Даглас Енгелбарт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Даглас Карл Енгелбарт ("Даг")
Douglas Engelbart in 2008.jpg
Даглас Енгелбарт во 2008
Роден 30.01.1925
Портланд, Орегон, САД
Полиња Пронаоѓач
Установи СРИ Стенфорд истражувачки институт, Тимшеар, МекДонел Даглас, Бутстреп Институтот, Даг Енгелбарт институтот
Образование Универзитет во Орегон ; Универзитет на Калифорнија, Беркли
Докторски ментор Џон Роберт Вудјард
Познат по Компјутерско глувче, Хипертекст,Интеракција со компјутери
Страница
dougengelbart.org

Даглас Енгелбарт (роден на 30 јануари 1925 - починал на 2 јули 2013) — американски инженер и пронаоѓач, млад компјутерски и интернет пионер. Најпознат е по неговиот предизвик за компјутерско-човечка интеракција што резултирало со пронаоѓање на компјутерско глувче, развивање на хипертекст, мрежно поврзани компјутери и предвесник на графичкиот кориснички интерфејс. Toj бил посветен гласно-поборник за користење на компјутерите и мрежите со цел да се помогне во решавање во светските најважни и најкомплексни проблеми.

Неговата младост и образование[уреди | уреди извор]

Енгелбарт е роден во Соединетите Американски Држави, поточно во државата Орегон на 30 јануари 1925 година како дете на Карл Луис Енгелбарт и Гладис Шарлот Амелија Мунсон Енгелбарт. Тој имал германско, шведско и норвешко потекло. Тој бил средно од трите деца, со сестра Доријана и брат Давид. Тие живееле во Портланд додека бил уште дете, а подоцна се преселиле во заливот Џонсон кога Даглас имал 9-10 години, веднаш после смртта на неговиот татко. Тој завршил средно училиште во Портланд Франклин во 1942 година[1].

Во средината на неговото студирање на Државниот универзитет Орегон, кон крајот на Втората светска војна, тој бил земен во воена морнарица, каде служел две години како радарски техничар на Филипините. Подоцна се вратил во Орегон и го довршил студирањето, со што се здобил со неговата диплома од Електротехничкиот факултет во 1948 година. Додека бил во Орегон бил член на социјалното друштво Сигма Пи Епсилон[2][3]. Бил вработен од страна на Националниот советодавен комитет за аеронаутика во Ејмс истражувачкиот центар, каде што работел во 1951 година[4].

Кариера и достигнувања[уреди | уреди извор]

Кариерата на Даг Енгелбарт била инспирирана во 1951 година кога се верил и разбрал дека нема никакви цели во животот освен да има добро образование и добра работа[5]. После неколку месеци тој решил дека:

  1. Ќе ја фокусира неговата кариера на правење на светот подобро место за живеење[6];
  2. Секој сериозен напор да се направи светот подобро место бара некаков организиран напор;
  3. Клучот за тоа еискористување на колективната човечка интелигенција на сите луѓе што допринесува до ефективни решенија;
  4. Ако може значително да се подобри тоа, тогаш ќе дојде до зголемувањена напорот на планетата за да се решат важни прашања – колку поскоро толку подобро;
  5. Компјутерите може да бидат средство за значително подобрување на оваа способност[5].

Во 1945 година, Енгелбарт ја прочитал статијата на Ваневар БушКако што би можеле да размислуваме[7], повик за оружје за правење на знаењето широко достапно како национален предизвик. Даг исто така читал и нешто за компјутерите (тогаш се уште млад феномен) и од неговото искуство како радарски техничар тој знаел дека информацијата може да се анализира и да се претстави на екран. Тој замислил интелектуални работници како работаат во т.н „работнички станици“,искористувајќи ја нивната интелектуална моќ со цел решавање важни проблеми на многу моќен начин. Искористувањето на колективната интелигенција, олеснета со интеракција со компјутерите, станала негова животна мисија, во време кога кога биле гледани само како направи за сметање.

