Бач

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бач (Леринско))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За градот во Војводина, вид. Бач (Србија).
Бач
Бач is located in Македонија
Бач
Местоположба на Бач во Македонија
Координати 40°55′59″N 21°34′0″E / 40.93306° СГШ; 21.56667° ИГД / 40.93306; 21.56667Координати: 40°55′59″N 21°34′0″E / 40.93306° СГШ; 21.56667° ИГД / 40.93306; 21.56667
Општина Општина Новаци
Население 172 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7225
Надм. вис. 610 м
Бач на општинската карта
Бач во Општина Новаци.svg

Атарот на Бач во рамките на општината
Commons-logo.svg Бач на Ризницата
Грб на поранешната Општина Бач.

Бач — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Бач се наоѓа на главниот пат што води од Битола за Старавина преку Кременица. Од Битола е оддалечено околу 25 километри. Соседни села се: Гермијан, Живојно, Добровени и Брод. Селото е рамничарско, распослано од двете страни на патот на надморска висина од 610 м.

Атарот зафаќа површина околу 17,8  км2. Од тоа, обработливо земјиште е 1138 ха, а другото се пасишта. Во селото Бач има 4 природни извори со чиста и здрава вода за пиење. Во секое домаќинство има водоводна инсталација и телефонски врски. [1]

Историja[уреди | уреди извор]

За потеклото на името на село познати се две сознанија.[1]

Првото сознание е легенда. Во средишниот дел на селото постоело езеро околу кое биле сместени бачила со овци. На бачот (овчарот) му се удавило едно дете и со волна од овците го затворил изворот на езерото. Така, поради бачот и селото го добило своето име Бач.

Според второ сознание, Бач како централно место за околните села било седиште на турската управа за собирање на даноци од околните села. Во турската правна терминологија се употребувал зборот БАЏ ВЕ БАЗАР што на турски значело место каде се наплатува за донесената стока (со сегашен речник кажано -управа за приходи). Со текот на времето името Баџ се модифицирало и започнало да се употребува ојконимот Бач.

Најстари сознанија за Бач[уреди | уреди извор]

Мицко Солаков, поранешен кмет на село Бач

Први пишани документи за родени жители во село Бач се црковните книги. Во нив стои запишано името на Дело Кулевски кој бил роден 1842 година во село Бач. Потоа во континуитет се редат лица родени во село Бач.

Јанаки Стрезов во 1880 година забележал дека во Бач живеат 35 семејства со 92 жители. Во 1897 година австроунгарскиот конзул во Битола Аугуст Крал забележал дека во Бач живеат 82 семејства со со вкупно 485 жители.

Во XIX век селото било дел од Леринската каза во Отоманската Империја.

Во Бач, како и во многу други македонски села силно влијание имале странските пропаганди во XIX и првата половина на XX век. Во Бач особено биле изразени грчката и бугарската пропаганда. Поделеноста стигнала до таму па така биле изградени 2 храма, патријаршиски во 1870 година и егзархиски во 1912 год. Патријаршискиот храм бил разурнат во 1916 година за време на воените дејства од Првата светска војна. Целосно е разрушен во 1958 година и на истото место е изградена спортска сала на училиштето во село Бач.

Во подолг временски период Бач било општински центар за околните десетина села. Сега тоа припаѓа во Општина Новаци.[2]

Економија[уреди | уреди извор]

Жителите на село Бач се занимаваат со земјоделие и сточарство. Од земјоделски култури успеваат пченица, јачмен, овес, 'рж, пченка. Од индустриските култури успеваат памук, афион, сусамот и кикиритката. На повисоките места успева виновата лоза. Успеваат и раноградинарските култури. Порано се одгледуваа овци и кози. Нивниот број сега е намален. Многу семејства одгледуваат високомлечни сорти на крави. Литература-Митко Панов, Енциклопедија на селата во РМ, Скопје. 1998 г

Демографија[уреди | уреди извор]

Моштенската носија е руба на селото

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Бач живееле 490 жители, сите Македонци.[3]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бач имало 448 Македонци егзархисти.[4]

Според последниот попис од 2002 година, во селото имали 172 жители, од кои 171 Македонец и Србин.[5]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 490[3] 448[7] 651 673 706 557 522 474 191 172

Во Бач живеат Македонци - Моштенци. Освен во селото Бач, Моштенци живеат во селaта Живојно, Гермијан и Сович и во триесетина села кои денес се наоѓаат во Грција. Моштенците имаат своја посебни украси и носија која битно се разликува од носијата на соседните мариовски села. Носијата била една од причините поради кои немало мажење и женење меѓу Мариовци и Моштенци, односно мажење и женење меѓу село Бач и Брод и ако едното од другото се оддалечени само 2 километри.

По 1961 година започнува бран на масовно иселување на жителите од Бач и нивно одење на печалба во Австралија, САД, Канада, како и во европските земји Германија, Франција, Норвешка и други.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Бач е македонско село.

