Прејди на содржината

Радмила Шекеринска

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Радмила Шеќеринска)
Радмила Шекеринска
Официјален портрет (2020 г.)
Министерка за одбрана
На должноста
1 јуни 2017 – 17 јануари 2022
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Зоран Заев
Претходник Зоран Јолевски
Наследник Славјанка Петровска
Премиерка на Македонија
вршител на должност
На должноста
18 ноември 2004 – 17 декември 2004
Претседател Бранко Црвенковски
Претходник Хари Костов
Наследник Владо Бучковски
Вицепремиерка за евроинтеграции
На должноста
12 мај 2004 – 2 јуни 2004
Претседател Бранко Црвенковски
Претходник Бранко Црвенковски
Наследник Хари Костов
На должноста
1 ноември 2002 – 27 август 2006
Премиер Бранко Црвенковски
Хари Костов
Владо Бучковски
Наследник Габриела Конеска Трајковска
Лични податоци
Роден(а) 10 јуни 1972(1972-06-10)(52 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Партија СДСМ
Сопружник Божидар Јанковски
Деца 1
Установа Скопски универзитет
Универзитет Тафтс

Радмила Шекеринска Јанковска (10 јуни 1972 во Скопје) — македонска политичарка, поранешна министерка за одбрана на Република Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Радмила Шекеринска магистрира на престижната школа за дипломатија и право „Флечер“ во САД во 2007 година. Шекеринска има дипломирано на електротехничкиот факултет во Скопје во 1995. Во текот на 1996 година работи како асистент за односи со јавност во Институтот Отворено општество Македонија. Од 1997 до 2002 работи како асистент на Електротехничкиот факултет.

Зборува англиски и француски јазик и исто така е автор на повеќе научни и стручни трудови од својата област. Добитник е на наградата “Глобални Водачи на Утрешнината“ што ја доделува светскиот економски форум.

Политички функции

[уреди | уреди извор]

Од 1993 година Шекеринска е избрана за член на ЦО на СДСМ во неколку мандати. Од 1995 е член на претседателството на ЦО на СДСМ, а во 1999 година е избрана за потпретседател на ЦО на СДСМ и за меѓународен секретар на партијата. Во периодот 1995 - 1999 година, ја врши функцијата претседател на СДММ, а во 1997 - 1998 година е и портпарол на СДСМ. Подоцна е избрана за потпретседател на Партијата, а на 5 ноември 2006 година е избрана и за претседател на Партијата.

Од 1996 до 1998 година Шекеринска е член на Советот на Град Скопје. Во 1998 е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во овој период ги врши функциите: заменик-координатор на Пратеничката група на СДСМ, член на комисијата за надворешна политика, член на комисијата за образование и наука, член на комисијата за животна средина, млади и спорт, член на делегацијата во Интерпарламентарната унија (УПИ) и член на пратеничката група за соработка со Европскиот парламент.

Во 2002 година повторно е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 1 ноември 2002 до 2006 година е заменик-претседател на Владата на Република Македонија, задолжена за Европска интеграција и Координација на странската помош.

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-07-11. Посетено на 2017-06-06.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Политички функции
Претходник
Зоран Јолевски
Министер за одбрана на Македонија
2017–2022
Наследник
Славјанка Петровска
Претходник
Вицепремиер за евроинтеграции
2002–2006
Наследник
Габриела Конеска Трајковска
Партиски функции
Претходник
Владо Бучковски
Претседател на СДСМ
2006–2008
Наследник
Зоран Заев