Винс Вон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Винс Вон
Вон во 2011 година
Роден(а) Винсент Ентони Вон
28 март 1970 (1970-03-28) (воз. 47 г.)
Минеаполис, Минесота, САД
Занимање Глумец, продуцент, сценарист, активист, комичар
Активен период 1988–сè уште
Сопружник Кајла Вебер (в. 2010)
Деца 2

Винсент ЕнтониВинсВон (роден на 28 март 1970 г.) — американски глумец, продуцент, сценарист, активист и комичар.

Вонс започнал да се занимава со глума во доцните 1980-ти години играјќи мали телевизиски улоги. Тој ѝ станал познат на пошироката јавност во 1996 година, играјќи во комичната драма Каде се девојките?. Тој играл улоги во бројни филмови во 1990-те години, вклучувајќи ја спортската драма Руди (1993), научно-фантастичниот авантуристички филм Изгубениот свет: Паркот Јура (1997), и трилер драмата Враќање во рајот (1998).

Во 2000-те години, тој играл главно во комедии, и тоа во Денови на слава (2003), Пази, топка! (2004), Расипувачи на венчавки (2005), Раскинување (2006), Фред Мраз (2007) и Четири божиќни прослави (2008). Тој продолжил со комичните улоги во 2010-те години, играјќи во комедиите Дилема (2011), Вонземјани во соседството (2012) и Приправници (2013).

Во 2015 година, тој го играл Френк Семјон во втората сезона од криминалната телевизиска серија Вистински детектив заедно со Колин Фарел и Рејчел Мекадамс. Во 2016 година, тој играл во критички пофалениот филм Гребен на спасените.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]