Србија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Adding {{Ризница-врска|Serbia}}
BokicaK (разговор | придонеси)
Ред 339: Ред 339:
|ЈИ = {{БУГ}}
|ЈИ = {{БУГ}}
}}
}}

{{Ризница-врска|Serbia}}


[[Категорија:Србија|*]]
[[Категорија:Србија|*]]

Преработка од 16:56, 9 јануари 2010

Република Србија
Република Србија
Republika Srbija
Знаме Грб
ХимнаБоже Правде / Bože Pravde
Местоположба на Србија (темно и светло зелено) - Косово (светло зелено) во Европа (зелено + темно сиво)
Местоположба на Србија (темно и светло зелено) - Косово (светло зелено)
во Европа (зелено + темно сиво)
Местоположба на Србија (темно и светло зелено) - Косово (светло зелено)
во Европа (зелено + темно сиво)
Главен градБелград
44°48′N 20°28′E / 44.800° СГШ; 20.467° ИГД / 44.800; 20.467
Најголем град главниот град
Службен јазик српски
Признаени регионални јазици унгарски, хрватски, словачки, романски, русински
Демоним Србин
Уредување Парламентарна република
 •  Претседател Борис Тадиќ
 •  Премиер Мирко Цветковиќ
 •  Претседател на парламент Славива Ѓукиќ Дејановиќ
Законодавство Национално собрание
Основање
 •  Призната од Византија 780 
 •  Прва независност 850 
 •  Прво кралство 1077 
 •  Српска Империја 1345 
 •  Изгубена независност 1540[1][2][3] 
 •  Српска револуција 15 февруари 1804 
 •  Независност 1867/ 1878 
 •  Обединување со Војводина 1918 
 •  Независна република 5 јуни 2006 
Површина
 •  Вкупна 88 361 км2 (113-та)
 •  Вода (%) 0.13
Население
 •  проценка за 2008 г. 7.365.507[4] (без Косово) 
 •  Густина 107.46 жит/км2 (94-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $79.662 милијарди[5] 
 •  По жител $10.792[5] (без Косово) 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $50.061 милијарди[5] 
 •  По жител $6.782[5] (без Косово) 
Џиниев коеф. (2007).24
низок
ИЧР (2006)0.821
многу висок · 65-та
Валута Српски динар (RSD)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на right
НДД .rs (.yu)
Повик. бр. 381

Србија (српски: Србија или Srbija) е држава на Балканскиот полусотров и во Средна Европа. На север Србија граничи со Унгарија, на исток со Романија и Бугарија, на југ со Република Македонија, на југозапад со Црна Гора, и на запад со Босна и Херцеговина, и Хрватска.

Србија е составена, според ООН, од две покраини и Централна Србија. Покраините на Србија се Косово и Војводина со главен град Белград. Поголемиот дел на Србија и Војводина се Срби, додека во Косово над 90% се Албанци. Официјален јазик во државата е српски и најголема религија е православието.

Историја

Корените на српската држава датираат од првата половина на 9 век. Кралството Србија е основано во 11 век, а во 13 век тоа еволуира во Српска Империја. Територијата на денешна Србија во составот на Османлиската империја била во периодот од 15 век до 20 век. Во составот на империјата најпрвин биле вклучени југоисточните делови на Србија, околу градот Ниш. Веќе во 1459 година целото српско деспотство, а во периодот од 1526 до 1552 година и цела Војводина. Османлиската империја издвојувала големи победи во Маричката битка во 1371 година и Косовската битка во 1389 година.

Кон крајот на 17 век, Австриското царство ги поразиле османлиите. Во времето кога српската територија станала повторно упориште на австриската власт, српските војници активно се вклучиле во австриската армија. Тогаш, Османслиската империја ги изгубила сите територии во подунавско, Северна Србија и Северна Босна, делови од Далмација, Мала Влашка и Пелопонез. Од 1718 година, Хабзбуршката династија го добила и Белград во својот состав.

