гостин, по напуштање на шоуто во 2003 година, а исто така гостувал и во краткотрајната телевизиска серија “Мис Мач(Miss Match) истата година. Купер снимал сцени за психолошкиот трилер во 2002 година, “Чејнџинг Лејнс(Changing Lanes), должината на филмската лента била отстранета од завршениот филм, но е применета во ДВД-то на филмот и изданијата на дискот Блу Реј. Купер глумел во филмот “Ај Вонт Ту Мери Рајан Бенкс(I Want To Marry Ryan Banks) на телевизијата ЕјБиСи Фемили (ABC Family) со Џејсон Пристли, и се појавил како постојан гостин во серијата “Џек и Боби(Jack &Bobby) на телевизијата ДаблјуБи (WB). Го глумел познатиот бандит Сак Лоџ во хит комедијата “Вединг Крашрс(Wedding Crashers), и се појавил во филмот “Неуспех да се започне(Failure to Launch) како другар на ликот на Метју МекКонавеј. Купер ја имал главната улога во комедијата “Кичен Конфиденшл(Kitchen Confidential) на телевизијата Фокс (Fox), врз основа на биографија на готвачот Ентони Бурдејн, кој дебитираше во септември, 2005 година. Сепак, покрај критичкото одобрување, телевизијата Фокс (Fox) по само четири епизоди соопштила дека серијата била откажана. Во март 2006 година, Купер глумел во филмот “Три дождливи дена(Three Days of Rain) со Џулија Робертс и Пол Род во тетатарот “Бернард Б. Џејкобс(Bernard B. Jacobs Theater). Купер исто така се појавил на сцената како Џејк во продукција на драмата “Д Андерстади(The Understudy) на Тереза Ребек во 2008 година, во театарот “Вилијамстаун Тиатар Фестивал(Williamstown Theatre Festival) заедно со Кристин Џонсон. Во 2007 година, Купер глумел во петтата сезона на серијата “Нип/Так(Nip/Tuck) како Аидан Стоун, телевизиска ѕвезда на измисленото шоу “Срца и Скалпели(Hearts ‘N Scalpels). Купер исто така глумел во филмот “Да Човеку(Yes Man) со Џим Кери. Се појавил и во филмот “Рокерот(The Rocker) со Рејн Вилсон, во 2008 година. На 7 февруари 2009 година, Купер бил домаќин на телевизиското шоу “Сатрдеј Најт Лајв(Saturday Night Live) со музичкиот рок бенд “ТиВи он Д Рејдио(TV on the Radio) како гости. Купер го импресионирал Кристијан Бејл во лажна реклама за ДВД во која имало познати личности кои викаат на членовите на филмската екипа, наречена “Не, Брус! Дозволи ми да завршам! Најдоброто од славните критичари.” Во 2009 година, Купер глумел во филмовите “Хис Џст Нот Дат инту Ју(He’s Just not That into You), “Случај 39(Case 39) и “Мамурлак(The Hangover). Во октомври 2009 година, Купер ја освоил наградата за комедија во Холивуд, на 13-ет годишнината од Холивудскиот филмски фестивал и Холивудските награди. Успехот на филмот “Мамурлак(The Hangover) донел нови можности за Купер, но на прес- конференција Купер рекол: “Тоа е исто. Мислам погледнете, вратите секако беа отворени, но не изгледа како јас да седам со цигара во понеделник наутро и да ги разгледувам сценаријата кои биле понудени”. Во 2010 година глумел во филмот “Денот на вљубените(Valentine’s day) и ја имал улогата на измислен лик “Темпелтон “Фејсмен” Пек(Templeton “Faceman” Peck), во филмска верзија на филмот “Тимот А(The A-Team). Гостувал во шоуто “ДаблјуДаблјуИ Ро(WWE Row) на 7 јуни 2010 година, заедно со неговите колеги од филмот “Тимот А(The A-Team), Шарлито Коплеј и Кинтон Џексон. Во 2001 година, Купер глумел во филмот “Без граница(Limitless), инспириран од новелата “Мрачните полиња(The Dark Fields) на Алан Глин од 2001 година, како и комедичното продолжение на филмот “Мамурлак: 2 Дел(The Hangover Part 2). Во август 2011 година, го снимал филмот “Д Плејс Бијонд д Пајнс(The Place Beyond the Pines) во улога на полициски офицер во почетокот на 90-те години. Подоцна продолжил со снимање на адаптација на серио-комичната новела “Д Силвер Лајнингс Плејбук(The Silver Linings Playbook) со Роберт Де Ниро и Џенифер Лоренс, во режија на Дејвид О. Расел. Во септември 2011 година, британското списание “ЏиКју(GQ) го прикажало Купер со награда за “Меѓународен човек на годината”. На 16 ноември 2011 година, списанието “Луѓе(People) го прогласило за “Најсекси маж на светот”. Во јануари 2012 година, на Купер му било соопштено дека одново треба да се најде со звездата Џенифер Лоренс од филмот “Д Силвер Лајнингс Плејбук(The Silver Linings Playbook), за адаптација на периодичниот роман “Серена(Serena) од Рон Раш, во режија на Сузан Биер. Во март 2012 година, Купер и компанијата Ворнер Брос (Warner Bros), склучиле двегодишен договор за неговата продукциска компанија “22&Индијана Пикчрс(22&Indiana Pictures).

