Копаоник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Копаоник
Pančićev vrh during winter.jpg
Највисока точка
ВрвПанчиќев Врв
Надм. вис.2017 м
Географија
Местоцентрална Србија
ПокраинаRS
Хотели на Копаоник

Копаоник — еден од поголемите планински венци во Србија. Сместен е во централниот дел на земјата со мал дел во Северно Косово. Највисока точка е Панчиќев Врв (2.017 м).

Ова е најважното скијачки центар во Србија, со вкупно 25 жичници со капацитет од 32.000 скијачи на час.[1][2] Во 1981 г. е отворен и националниот парк, кој зафаќа површина од 118,1 км2 и се наоѓа во средиштето на венецот.

Историја[уреди | уреди извор]

Во средниот век, Копаоник бил важен центар на рударството, особено меѓу Саксонците кои се занимавале со оваа стопанска гранка. Била развиена и трговијата со Дубровник.

На подрачјето на Копаоник има неколку стари цркви и манастири: Ѓурѓеви Ступови, Студеница, Сопоќани и Градац како и неколку тврдини. Најблиската средновековна тврдина е Маглич.

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Флората на Копаоник се карактеризира со голем број на автохтони видови растенија (бука, елка, смрча, тиса, неколку вида јавор, бор и даб). Фауната е исто така разновидна и се разликува од место до место, зависно од околината.

Национален парк[уреди | уреди извор]

Националниот парк Копаоник е основан во 1981 г. Има листопадни и зимзелени шуми и разни видови птици како еребицата камењарка, ќукот, сивото свраче и шумската чучурлига.

Националнипт парк е сместен на висорамнината Суво Рудиште, на надморска височина од околу 1.700 м и е опкружен со планински врвови. На север и северозапад од висорамнината се протега Бањски Копаоник, каде се наоѓа Јошаничка Бања. Веднаш под висорамнината започнува живописната долина на Самоковска Река, со карактеристична накосеност, бројни слапови и клисури. Копаоник има преку 200 сончеви денови во годината и преку 160 дена снег.[3]

Скијачки центар[уреди | уреди извор]

Копаоник
Хотелот „Небеске Столице“ на Копаоник
Хотелот „Небеске Столице“ на Копаоник
МестоКопаоник, Србија
Најблизок градБрус
Координати43°16′9″N 20°49′21″E / 43.26917° СГШ; 20.82250° ИГД / 43.26917; 20.82250
Надм. вис. (најгоре)2.017 м
Надм. вис. (најдолу)1.770 м
Скијачка површина70 км
Најдолга патека3,5 км
Жичници28 (кабински за 8 лица, 3 големобрзнски клупи за по 6 лица, 7 високобрзински клупи за по 4 лица, 2 двојни клупи, 11 површински влечалки за возрасни и 3 за деца)
Носивост на жичниците32.000/час
ПорталinfoKOP

Туризмот на планината е од претежно спортски карактер. Преовладуваат зимските спортови како скијањето и скијањето на даска, но застапени се и други спортски активности како тенисот. Има голем број сместувачки капацитети, кафетерии, барови и ноќни клубови.

Има 28 жичници, со 70 км скијачки патеки од сите категории. Од Брзеќе до скијачкиот центар води кабинска жичарница.[4]

Превоз[уреди | уреди извор]

Копаоник е добро поврзан со главните патишта во Србија. Туристичкиот центар во средишниот дел е поврзан со Ибарската магистрала, а најблискиот меѓународен аеродром е „Константин Велики“ во Ниш. Недалеку од центарот има и јавно хеликоптерско слетувалиште.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Kopaonik". Skijanje.hr. конс. 2013-09-16. 
  2. "Turistički centar Kopaonik". Tckopaonik.com. конс. 2013-09-16. 
  3. "Turistički centar Kopaonik". Tckopaonik.com. конс. 2013-09-16. 
  4. [1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]