Шафи Голдвасер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шафи Голдвасер
Shafi Goldwasser.JPG
РоденШафрира Голдвасер
Њујорк, САД
НационалностИзраелска Американка
ПолињаКомпјутерска наука, криптографија
Установи
Образование
Теза„Probabilistic Encryption: Theory and Applications“ (1984)
Докторски менторМануел Блум[1]
Докторанди
Познат по
Поважни награди
Страница

Шафрира „Шафи“ Голдвасер (хебрејски: שפרירה גולדווסר) е американско-израелски компјутерски научник и добитничка на Тјуринговата награда во 2012 година. Таа е професор по електротехника и компјутерски науки во МИТ,[4] професор по математички науки на Институтот за наука Вајцман, Израел, соосновач и главен научник на Дуалити Технолоџис[5] и директор на Институтот Симонс за теорија на компјутери на Беркли, Калифорнија.[6][7][8][9]

Биографија[уреди | уреди извор]

Родена во Њујорк сити, Голдвасер добила диплома по математиката и науката на Универзитетот Карнеги Мелон (1979), магистратура (1981) и докторат (1984) по компјутерски науки на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, под надзор на Мануел Блум, кој е добро познат по тоа што советувал некои од најистакнатите истражувачи во оваа област. Таа се приклучила на МИТ во 1983 година, а во 1997 година станала прв носител на професор. Таа станала професор на Институтот за наука Вајцман, истовремено додека била професор во МИТ, во 1993 година. Таа е член на групата теорија на пресметки, на лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелигенција на МИТ.[10] Голдвасер заеднички со друго лице (ко-примателка) ја примила Тјуринговата награда,[11] во 2012 година. На 1 Јануари 2018 година, Голдвасер станала директор на Институтот Симонс за теорија на компјутери на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.[12]

Од ноември 2016 година, Голдвасер е главен научник и соосновач на Дуалити Технолоџис, израелско-американска старт-ап компанија, која нуди безбедносна анализа на податоци, користејќи напредни криптографски техники.[5] Таа, исто така, е научен советник за неколку нови старт-ап компании во областа на безбедноста, вклучувајќи го и QED-it, специјализирана за Zero Knowledge Blockchain и Algorand, Proof-of-stake Blockchain.

Научна кариера[уреди | уреди извор]

Истражувачки области на Голдвасер вклучуваат теорија за компјутерска комплексност, криптографија и теорија на компјутерски броеви. Таа е заеднички пронаоѓач на веројатносната енкрипција,[13] која го поставила и постигнала златниот стандард за безбедност во енкрипцијата на податоци. Таа е заеднички пронаоѓач на докажувањето со нула-знаење, кое веројатносно и интерактивно ја демонстрира валидноста на тврдењето, без да пренесат дополнителни знаења, и се клучна алатка во дизајнирањето на криптографски протоколи. Нејзината работа во теоријата на комплексност ја вклучува класификацијата на проблемите со приближување, покажувајќи дека некои проблеми во НП остануваат тешки, дури и кога е потребно само приближно решение,[14] и пионерски методи за делегирање на пресметки на недоверливи сервери.[15] Нејзината работа во теоријата на броеви, го вклучува пронајдокот со Џои Килиан, за докажувањето на примитивност со користење на елиптични кривини.[16]

Награди[уреди | уреди извор]