По 1918 година, Србија е основачка членка на Југославија во нејзините различни форми (Кралство Југославија, Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузна Република Југославија). Од 2003 таа била составен дел од државната заедница Србија и Црна Гора сè до распадот на истата на 3 мај 2006.

Географија и клима

Топографска карта на Србија.

Србија се наоѓа на крстопатот од централна, јужна и источна Европа, помеѓу Балканскиот полуостров и Панонската низина. Голем потенцијал во Србија има речниот транспорт. Иако не излегува на море, во Србија има околу 2000 колометри пловни реки и канали од кои најголем е Дунав-Сава-Тиса со кој се поврзува со Западна Европа, Јужна Европа и Источна Европа. Регионални речн и пристаништа се Белград, Нови Сад и Смедерево.

Северната третина од земјата се наоѓа во Централна Европа, додека источниот дел од Србија зазема дел од Влашката низина. Остатокот од земјата е прекриен со планински венци. Најголем врв во Србија е Ѓеравица.

Национални паркови на Србија се:

Политички систем

Зградата на српскиот парламент.

На 4 февруари 2003 година Сојузна Република Југославија одлучила да се ослабе соработката на заедницата што проследило со создавање на новата држава Србија и Црна Гора, додека пак оваа заедница довела до осамостијување на двете републики во јуни 2006 година.

Моментален претседател на Србија е Борис Тадиќ кој бил повторно избран на претседателските избори на 4 февруари 2008 година со освоени 50.5% од гласовите.

Парламентарните избори во Србија се одржале на 21 мај 2008 година кога победила коалицијата „За европска Србија“ со договор со останати помали партии и се сосставила владата на чело со Мирко Цветковиќ.

Денешните политики на Србија се поделени помеѓу европски ориентираните партии и националистичките партии. Има и предлози за повторно воспоставување на српската монархија, а при тоа членовите на кралското семејство изразиле интерес за тоа.

Административна поделба

Окрузите на Србија според признатата територија на ООН.

Србија е поделена на 24 окрузи плус Град Белград. Регионите понатака се поделени на општини. Во рамките на Србија опстојуваат две покраини, од кои едната има неодреден меѓународен статус. Војводина е едната покраина и има 7 окрузи и 46 општини, додека другата е Косово која прогласила своја независност од Србија, но нема целосно меѓународно признание. Прогласувањето на косовската независност се случила на 17 февруари 2008 година, но официјален Белград не ја признава. Само 50-тина држави во светот го признале Косово до 2009 година.

Остатокот од територијата на Србија се нарекува Централна Србија. Централна Србија не е административна единица и нема регионална влада.

Демографија

Етничка мапа на Србија според пописот во 2002.

Косово има 2.126.708 жители.

Србија (без Косово) in 2002
Срби
  
82,86 %
Унгарци
  
3,91 %
Бошњаци
  
1,82 %
Роми
  
1,44 %
Словаци
  
1,08 %
Германци
  
0,1 %
Други
  
9,79 %

Србите се најголема етничка група во државата, со значително малцинство како што се: Унгарци, Бошњаци, Албанци, Роми, Хрвати, Чеси, Македонци, Словаци, Романци и Германци. Пред Втората светска војна германското население во Србија било поголемо и имало над 500.000 Германци.

Според пописот во 2002 година, етничкиот состав на Србија е:

Етнички состав на Србија
Етничка група Население
Срби 6.212.000 (82.86%)
Унгарци 293.172 (3.91%)
Бошњаци 136.464 (1.82%)
Роми 107.971 (1.44%)
Југословени 80.978 (1.08%)
Хрвати 70.602 (0.94%)
Словаци 57.900 (0.89%)
Германци 5.200 (0,1%)
Други 474.323 (9.79%)
Вкупно 7.498.001

Војводина

Во Војводина живеат повеќе од 26 етнички групи меѓу кои: Срби, Унгарци, Словаци, Хрвати, Црногорци, Романци, Македонци (во југоисточниот дел на Војводина), Роми и други. Војводина има население од 2.031.922 жители.

