Ѓеравица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ѓеравица
Gjeravica
Gjeravica Mountain Kosovo2656M from Fatos Katallozi.JPG
Ѓеравица
Највисока точка
Надм. вис.2656 м [1][2][3][4]
Истакнатост1018 м [5]
Заведена какоНајвисока точка
Географија
Местоблизу Дечани, Косово[б 1]
Матичен венецПроклетие

Ѓеравица (албански: Gjeravica) е втор највисок врв на планинскиот венец Проклетие кој припаѓа на синџирот Динариди, после Езерски Врв (Маја Језерца). Тој е највисок врв во Косово со 2,656 метри надморска висина. Ѓеравица се наоѓа во западниот дел на Косово, во општината Дечани.[6] До 20 век, Ѓеравица се нарекување Калуѓерица.

Национална важност[уреди | уреди извор]

Ѓеравица е највисок врв во Косово.[1] Од 1992-2006 година беше највисок врв во Федерална Република Југославија, а потоа и во Србија и Црна Гора.[2] До пред прогласувањето на независноста на Косово, Ѓеравица беше неспорно највисок врв во Србија.

Особини[уреди | уреди извор]

Ѓеравица е малку поразличен од останатите врвови на Проклетие, поради не толку карпестиот рељеф. Многу мали и големи леднички езера можат да се најдат близу врвот. Најголемо од нив е Ѓеравичко Езеро што е сместено веднаш под самиот врв и е извор на реката Ереник.

Ѓеравица и Проклетие се најпознати по костените, бидејќи тука растат во преголем број. Исто така, има и диви јагоди кои растат на овие предели во лето.

Географија[уреди | уреди извор]

Најблиски населби[уреди | уреди извор]

Најблиски врвови[уреди | уреди извор]

  • Кумулоре
  • Тропојске Плочице
  • Гури и Ѓате
  • Маја е Рамаруќит
  • Љоги и Прелш

Карпи[уреди | уреди извор]

  • Бига Тамас
  • Крши и Ќенит
  • Кумулоре
  • Крши и Зи
  • Гури и Маљ
  • Гурт е Љове
  • Брехов
  • Минарја

Галерија[уреди | уреди извор]

Референци[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „CIA World Factbook 2014: Kosovo“ (PDF). Central Intelligence Agency. 2014. конс. 5 April 2015. 
  2. 2,0 2,1 „CIA World Factbook 1999“. Central Intelligence Agency. 1999. конс. 5 April 2015. 
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ser-gov.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NTOoS.
  5. „Daravica, Kosovo“. Peakbagger.com. конс. 5 April 2015.  (англиски)
  6. „Local Development Strategy“. Municipality of Decan. February 2009. стр. 23. конс. 5 April 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>, или пак недостасува завршно </ref>.