Тој се запишал на Електротехнички факултет на Универзитетот на Калифорнија, Беркли, каде што завршил со МС оцена во 1953 година и докторирал во 1955 година. Како дипломиран студент на Беркли тој помагал во создавањето на проектот ЦАЛДИЦ. Неговата дипломска работа водела до неколку патенти. Полсе завршувањето на докторатот тој останал на Беркли како асистент и предавал една година, но подоцна заминал бидејќи разбрал дела неможе си ја оствари замислената цел на тоа место. После тоа формирал почетничка компанија, Дигитални Техники, за да комерцијализира некои негови докторски истражувања на уреди за складирање податоци, но после една година решил да се посвети на истражувањето за кое сонувал уште од 1951 година. Тој зел место на Институтот за истражувања Стенфорд во Менло Парк, во 1957 година. Тој работел за Хјуит Крејн на магнетни уреди и минијатуризација на електроника; Енгелбарт и Крејн станале доживотни пријатели[8].

Институтот за истражувања Стенфорд и истражувачкиот центар за аугментација[уреди | уреди извор]

Во SRI International, Енгелбарт добил многу патенти (некои и од неговата дипломска работа)[9], и до 1962 година напишал извештај за неговата визија и направил истражувачки дневен ред именуван: Аугментативна Човечка Интелигенција: Концептуална рамка[10]. Ова довело до финансирање од страна на АРПА да започне со своја самостојна работа работа[11].

Енгелбарт собрал истражувачки тим во неговиот нов истражувачки центар АРЦ, кои станале водечка сила на дизајнот и развивањето на Он-лајн системот или НЛС. Тој и неговиот тим развиле компјутерски интерфејс елементи, како што се бит-мапираниот екран, компјутерско глувче, хипертекст, алатки за соработка и предвесник на графички кориснички интерфејс. Тој осмислил и развил многу од неговите идеи за корисничкиот интерфејс уште во средината на 1960 година, многу време пред компјутерската револуција, во време кога многу луѓе биле чувани на страна од компјутерите, и можеле да видат компјутер само преку посредници и кога софтверот бил напишан во вертикални апликации во комерцијални, заштитени системи.Енгелбарт аплицирал за патент на неговата дрвена школка со две метални тркала (компјутерско глувче), во 1967 и го добил во 1970 година, а го развил со Бил Инглиш, негов главен и водечки инженер, неколку години порано. Во патентот компјутерското глувче е опишано како „X-Y индикатор за позиција, за дисплеј систем“. Енгелбарт подоцна открил дека направата била наречена глувче поради кабелот кој излегувал од неговиот крај. Неговата група исто така покажувачот на екранот го нарекувала бубачка, но тој термин не бил пошироко прифатен.

Тој никогаш не добил никаков хонорар за неговиот пронајдок. На едно интервју тој изјавил: „SRI International го патентира компјутерското глувче, но не бевме свесни за неговата вредност. После неколку години се дозна дека им бил лиценциран на Ејпл за околу 40.000 долари.“ Енгелбарт ја претставил акордната тастатура и многу повеќе од неговите пронајдоци во 1968 година на т.н The Mother of All Demos[12][13].

Крај на истражувачката кариера[уреди | уреди извор]

Енгелбарт се повлекол во релативна анонимност после 1976 година. Неколку негови истражувачи се оттуѓиле од него и ја напуштиле организацијата за Зирокс ПАРЦ, дел поради фрустрација, и дел поради различни гледишта во врска со иднината на компјутерите. Енгелбарт ја гледал иднината во соработката, мрежи, тајмшер компјутери, кои помладите ги одбивале, во корист на персоналните компјутери. Конфликтот бил и социјален и технички: помладите програмери дошле од ера, каде централизираната власт била многу сомнителна, а персоналните компјутери биле едвај на хоризонтот.

Енгелбарт бил член на одборот на директори на Ерхард Семинарс Трејнинг. Исто така, неколку клучни вработени лица во АРЦ биле вклучени тука. Иако ЕСТ биле препорачани од други истражувачи, контроверзната природа на ЕСТ и други социјални експерименти го намалиле моралот и социјалната однос на АРЦ заедницата.

Менсфилд Амандманот, крајот на Виетнамската војна, и крајот на пограмата Аполо 11, го намалиле финансирањето на АРЦ од страна на АРПА и НАСА. Менаџментот на SRI International (СРИ), кои не го одобриле работењето на Енгелбарт во центарот, ги сместиле остатоците на АРЦ под контрола на истражувачот на вештачка интелигенција Бертрам Рафаел, кој преговарал за трансфер на лабораторијата во друга компанија наречена Тимшер. За време на овој период изгорела куќата на Енгелбарт во Атерон, предизвикувајќи му нему и на неговото семејство уште поголеми проблеми. Тимшер ја презела НЛС и лабораторијата што ја основал Енгелбарт, ги вработила повеќето од персоналот вклучувајќи го и основачот како постар научинк и го преименувала софтверот Аугмент. Тимшер била веќе запознаена со НЛС; уште кога АРЦ бил оперативен, тие експериментирале со своја компија на НЛС софтвер на мини компјутер наречен Офис-1.