Голдвасер ја добила Тјурингoвата награда во 2012 година, заедно со Силвио Микали, за нивната работа во областа на криптографијата.[17] Голдвасер двапати ја освоила наградата Гедел за теоретска компјутерска наука: прво во 1993 година (за "Комплексноста на знаењето на интерактивните системи за докажување"),[18] и повторно во 2001 година (за "Интерактивни докази и цврстината на приближувањето на кликовите").[19] Во другите награди спаѓаат наградата АЦМ Грејс Мареј Хупер (1996), за извонреден млад компјутерски професионалец на годината и РСА Наградата за Математика (1998), за извонредни математички придонеси во криптографијата. Во 2001 година била избрана во Американска Академија за Уметности и Науки, во 2004 година била избрана во Националната Академија на Науките, а во 2005 година во Националната Академија за Инженерство. Таа била избрана за ИАЦР Соработник во 2007 година. Голдвасер ја примила наградата Атена Предавач за 2008-2009 година на Асоцијацијата за Компјутерски Машини, Комитетот за Жени во Компјутерството.[20] Таа е добитник на медалот Бенџамин Френклин во 2010 година на Институтот Френклин за Компјутери и Когнитивната Наука.[21] Таа ја доби наградата ИЕЕЕ Емануел Р. Пиоре во 2011 година. Таа ја добила наградата Граница на Знаење во 2018 година, заедно со Микали, Ривест и Шамир.[22] Таа била избрана за АЦМ Соработник во 2017 година.[23] Во 2018 година, таа била наградена со почесна диплома од Алма Матер, Универзитет Карнеги Мелон.[24]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Шафи ГолдвасерПроект „Математичко родословие“ (англиски)
  2. Goldwasser, S.; Micali, S.; Rivest, R. L.. A Digital Signature Scheme Secure Against Adaptive Chosen-Message Attacks. „SIAM Journal on Computing“ том  17 (2): 281. doi:10.1137/0217017. 
  3. Savage, N.. Proofs probable: Shafi Goldwasser and Silvio Micali laid the foundations for modern cryptography, with contributions including interactive and zero-knowledge proofs. „Communications of the ACM“ том  56 (6): 22. doi:10.1145/2461256.2461265. 
  4. „Shafi Goldwasser | MIT CSAIL“. www.csail.mit.edu ((англиски)). конс. 2018-11-02. 
  5. 5,0 5,1 „About - Duality Technologies“. Duality Technologies. конс. 10 April 2018. 
  6. Exponent: Shafi Goldwasser Архивирано September 27, 2010, во Wayback Machine.
  7. Шаблон:ACMPortal
  8. Шафи Голдвасер from the Scopus bibliographic database.
  9. Goldwasser, S.; Micali, S.. Probabilistic encryption. „Journal of Computer and System Sciences“ том  28 (2): 270. doi:10.1016/0022-0000(84)90070-9. 
  10. „Shafi Goldwasser Biography“. www.BookRags.com. 
  11. AbAbazorius, CSAIL (13 March 2013). „Goldwasser and Micali win Turing Award“. MIT News. 
  12. „Shafi Goldwasser appointed director of the Simons Institute for the Theory of Computing“. News.berkeley.edu. 10 October 2017. конс. 10 April 2018. 
  13. „Probabilistic Encryption“ (PDF). Groups.csail.mit.edu. конс. 10 April 2018. 
  14. „Interactive Proofs and the Hardness of Approximating Cliques“ (PDF). Groups.csail.mit.edu. конс. 10 April 2018. 
  15. Goldwasser, Shafi; Kalai, Yael Tauman; Rothblum, Guy (1 јануари 2008 г). Delegating computation: interactive proofs for muggles. „Microsoft Research“. https://www.microsoft.com/en-us/research/publication/delegating-computation-interactive-proofs-for-muggles/. посет. 10 април 2018 г. 
  16. „Primality Testing Using Elliptic Curves - Semantic Scholar“. Semanticscholar.org. конс. 10 April 2018. 
  17. „Goldwasser, Micali Receive ACM Turing Award for Advances in Cryptography“. ACM. Архивирано од изворникот на 16 March 2013. конс. 13 March 2013. 
  18. Goldwasser, S.; Micali, S.; Rackoff, C. (1985). „The knowledge complexity of interactive proof-systems“. Proceedings of the seventeenth annual ACM symposium on Theory of computing - STOC '85. стр. 291. doi:10.1145/22145.22178. ISBN 0897911512. 
  19. Feige, U.; Goldwasser, S.; Lovász, L.; Safra, S.; Szegedy, M.. Interactive proofs and the hardness of approximating cliques. „Journal of the ACM“ том  43 (2): 268–292. doi:10.1145/226643.226652. 
  20. „Home“. weizmann.ac.il. 
  21. News Office (21 October 2009). „Goldwasser, Stubbe named Franklin Institute laureates“. MIT News. 
  22. „homepage - Premios Fronteras“. Premios Fronteras. конс. 10 April 2018. 
  23. ACM Recognizes 2017 Fellows for Making Transformative Contributions and Advancing Technology in the Digital Age, Association for Computing Machinery, December 11, 2017, конс. 2017-11-13 
  24. University, Carnegie Mellon. „Commencement Speakers and Honorary Degree Recipients - Leadership - Carnegie Mellon University“. www.cmu.edu. конс. 2018-09-21.