Прејди на содржината

Алаџа Хисар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алаџа Хисар
Карта
Општи податоци
ГрадКрушевац
ЗемјаСрбија

Алаџа Хисар или Шарен Град — тврдина во Крушевац, Србија. Позната и како Град на кнез Лазар[1]. За првпат тврдината се споменува во 1381 година, и се смета дека била подигната од Цар Лазар или пак истата била проширена од него. По Косовската битка, градот заедно со тврдината биле заземени од страна на Османлиите, но по кратко време Србите повторно ја вратиле во свои раце. Царот Стефан Лазаревиќ со Србија упрвувал до 1405 година од Крушевац, кога престолнината била префрлена во Белград. Но, градот не го изгубил своето значење ако се има предвид дека во 1413 година деспотот овде се состанил со Мехмед I. Во следните години следувале борби за освојување на градот, а конечно во 1437 година тој бил заземен од страна на Унгарците. Во 1454 година, градот го освоиле турските Османлии, кога градот се нарекувал Алаџа Хисар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Monuments of Culture in Serbia