Косово

Во Косово живеат претежно Албанци и мал број Срби, Босанци, Турци, Роми, Македонци (Горанци) и други. Вкупното население на Косово е 2.126.708 жители.

Религија

Црква Свети Марко во Белград.

Со векови во Србија биле присутни две големи религии, православие и католицизам на кои подоцна се додал и исламот. Србија е најшаренолика во религиски поглед. Така, во Војводина 25% од населението се католици или протестанти, додека Белград и Централна Србија се православни над 90%. Косово има над 90% муслимани. Најголема православна црква во Србија е Српска православна црква.

Србија (без Косово) во 2002
Православие
  
84,1 %
Католицизам
  
6,24 %
Ислам
  
4,82 %
Протестантство
  
1,44 %

Поголеми градови

Нови Сад.

Поголеми градови во Србија се: главниот град Белград (2.000.000 жители), Нови Сад, Ниш, Крагујевац и Приштина. Покрај овие, во приложение е листа на градови во Србија:

Град Население
Урбан дел Метрополитенски дел
Белград 1,576,124 1,710,000
Нови Сад 255,071 333,895
Ниш 236,722 252,131
Крагујевац 175,473 211,580
Суботица 99,471 147,758
Зрењанин 79,545 131,509
Лесковац 78,030 156,252
Смедерево 77,808 109,867
Панчево 77,087 127,162
Крушевац 75,256 131,368
Чачак 73,217 117,012
Ужице 63,577 83,022
Ваљево 61,035 96,761
Краљево 57,411 121,707
Шабац 55,240 122,893
Врање 55,052 87,288
Нови Пазар 54,604 85,249
Сомбор 51,471 97,263

Македонците во Србија

Во Србија живее и поголем број на Македонци, кои во покраината Војводина се признаени како национално малцинство меѓутоа не ги уживаат полните малцински права кои им следуваат, иако имаат можности за изучување на мајчиниот јазик и своја радио и телевизиска програма. Македонците во Србија најмногу се населени во Војводина (Качарево, Јабука, Зрењанин, Панчево) и главниот град Белград каде по последниот попис од 2002 година се попишани 8372 Македонци [1]. Македонците во Србија се организирани во своја македонска национална заедница на чело со Гојко Илиевски.

Економија

Централна банка на Србија.

Со БНП по глава на жител од 10.792 долари годишно Србија се смета за економија со среден развој. Странските директни инвестиции во земјата во 2006 година инесувале 5.85 милијарди долари, додека во 2007 година изнесувале 4.2 милијарди долари. Развојот на БНП се зголемил за 6.3% во 2005, 5.8% во 2006 и 7.5% во 2007 година.

На почетокот на транзицијата економијата на Србија била во застанување поради економските санкции од ООН и поради политиката која ја водела тогашното раководство на земјата. Во октомври 2000 година, власта на Србија ја реформирала економината на земјата и се осврнала кон трговија со ЕУ.

Официјална валута во Србија е српски динар.

Култура

Поради својата местоположба како крстопат во регионот, Србија во својата култура вклучува голем број на елементи од околните култури и поранешни големи империи.

Според „Енциклопедија на светската историја“ Србија е опишана како најзападноевропизиран народ од православните народи. социјално и културно.

Туризмот на Србија воглавно се состои од планинскиот туризам, селскиот туризам, еколошкит туризам и религиозниот туризам.

Референци

Надворешни врски

Општо

Видете исто така

Одредници од Србија
 Хрватска  Унгарија
 
 Романија
 Босна и Херцеговина
 Црна Гора
 Хрватска
С
З И
Ј
 Романија
 Бугарија
 Албанија Македонија Македонија
 
 Бугарија

Предлошка:Link FA