USB

Од Википедија — слободната енциклопедија
USB приклучок од тип „A“

USB (УСБ) (англ. Universal Serial Bus = „универзална сериска магистрала“) — надворешен приклучок за разни периферни уреди (печатач, глувче, тастатура, мрежна камера, модем итн.). Го карактеризира голема брзина и едноставност во приклучувањето (англ. Plug & Play).

USB 1.1 е стариот стандард со брзина од 1,5 или 12 Мб/сек. Новиот стандард е USB 2.0 со брзина до 480 Мб/сек.

Може да се приклучат до 127 уреди, а усогласувањето на адресите на машинската опрема е автоматско.

Скоро сите лични сметачи направени по 2000 г. имаат USB-влезови (порти) и тоа по неколку, сите вградени на матичната плоча. Може да се додадат и картички кои на себе имаат уште USB-влезови.