Во Тимшер, Енгебарт се нашол себе си маргинализиран и повлечен. Грижите во Тимшер ја потиснале желбата на Енгелбарт за понатамошни истражувања. Различни директори, првиот на Тимшер а подоцна и Мк Донел Даглас (кој ја презел Тимшер во 1984), покажал интерес за неговите идеи, но никогаш не ги финансирал за понатамошен нивни развиток. Интересите на Мк Донел, биле фокусирани кон менаџирање со големо знаење и ИТ барања кои биле вклучени во животниот циклус на воздушната програма, која служела да ја зајакне одлучноста на Мк Донел да ја мотивира ИТ арената кон глобалната интероперибилност и отворен хипердокументен систем. Енгелбарт се пензионирал од Мк Донел во 1986 година, и ја продолжил својата работа без комерцијален притисок.

Заедно со неговата ќерка, Кристина Енгелбарт, во 1988 година го основал бутстреп институтот, за да ги спои неговите идеи во серија од три и пол дена семинар понуден на Стенфорд Универзитетот 1989-2000. На почетокот на 1990 година имало доволно интерес помеѓу неговите ученици со меѓусебна соработка да се имплементира неговата работа, со тоа била формирана Бутстреп Алијанса како непрофитна организација. Иако инвазијата на Ирак и рецесијата предизвикале насип на затегнување на организациите кои драстично ги пренасочиле своите цели на нивните партнери, тие продолжиле со менаџмент семинари, консултации и мали соработки. Во средината на 1990 тие биле наградени со финансирање од ДАРПА за да развијат модерен кориснички интерфејс за Аугмент, наречен Вижуал АугТерм, додека учествувале во поголема програма за решавање на ИТ барањата на Џоинт Таск Форс.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dalakov, Georgi. „Biography of Douglas Engelbart“. History of Computers. http://history-computer.com/People/EngelbartBio.html. конс. 29 јули 2012 г. 
  2. „Citation Recipients“. Sigma Phi Epsilon. стр. 5. http://www.sigep.org/resourcedocs/about-resources/Citation-Recipients.pdf. конс. 14 август 2013 г. 
  3. „Prominent Alumni: Business“. Sigma Phi Epsilon. http://www.sigep.org/about/who-we-are/history-and-facts/prominentalumni/business/. конс. 14 август 2013 г. 
  4. Engelbart, Douglas. „Curriculum Vitae“. The Doug Engelbart Institute. http://dougengelbart.org/about/cv.html. конс. 14 април 2011 г. 
  5. 5,0 5,1 Tia O'Brien. „Douglas Engelbart's lasting legacy“, „San Jose Mercury News“, 9 февруари 1999 (конс. 4 јули 2013 г).
  6. „The Unfinished Revolution II: Strategy and Means for Coping with Complex Problems“. Colloquium at Stanford University. The Doug Engelbart Institute. април 2000. http://www.dougengelbart.org/colloquium/colloquium.html. конс. 17 јуни 2012 г. 
  7. „The MIT/Brown Vannevar Bush Symposium: Influence on Doug Engelbart“. The Doug Engelbart Institute. http://dougengelbart.org/events/vannevar-bush-symposium.html#2. конс. 17 јуни 2012 г. 
  8. Markoff, John (2005). What the Dormouse Said. Penguin. стр. 70. ISBN 1-101-20108-8. https://books.google.com/books?id=cTyfxP-g2IIC&pg=PT70&lpg=PT70. 
  9. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име The_Doug_Engelbart_Institute.
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име aughum.
  11. „What is Building Information Modeling“. Engineering.com. http://www.engineering.com/BIM/ArticleID/11436/BIM-101-What-is-Building-Information-Modeling.aspx. конс. 1 февруари 2017 г. 
  12. Engelbart, Douglas C. (9 декември 1968 г). SRI-ARC. A technical session presentation at the Fall Joint Computer Conference in San Francisco. „NLS demo ’68: The computer mouse debut“. Engelbart Collection (Menlo Park, CA: Stanford University Library). 
  13. „The Mouse – CHM Revolution“. http://www.computerhistory.org/revolution/input-output/14/350.