Северна Босна

Од Википедија — слободната енциклопедија

Босна и Херцеговина излегува на Јадранското Море. Самата држава се состои од две географски и историски целини: Босна која се наоѓа на север со околу 42 000 км2, и Херцеговина на југ. Државата е мала планинска земја. Главен град на земјата е Сараево со околу 500 000 жители. Од поголемите градови се издвојуваат: Бања Лука, Тузла, Мостар, Бихаќ, и други.

Босна (регион)

Историски и географски, регионот познат како Босна лежи главно на Динаридите, се движат кон јужните граници на Панонската Низина, а реките Сава и Дрина ги означуваат нејзините северна и источна граница. На јужниот дел граничи со Херцеговина.

Областа Босна се состои од приближно 41.000 км2 и ја зазема околу 80% од територијата на денешната Босна и Херцеговина. Нема вистински границите помеѓу регионите во Босна и Херцеговина, а, неофицијално, Херцеговина е на југ од Иван Планина.

Двата региона образуваат геополитички ентитет од средниот век, а името "Босна" најчесто се сретнува во историски и геополитички смисол како што обично се однесуваа на двата региона.

  • Северна Босна (1718-1739)Северна Босна, Кралството Босна (германски: Königreich Bosnien) или Дел од Кралството Босна (латински: Regni Bosniae Pars), била територија со која управувала Хабсбуршката монархија помеѓу 1718 и 1739 година. Со Пожаревачкиот мир во 1718 година, оваа област била одвоена од османлискиот босански пашалук и припоена кон Хабсбуршката монархија. Територијата ги опфаќала Семберија и Посавина, односно просторот покрај десниот брег на реката Сава. По Белградскиот мир од 1739 година, оваа област повторно станала дел од Отоманската империја, односно босанскиот пашалук.

САО Северна БоснаСАО Северна Босна (Српска автономна област Северна Босна) беше српска автономна област во СР БиХ. Постоеше од 1991 до 1992 година, кога се обедини со другите српски области во БиХ и ја формираше Република Српска. Главен град бил Добој.