Тјурингова награда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тјурингова награда
ACM Turing Award
Се доделува заисклучителни придонеси на полето на информатиката
ЗемјаЊујорк, (САД)
ДоделуваЗдружение за сметачка машинерија (ACM)
Се добива1.000.000 долари[1]
Прво доделување1966
Мреж. местоamturing.acm.org

Тјурингова награда (англиски: Turing Award, формално: ACM A.M. Turing Award) — престижна награда која ја доделува Здружението за сметачка машинерија (ACM) на личности со придонеси од „голема и трајна техничка важност на полето на информатиката“.[2] Наградата важи за највисокото прознание што може да го добие еден информатичар[3][4] и неформално се смета за „Нобелова награда за информатика“.[5][6]

Наречена е во чест на британскиот математичар Алан Тјуринг (1912-1954) и академски работник во Манчестерскиот и Кембричкиот уинверзитет. Тјуринг се смета за основоположник на теоретската информатика и вештачката интелигенција.[7] Од 2007 до 2013 г., заедно со наградата се доделувале и 250.000 американски долари, со парична помош од „Интел“ и „Гугл“.[2] Почнувајќи од 2014 г. паричниот дел од наградата е накачен на милион долари,[1] со парична помош исклучиво од „Гугл“.[8]

Прв добитник на наградата (1966) бил Алан Перлис од универзитетот „Керниги Мелон“, а прва жена-лауреат (2006) била Френсис Елизабет Ален од ИБМ.[9][10][11]

Наградени[уреди | уреди извор]

Година Добитник Образложение
1966 Алан Перлис За неговото влијание на полето на напредните техники на програмирање и осмислување на програмски преведувачи (компајлери)[12]
1967 Морис Вилкс Осмислувач и изработувач на EDSAC — првиот сметач со внатрешно складиран програм во 1949 г. кој користел живина линија за задршка на складираното. Познат е и како еден од основоположниците на програмските библиотеки (1951)[13]
1968 Ричард Хаминг За неговата работа на бројчените методи, системите за автоматско кодирање и системите за утврдување и исправка на грешки[14]
1969 Марвин Мински За неговата стожерна улога во создавањето, обликувањето, распространувањето и унапредувањето на вештачката интелигенција.[15]
1970 Џејмс Вилкинсон За неговите истражувања на полето на бројчената анализа за употреба во големобрзински дигитален сметач. За ова има добиено посебно признание за придонесот за линеарната алгебра и обратната анализа на грешки[16]
1971 Џон Мекарти За значајниот придонес на полето на вештачката интелигенција, со неговото познато предавање „Сегашната состојба на истражувањето на вештачката интелигенција“[17]
1972 Едсгер Дејкстра Главен учесник во разработката на програмскиот јазик од високо ниво ALGOL кон крајот на 1950-тите, која станала пример за јасно и математички строго програмирање. Еден од главните застапници на програските јазици во јавноста, со голем придонес за општото осознавање на нивната структура, претставување и примена. Има напишано многу дела од својата, и сродни области.[18]
1973 Чарлс Бахман За неговите извонредни придонеси за технологијата на базите на податоци[19]
1974 Доналд Кнут За значајните придонеси во анализата на алгоритмите и осмислувањето на програмските јазици, а особено со дела како „Уметноста на програмирањето“ и неговите продолженија[20]
1975 Ален Њуел и
Херберт Сајмон
За основните придонеси за вештачката интелигенција, прихологијата на човековото спознание и обработката на списоци[21]
1976 Михаил О. Рабин и
Дана Скот
За нивниот заеднички труд „Конечните автомати и нивниот проблем на одредување“[22] во кој се појавува идејата за недетерминистички конечни автомати со огромна вредност и значење, како и големо влијание врз понатамошното истражување на оваа тема[23][24]
1977 Џон Бекус За темелните, влијателни и трајни придонеси за осмислувањето на практички програмски системи на високо ниво, особено со работата на FORTRAN, како и клучните трудови за формалните процедури и определби на програмските јазици[25]
1978 Роберт Флојд За јасно влијание врз методологиите на создавање на делотворна и доверлива програмска опрема, како и учество во основањето на следниве важни полиња на информатиката: теоријата на синтактичката анализа (расчленување), семантиката програмските јазици, формалната проверка, автоматската програмска синтеза и анализата на алгоритми[26]
1979 Кенет Ајверсон За неговите основоположнички напори на полето на програмските јазици и математичкото бележење, од кои произлегол програмскиот јазик APL, за придонесите во примената на интерактивните системи на APL за образовни цели, како и за теоријата и праксата на програмските јазици[27]