Личен живот[уреди | уреди извор]

Купер се венчал со актерката Џенифер Еспосито кон крајот на 2006 година. Во мај 2007 година, било соопштено дека Еспосито побарала развод. Во септември 2010 година, било соопштено дека Купер и актерката Рене Зелвегер биле во врска повеќе од една година. На 18 март 2011 година, списанието “Луѓе(People) известило дека двојката ја прекинала нивната врска.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм


Филм
Година Наслов Улога Забелешки
2001 година “Влажно топло американско лето”(Wet Hot American Summer) Бен
2002 година “Моето мало око”(My Little Eye) Тревис Патерсон
2002 година “Бендинг ол д рулс”(Bending all the Rules) Џеф
2002 година “Стела Шортс 1998- 2002 година Момче на час по јога/Сатана Се појавува во краток филм “Јога” и “Рејкинг Ливс”(Raking Leaves)
2005 година “Вединг Крашерс”(Weddings Crashers) Закари “Сак” Лоџ
2006 година “Неуспех да се започне”(Failure to Launch) Демо
2007 година “Д Камбекс”(The Comebacks) Каубој
2008 година “Постари од Америка”(Older Than America) Лук
2008 година “Рокерот”(The Rocker) Траш Грајс
2008 година “Полноќниот воз со месо”(The Midnight Meat Train) Лион
2008 година “Да, Човеку”(Yes Man) Питер
2009 година “Хис Џст Нот Дат инту Ју”(He’s Just Not That into You) Бен Гандерс
2009 година “Мамурлак”(The Hangover) Фил Венек Номиниран- Филмска награда од телевизијата ЕмТиВи(MTV) за најдобра комедиска изведба

Номиниран- за наградата “Сателит”(Satellite Award) за најдобар актер-Музички или комедиски филм

Номиниран – “Тин Чојс Авард- фор Чојс Муви Рокстар Момент( Teen Choice Award- for Choice Movie Rockstar Moment)

Номиниран - “Тин Чојс Авард- фор Чојс Самр Муви Стар- Мејл”(Teen Choice Award- for Choice Summer Movie Star – Male)

2009 година “Се за Стив”(All About Steve) Стив Милер “Златна малина” за Најлоша двојка на екранот (со Сандра Булок)
2009 година “Њујорк, Те Сакам”(New York, I Love You) Гас Купер
2009 година “Случај 39”(Case 39) Даглас Џ. Ејмс
2010 година “Денот на вљубените”(Valentine’s Day) Холден Вилсон
2010 година “Тимот- А”(The A -Team) “Темпелтон “Фејсмен” Пек”(Templeton “Faceman” Peck)
2010 година “Правда на браќата”(Brother’s Justice) Бредли
2011 година “Без граница”(Limitless) Еди Мора Номиниран - “Тин Чојс Авард (Teen Choice Award)- за Најдобар актер во драмски филм
2011 година “Мамурлак: 2 Дел(Hangover: Part 2) Фил Венек Номиниран - “Тин Чојс Авард фор Чојс Муви Кемистри”(Teen Choice Award for Choice Movie Chemistry)

Номиниран – Награда по “Избор на гледачите”- за Омилена комедиска филмса ѕвезда

2012 година “Зборовите”(The Words) Рори Пост- продукција
2012 година “Претрчување”(Outrun) Пост- продукција
2012 година “Д Плејс Бијонд д Пајнс”(The Place Beyond the Pines) Ејвори Крос Пост- продукција
2012 година “Д Силвер Лајнингс Плејбук”(The Silver Linings Playbook) Пат Пиполс Пост- продукција
Телевизија
Година Наслов Улога Забелешки
1999 година “Сексот и градот”(Sex and the City) Џејк Епизода: “Ги стрелаат немажените луѓе, Зар не?”(They Shoot Single People, Don’t They?)
2000 година “Глоб Трекер”(Globe Trekker) Тој лично Водител
2000- 2001 година “Улицата”(The $treet) Клеј Хамонд 5 епизоди
2003 година “Мис Меч”(Miss Match) Гери Епизода: “Те имам душо”
2003 година “Последниот каубој”(The Last Cowboy) Морган Марфи Телевизиски филм
2004 година “Допирајќи го злото”(Touching Evil) Агент Марк Риверс 6 епизоди
2004 година “Ај Вонт Ту Мери Рајан Бенкс”(I Want To Marry Ryan Banks) Тод Доерти Телевизиски филм
2004 -2005 година “Џек и Боби”(Jack& Bobby) Том Векслер Греам 14 епизоди
2005 година “Закон и ред: Единица за посебни жртви”(Law& Order: Special Victims Unit) Џејсон Витакер Епизода:”Ноќ”
2005 година “Закон и ред: Судење од поротници”(Law& Order: Trial by Jury) Џејсон Витакер Епизода: “Ден”
2001 – 2006 година “Алијас”(Alias) Вил Типин 46 епизоди
2005- 2006 година “Кичен Конфиденшл”(Kitchen Confidential) Џек Бурдејн 13 епизоди
2007- 2009 година “Нип/Так”(Nip/Tuck) Аидан Стоун 6 епизоди
2009 година “Сатрдеј Најт Лајв”(Saturday Night Live) Домаќин/Тој лично Епизода: “34. 15 Бредли Купер /ТиВи он д Рејдио (TV on the Radio)
2011 година “Внатре во актерското студио”(Inside the Actors Studio) Тој лично 1 епизода