Гугл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Google
Вид комерцијална
Вработени 33000+
Портал Google.com

Google Inc. или Гугл е американска корпорација специјализирана за интернет пребарувања. Помеѓу корисниците е најпозната по својот пребарувач, но покрај него нуди и многу други сервиси. Главно своите приходи ги остварува преку својот систем на рекламирање. Главно седиште на компанијата, познато под име Googleplex, се наоѓа во Калифорнија.

Основачи на компанијата се тогашните студенти Лери Пејџ и Сергеј Брин. Целата приказна ја започнуваат неофицијално во јануари 1997 на Универзитетот Стенфорд, а официјално започнуваат со работа на 7 септември 1998 стартувајќи со својот интернет пребарувач. Со своите сервиси успеваат својата основна дејност, пребарување и рекламирање, да ја прошират на други подрачја како што се: електронска пошта, онлајн мапи, прикажување на видео формати и слично.


Име[уреди | уреди извор]

Името на Google претставува игра на зборови и е производ на зборот „гугол“ (googol) - математички термин за број, представен со единица и 100 нули.

Поради популарноста на пребарувачката машина зборот во англискиот јазик се појавува неологизмот to google или to Google, што значи „пребарување на Google за наоѓање на информации на Интернет“. Думата е додадена во Оксфордскиот англиски речник и во Merriam-Webster[6][7]

Gmail[уреди | уреди извор]

Gmail е веб базиран поштенски клиент. Корисниците имат возможност да добиваат електронски писма од други локални клиенти. Како и други дополнителни функционалности, која ја прави услугата на Google доста популарна и лесна за користење.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]