1980 Тони Хор За неговите темелни придонеси за утврдувањето и осмислувањето на програмските јазици[28]
1981 Едгар Код За неговите темелни и постојани придонеси во теоријата и практиката на системите за раководење со бази на податоци, особено односните бази[29]
1982 Стивен Кук За унапредувањето на нашето разбирање на сложеноста на смтањето на значаен и темелен начин[30]
1983 Кен Томпсон и
Денис Ричи
За разработката на теоријата за генеричките оперативни системи, како и примената на оперативниот систем UNIX
1984 Никлаус Вирт За разработка на низа иновативни сметачки јазици — EULER, ALGOL-W, MODULA и Паскал
1985 Ричард Карп За постојаните придонеси за теоријата на алгоритмите, вклучувајќи ја разработката на делотворни алгоритми за проток во мрежите и други проблеми комбинаторската оптимизација, утврдувањето на полиномско-временската пресметливост со интуитивната претстава за алгоритамска делотворност. Од најголемо значење се неговите придонеси во теоријата на NP-потполност
1986 Џон Хопкрофт и
Роберт Тарјан
За темелни достигнувања во осмислувањето и анализата на алгоритмии податочни структури
1987 Џон Кок За значајни придонеси за осмислувањето и теоријата на програмските преведувачи, архитектурата на големите системи и развојот на сметачите со смалено множество наредби (RISC)
1988 Ајван Садерленд За основоположничките и визоонерски придонеси на полето на сметачката графика, почнувајќи со Sketchpad и продолжувајќи понатаму
1989 Вилијам Кахан За неговите темелни придонеси за бројчената анализа. Еден од најголемите стручњаци за сметање со подвижна запирка. Се посветил на задачата „светот да биде безбеден за бројчени пресметки“
1990 Фернандо Корбато За основоположничката работа во уредувањето на поимите и предводењето на општонаменски системи за делење време и ресурси во големи размери, CTSS и Multics.
1991 Робин Милнер За три посебни целосни достигнувања: 1) докажувачот на теореми LCF, механизацијата на Скотовата логика за пресметливи функции — веројатно првата теоретски заснована, но сепак практична алатка за машински-потпомогнато срочување на докази; 2) ML — првиот јазик со полиморфен типски извод заедно со типски безбеден механизам обработка на исклучоци; 3) пресметката на заемодејствувачки системи (CCS) — општа теорија на истовременоста. Покрај тоа, срочил и мошне ја напреднал целосната апстракција, која го проучува односот помеѓу работната и означувачката семантика.[31]
1992 Батлер Лампсон За придонеси во развојот на околини на распределени лични сметачи у технологијата на нивната примена: работни станици, мрежи, оперативни системи, програмерски системи, монитори, безбедноста и објавувањето на документи.
1993 Јурис Хартманис и
Ричард Стернс
За клучниот труд со кој ја основале теоријата на пресметковна сложеност.[32]
1994 Едвард Фајгенбаум и
Раџ Реди
За основоположничкото осмислување и изработка на системи на вештачка интелигенција во големи размери, притоа покажувајќи ја практичната важност и можното влијание на ваквата технологија врз комерцијалните производи.[33]
1995 Мануел Блум За придонеси во основите на теоријата на пресметковна сложеност и нејзината примена во криптографијата и проверката на програмите.
1996 Амир Пнуели За клучната работа со која ја вовел врмеенската логика во информатиката, како и за неговите извонредни придонеси за проверката на програмите и системите.
1997 Даглас Енгелбарт За осмислувањето на иднината на интерактивното сметачко работење и изумувањето на клучни технологии за спроведување на таа замисла.
1998 Џим Греј За клучни придонеси во истражувањето на полето на базите на податоци и обработка на трансакции, како и за техничко водство на примената на системите.
1999 Фред Брукс За значајните придонеси за сметачката архитектура, оперативните системи и програмското инженерство.
2000 Ендру Јао За неговите темелни придонеси во теоријата на сметањето, вклучувајќи ја теоријата на создавањето на псевдослучајни броеви, криптографијата и сложеноста на поврзаностите.
2001 Оле-Јохан Дал и
Кристен Нигорд
За идеите од темелно значење за објектно-ориентираното програмирање, осмислувајќи ги програмските јазици Симула I и Симула 67.
2002 Рон Ривест,
Ади Шамир и
Леонард Ејдлман
За нивниот генијален придонес за практичната примена на асиметричната криптографија.
2003 Алан Кеј За поставување на темелите на многу идеи во основата на современите објектно-ориентирани програмски јазици, предводејќи ја екипата што го осмислила јазикот Smalltalk, како и за темелни придонеси за личните сметачи.
