Фрушка Гора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фрушка Гора
Фрушка Гора се наоѓа во Србија
Фрушка Гора

Фрушка Гора (унгарски Tarczal, латински Alma Mons) е острвска планина и Национален парк вo Срем. Најголем дел од Фрушка Гора се наоѓа во Војводина, додека мал дел е во источна Хрватска, Вуковарско-сремската жупанија.

Фрушка Гора се простире во должина од околу 75 -{km}- и ширина од 12 до 15 -{km}- и зафаќа површина од 255 -{km²}-. Фрушка Гора во 1960 година е прогласена за Национален парк.[1] Највисок врв е Црвени Чот (539 -{m}-).

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името „Фрушка“ потекнува од старословенскиот збор Фруг, синоним за Франките што дава значење на „планина на Франките“.

Природни карактеристики[уреди | уреди извор]

Фрушка Гора е островска, стара громадна планина. Највиок врв е Црвени Чот (539 -{m}-), а останатите значајни врвови се Стражилово (321 -{m}-), Иришки Венац (451 -{m}-) и Велики Градац (471 -{m}-).

Растителен и животински свет[уреди | уреди извор]

Долините и падините на Фрушке Горе се покриени со ливади и падини. На падините постојат овоштарници и лозја, а делови поголеми од 300 метри се пораснати со густи листопадни шуми. На Фрушка Гора се наоѓа најголемата концентрација на липи во Европа. Околу 700 видови лековити билки растат на оваа планина. Некои од животинските видови се: срна, елен, муфлон, ласица, дива свиња, куна, дива мачка, шакал, зајак, итн.

Култура[уреди | уреди извор]

Најзнацајниот споменик на културата на Фрушка Гора претставуваат шеснаесетте манастири на српската православна црква, распоредени по целата планинљ. Подигнати се како задужбини на српските владетели, откако во доцниот среден век под притисок на Турците, тежиштето на српското духовно и културно наследство е поместено на север.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фрушка гора национален парк