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци и родови со непознато потекло: Настевци (7 к.), Трпковци (2 к.), Карамешовци (2 к.), Полупачо (2 к.), Уфката (2 к.), Курдевци (2 к.), Накови (2 к.), Басарови (1 к.), Ташевци (6 к.), Гичеви (7 к.), Јошевци (6 к.), Стојнини (3 к.), Генџовци (3 к.), Стојкови (2 к.), Шалои (2 к.), Кулевци (2 к.), Глушевци (1 к.), Шереметови (6 к.), Јагурови (5 к.), Дуровци (2 к.), Кузмановци (1 к.), Милевци (1 к.), Лековци (1 к.), Јанковци (2 к.), Ќосеви (1 к.), Вердикови (2 к.) и Врагови (2 к.)
  • Доселеници со позната старина: Колчаковци (4 к.) доселени се околу 1793 година од соседното село Живојно. Ја знаат следната генеологија Трендафил (жив на 42 год. во 1953 година) Алексо-Крсте-Толе-Петко-Ристе, кој се доселил во селото. Таму припаѓале на истоимениот староседелски род; Кочовци (5 к.) доселени се исто така од селото Живојно, после претходниот род; Најдовци (2 к.) доселени се после претходните родови од раселеното село Раковци, во близина на Мусинци; Најдовчеви (1 к.) потекнуваат од селото Ивени во Мариово. Од таму се иселиле во селото Добровени, па по некое време прешле во Бач; Даскале (1 к.) доселени се од селото Велесело; Свиркови (2 к.) доселени се во 1933 година од селото Тепавци. Таму имаат роднини. Подалечно потекло имаат од околината на Корча во Албанија.
  • Српски колонистички род: Максиќи (1 к.) доселени се во 1925 година како колонисти од околината на Смедерево во Србија. За време на Втората светска војна морале да се иселат од селото, но потоа се вратиле назад.[9]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Првото училиште во село Бач е изградено во 1921 година. Наставата на мајчин македонски јазик започна во ноември 1944 година. Во 1951 година четиригодишното училиште прерасна во седумгодишно, а потоа во осумгодишно. Училиштето го доби името на загинат борец од село Бач во Народно-ослободителната војна Коста Лазаревски. Во наредниот период училиштето беше преименувано. Сега се вика "Мирче Ацев". Во Бач работи Здравствена амбуланта, Ветеринарна амбуланта, Месна заедница и Пошта.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Црквата во селото Бач, снимена од браќата Манаки во периодот меѓу 1918-1941

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[10]
Археолошки локалитети[11]
  • Тумба — населба од бронзено време;
  • Самовили — населба и некропола од римско време;

Во 1921 година, од страна на тогашните српски власти, во село Бач била изградена зграда наменета за Штабот на српската кралска војска. Оваа велепна зграда кај народот е позната како Кралски дворец. Во ходникот на подот имаше прекрасен мозаик, десно голема сала за конференции, а лево неколку канцеларии. На јужната страна имаше кујна, а во непосредна близина имаше бунар со чиста и здрава вода за пиење.

Во периодот од 1951 до 1962 година просториите на Кралскиот дворец се користеа за училници, а во кујната се подготвуваше храна за учениците. Од убавиот Кралски дворец сега има само урнатини.

Во црковниот двор постојат заборавени српски гробови на борци од Првата светска војна загинати на Македонскиот фронт на Кајмакчалан во 1916 година.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Низ својата долга историја жителите на село Бач дале свој придонес за слободата на својата татковина.

Познати учесници во Илинденското востание биле Ило Таневски-Шкордевски, кој по ослободувањето користеше боречка пензија и Васил Стефановски кој беше убиен во 1913 година.

Во Народно-ослободителната војна 1941-1945 година од село Бач учествуваа 30 борци. На бојното поле животите ги положија Коста Лазаревски и Александар Стојчевски.

Во поновата историја на село Бач има повеќе познати личности. Некои од нив ќе ги споменеме.

Проф. д-р Христо Димитровски - универзитетски професор кој целиот работен век го мина во образованието. Зад себе остави бројни стручно научни трудови. Сега е пензионер. Живее во Битола и редовно се навраќа во село Бач.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

На територијата на поранешната Општина Бач порано постоеја неколку фудбалски клубови како ФК Земјотрес од с. Брод, ФК Љубов од с. Бач, ФК Граничар од с. Гермијан и ФК Македонија од с. Живојно, но денес не функционира ниту еден.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Бурназовци (3 к.) се иселени во селото Совиќ, Шајтан (1 к.), Гичевци (3 к.) и Карамеше (1 к.) се иселени во селото Гермијан, Доневци (1 к.) се иселени во селото Жабени. Од родот Вердиковци едно семејство живее во Скопје.[9]

Постари иселеници има и во леринското Асаново Село.

Најмногу бачани се иселени во Австралија. Тие оформиле свои региони и меѓусебно комуницираат и успешно ги негуваат македонските обичаи и традиција. Изградиле и Манастир Св. Климент Охридски во Кинглајк - Австралија. Се избориле за емисии на македонски јазик при Државната телевизија во Мелбурн. Главен уредник за емисиите на македонски јазик од 1980 година е Виолета Јовановска.

Литература[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ѓорги Лазаревски , Бач Македонско-моштенска населба 2009 год. Битола, ISBN 978-9989-55-186-4, COBISS.MK-ID 18405953
  2. Ѓорѓи Лазаревски, Бач македонско-моштенска населба, НИД Микена, Битола,2009 г.
  3. 3,0 3,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.250
  4. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 176 – 177.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 176 – 177.
  8. Завод за статистика на РМ, регионално одделение за статистика Битола.
  9. 9,0 9,1 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]