2004 Винтон Серф и
Роберт Кан
За основоположничката работа на меѓувмрежувањето, including the design и примената на основните поврзувачки протоколи на семрежјето TCP/IP, како и за инспиративно водство во работата на мрежите.
2005 Петер Наур За темелните придонеси за осмислувањето на програмските јазици и определбата на ALGOL 60, за осмислувањето на програмските преведувачи, како и за програмерскиот занает.
2006 Френсис Е. Ален За основоположнички придонеси за теоријата и практиката на оптимизација на технологиите на програмско преведувачи и автоматското напоредно извршување.
2007 Едмунд Кларк,
Ернест А. Емерсон и
Јосиф Сифакис
За улогата во разработката на проверката на модели во високоделотворна технологија за проверка, нашироко прифатена во сметачката индустрија на програмско и машинско ниво.[34]
2008 Барбара Лисков За придонеси за практичните и теоретски основи на програмските јазици и осмислувањето на системите, особено во врска со апстракцијата на податоците, толеранција на грешки и распределеното сметачко работење.
2009 Чарлс Текер За основоположничото осмислување и примена на Ксерокс Алто — првиот современ личен сметач, како и за неговите придонеси за етернетот и табличниот сметач.
2010 Лезли Валијант За придонесите кои ја преозбразиле теоријата на сметањето, вклучувајќи ја теоријата за „веројатно приближно точно“ учење (PAC), сложеноста на набројувањето и алгебарското пресметувањ, како и теоријата на напоредно сметачко работење.
2011 Јудеја Перл[35] За темелни придонеси за вештачката интелигенција преку развојот на математичка анализа за веројатносно и причиносно расудување.[36]
2012 Силвио Микали
Шафи Голдвасер
За преобразителната работа која ги поставила темелите за теоријата на сложеноста во криптографијата и за процесот кој вовел нови методи на делотворна проверка на математички докази во неа.[37]
2013 Лезли Лампорт За темелните придонеси за теоријата и практиката на рапсределените и истовремените сиситеми, особено за измислувањето на концептите како причиност и логички часовници, безбеднос и живост, автомати со умножени состојби и доследност во низите.[38][39]
2014 Мајкл Стоунбрејкер За темелни придонеси за концептите и практиките на кои се темелат современите базни системи.[40]
2015 Мартин Хелман
Витфилд Диф
За темелни придонеси за современата криптографија. Во нивниот епохален труд „Нови насоки во криптографијата“ (New Directions in Cryptography) ја вовеле идејата за асиметричната криптографија и дигитален потпис — камен-темелник на највеќето денешни сигурносни протокли на семрежјето.[41]
2016 Тим Бернерс-Ли За неговиот епохален изум — семрежјето (т.е. светската пајажина, интернетот), првиот прелистувач и фундаменталните протоколи и алгоритми кои го овозможиле проширувањето на семрежјето.[42]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Cacm Staff. ACM's Turing Award prize raised to $1 million. „Communications of the ACM“ том  57 (12): 20. doi:10.1145/2685372. 
  2. 2,0 2,1 "A. M. Turing Award". ACM. конс. 2007-11-05. 
  3. Dasgupta, Sanjoy; Papadimitriou, Christos; Vazirani, Umesh (2008). Algorithms. McGraw-Hill. ISBN 978-0-07-352340-8 , p. 317.
  4. Bibliography of Turing Award lectures, DBLP
  5. Steven Geringer (27 July 2007). "ACM'S Turing Award Prize Raised To $250,000". ACM press release. конс. 2008-10-16. 
  6. Погл. и: Brown, Bob (June 6, 2011). "Why there's no Nobel Prize in Computing". Network World. конс. June 3, 2015. 
  7. Homer, Steven and Alan L. (2001). Computability and Complexity Theory. Springer via Google Books limited view. стр. 35. ISBN 0-387-95055-9. http://books.google.com/?id=r5kOgS1IB-8C&pg=PA35. посет. 5 ноември 2007 г. 
  8. "ACM's Turing Award Prize Raised to $1 Million". ACM. конс. 2014-11-13. 
  9. The Association for Computing Machinery (21 февруари 2007). "First Woman to Receive ACM Turing Award". Соопштение за печат.  посет. 5 ноември 2007 г
  10. Marianne Kolbasuk McGee. „There's Still A Shortage Of Women In Tech, First Female Turing Award Winner Warns“, „InformationWeek“, CMP Media, February 24–26, 2007 (посет. 5 ноември 2007 г).
  11. Perelman, Deborah. „Turing Award Anoints First Female Recipient“, „eWEEK“, Ziff Davis Enterprise, 27 февруари 2007 (посет. 5 ноември 2007 г).
