Бен Хур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Бен Хур“
Ben hur 1959 poster.jpg
Филмскиот плакат за „Бен Хур“
Режисер Вилијам Вајлер
Продуцент Сем Зимбалист
Раскажувач Финлеј Кјури
Настапуваат Чарлтон Хестон
Џек Хокинс
Хаја Харарит
Стивен Бојд
Хју Грифит
Музика Миклош Рожа
Кинематографија Роберт Л. Сјутерс
Монтажа Џон Данинг
Ралф Винтерс
ДистрибутерMetro-Goldwyn-Mayer
Премиераноември 18 1959 (1959-11-18)
Времетраење 212 минути
Држава  САД
Јазик Англиски
Буџет $15 милиони
Бруто заработка $146,9 милиони

Бен Хур е американски историски филм од 1959, режиран од Вилијам Вајлер. Сценариото на филмот е засновано на романот на Лу Валас од 1880. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Чарлтон Хестон, Стифен Бојд, Џек Хокинс, Хју Грифит, Хаја Харирит, Марта Скот, Кејти О'Донел, Финли Кари и Теренс Лонгдон. Филмот освоил четири награди „Златен глобус“ и рекордни девет награди „Оскар“, со што долго време бил најнаградениот филм (до појавата на „Титаник“ и на „Господар на прстените:Враќањето на кралот“).

Синопсис[уреди | уреди извор]

Јуда Бен (го игра Хестон) од еврејската куќа Хур е еден од најугледните трговци за време на владеењето на римските цареви Август и Тибериј. Неговиот пријател од детството Месала (го игра Бојд), сега веќе висок офицер во римската војска, се враќа во Јудеја и ја посетува куќата Хур за да се поздрави со Јуда Бен и да го замоли да му помогне да ги запре еврејските бунтови. Јуда Бен го одбива и поради тоа, Месала го протерува на една галија и ја уништува куќата Хур. Како морнар, во една борба, Јуда спасува висок римски офицер, кој го посинува и му подарува слобода. Кога се враќа во Јудеја, Бен Хур запознава еден арапски љубител на коњи и станува возач на неговите тркачки коли. Со него се враќа во Рим и учествува во големата трка...

Надворешни врски[уреди | уреди извор]