Глувче (од англ.mouse) е еден од најкорисните и најкористените периферни делови на сметачот. Спаѓа во т.н. влезни уреди. Постојат 3 типови на посредници за поврзување на глушецот со сметачот, и тоа: сериски (за постари сметачи), PS/2 и USB посредник. Сензорот за детекција на движењето на глушецот (раката на корисникот) може да биде: обичен, со топче или оптички.
Со создавањето на напредните оперативни системи и зачетоците на графички опкружувања се јави неопходна потреба за проек-тирање и изработка на периферен влезен уред заради лесна навигација во овие графички средини.
Првиот примерок на глувче е произведен од компанијата Microsoft заради потребите на тогашниот прв графички оперативен систем IBM-OS2 ( IBM е фирмата а OS2 е оперативен систем).
Смислата на овој периферен уред и негово значење се добива во почетокот на 80-те години со настанокот на графичкиот операти-вен систем Windows 3.1
Овој периферен влезен уред според начинот на поврзување се дели на :