  12. Perlis, A. J.. The Synthesis of Algorithmic Systems. „Journal of the ACM“ том  14: 1. doi:10.1145/321371.321372. 
  13. Wilkes, M. V.. Computers then and Now. „Journal of the ACM“ том  15: 1. doi:10.1145/321439.321440. 
  14. Hamming, R. W.. One Man's View of Computer Science. „Journal of the ACM“ том  16: 3. doi:10.1145/321495.321497. 
  15. Minsky, M.. Form and Content in Computer Science (1970 ACM turing lecture). „Journal of the ACM“ том  17 (2): 197. doi:10.1145/321574.321575. 
  16. Wilkinson, J. H.. Some Comments from a Numerical Analyst. „Journal of the ACM“ том  18 (2): 137. doi:10.1145/321637.321638. 
  17. McCarthy, J.. Generality in artificial intelligence. „Communications of the ACM“ том  30 (12): 1030. doi:10.1145/33447.33448. 
  18. Dijkstra, E. W.. The humble programmer. „Communications of the ACM“ том  15 (10): 859. doi:10.1145/355604.361591. 
  19. Bachman, C. W.. The programmer as navigator. „Communications of the ACM“ том  16 (11): 653. doi:10.1145/355611.362534. 
  20. Knuth, D. E.. Computer programming as an art. „Communications of the ACM“ том  17 (12): 667. doi:10.1145/361604.361612. 
  21. Newell, A.; Simon, H. A.. Computer science as empirical inquiry: Symbols and search. „Communications of the ACM“ том  19 (3): 113. doi:10.1145/360018.360022. 
  22. Rabin, M. O.; Scott, D.. Finite Automata and Their Decision Problems. „IBM Journal of Research and Development“ том  3 (2): 114. doi:10.1147/rd.32.0114. 
  23. Rabin, M. O.. Complexity of computations. „Communications of the ACM“ том  20 (9): 625. doi:10.1145/359810.359816. 
  24. Scott, D. S.. Logic and programming languages. „Communications of the ACM“ том  20 (9): 634. doi:10.1145/359810.359826. 
  25. Backus, J.. Can programming be liberated from the von Neumann style?: A functional style and its algebra of programs. „Communications of the ACM“ том  21 (8): 613. doi:10.1145/359576.359579. 
  26. Floyd, R. W.. The paradigms of programming. „Communications of the ACM“ том  22 (8): 455. doi:10.1145/359138.359140. http://dl.acm.org/ft_gateway.cfm?id=359140&ftid=289772&dwn=1&CFID=285645736&CFTOKEN=55009136. 
  27. Iverson, K. E.. Notation as a tool of thought. „Communications of the ACM“ том  23 (8): 444. doi:10.1145/358896.358899. 
  28. Hoare, C. A. R.. The emperor's old clothes. „Communications of the ACM“ том  24 (2): 75. doi:10.1145/358549.358561. 
  29. Codd, E. F.. Relational database: A practical foundation for productivity. „Communications of the ACM“ том  25 (2): 109. doi:10.1145/358396.358400. 
  30. Cook, S. A.. An overview of computational complexity. „Communications of the ACM“ том  26 (6): 400. doi:10.1145/358141.358144. 
  31. Milner, R.. Elements of interaction: Turing award lecture. „Communications of the ACM“ том  36: 78–89. doi:10.1145/151233.151240. 
  32. Stearns, R. E.. Turing Award lecture: It's time to reconsider time. „Communications of the ACM“ том  37 (11): 95. doi:10.1145/188280.188379. 
  33. Reddy, R.. To dream the possible dream. „Communications of the ACM“ том  39 (5): 105. doi:10.1145/229459.233436. 
  34. 2007 Turing Award Winners Announced
  35. Pearl, Judea. The Mechanization of Causal Inference: A "mini" Turing Test and Beyond (mp4). „ACM Turing award lectures“ (ACM). doi:10.1145/1283920.2351636. ISBN 978-1-4503-1049-9. http://dl.acm.org/citation.cfm?id=1283920.2351636. 
  36. "Judea Pearl". ACM. 
  37. "Turing award 2012". ACM. 
  38. "Turing award 2013". ACM. 
  39. Lamport, L.. Time, clocks, and the ordering of events in a distributed system. „Communications of the ACM“ том  21 (7): 558–565. doi:10.1145/359545.359563. http://research.microsoft.com/users/lamport/pubs/time-clocks.pdf. 
  40. "Turing award 2014". ACM. 
  41. "Cryptography Pioneers Receive 2015 ACM A.M. Turing Award". ACM. 
  42. "Turing award 2016". ACM. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]