Маглич
Тврдина Маглич | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Кралево |
Земја | Србија |
Маглич — тврдина која се наоѓа во близина на градот Кралево, Србија. Тврдината се наоѓа на врвот од брдото, во близина на реката Ибар. Тврдината била изградена во почетокот на 13 век во времето на српскиот крал Стефан Првовенчани, со цел да се одбранат териториите околу тврдината. По заземањето на тврдината од страна на Османлиите, тврдината го изгубила своето значење.
Целиот комплекс се состои од осум кули и две капии, кои меѓусебно се поврзани со ѕид, и опфаќаат вкупна површина од 2.190 метри. Од трите страни на тврдината се наоѓа реката Ибар, додека од четвртата се наоѓа т.н. североисточен крај кој содржи шанец пресечен од карпа. Зад шанецот се издига првата кула (Донжон). На југозападната страна се сместени напоредно три кули, кои го контролираат патот на реката Ибар. Во тврдината се влегува преку првата капија која се наоѓа на северниот дел, помеѓу првата и втората кула, додека вториот влез се наоѓа кај третата кула.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Дероко, Александар (1950). Средњевековни градови у Србији, Црној Гори и Македонији. Београд: Просвета.CS1-одржување: ref=harv (link)