Расипувачи на венчавки (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Расипувачи на венчавки (англиски: Wedding Crashers) е американски филм од 2005 година, во режија на Дејвид Добкин. Главните улоги ги толкуваат: Овен Вилсон, Винс Вон, Рејчел Мекадамс и Кристофер Вокен.

Содржина[уреди | уреди извор]

Двајца најдобри пријатели (Вон и Вилсон) имаат заедничко хоби, кое се состои во тоа непоканети да доаѓаат на венчавки со цел да ги уништат. Без разлика за каква свадба се работи (италијанска, еврејска, кинеска или индиска), тие секогаш имаат подготвено интересна приказна за љубопитните гости. Во меѓувреме, на свадбите, двајцата другари запознаваат згодни девојки, подготвени за секс за една ноќ. Нивната шема функционира совршено до моментот кога на една свадба, едниот од нив ќе се вљуби во една од убавите деверици.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 869, 20.2.2015, стр. 21.